Среда, 15 Јули 2009   
Тодор Александров

aleksandar_panev
Александар Панев

Историчноста на името и делото на Тодор Александров беше загатка на повеќе историографии и историчари.Неговата контрозерзност беше продукт на епитетите и квалификациите што доаѓаа,пред се, од непријателите на Македонија и на слободата на македонскиот народ.Меѓутоа, мора да се каже дека во дводецениската револуционерна и лидерска дејност името на Тодор Александров стана „синоним“ на ВМРО и главен „организатор и душа“ на организацијата.Едни го нарекуваа: „генијален водач“, „најголем воин на Балканот“, „фанатичен патриот“, „најсилна појава на борбениот македонски дух“, „Последен Мохиканец на Балканот“, „Робин Худ на Балканот“, „голем апостол“, и „легенда“на ВМРО, додека за други беше: „врховист“, „предавник на македонското дело“, „родоотпадник“, „главорез“ и сл. И покрај се, во народните песни остана опејуван како „единствен борец за слободата на Македонија“.

Историчноста на името и делото на Тодор Александров беше загатка на повеќе историографии и историчари.Неговата контрозерзност беше продукт на епитетите и квалификациите што доаѓаа,пред се, од непријателите на Македонија и на слободата на македонскиот народ.Меѓутоа, мора да се каже дека во дводецениската револуционерна и лидерска дејност името на Тодор Александров стана „синоним“ на ВМРО и главен „организатор и душа“ на организацијата.Едни го нарекуваа: „генијален водач“, „најголем воин на Балканот“, „фанатичен патриот“, „најсилна појава на борбениот македонски дух“, „Последен Мохиканец на Балканот“, „Робин Худ на Балканот“, „голем апостол“, и „легенда“на ВМРО, додека за други беше: „врховист“, „предавник на македонското дело“, „родоотпадник“, „главорез“ и сл. И покрај се, во народните песни остана опејуван како „единствен борец за слободата на Македонија“. 

Неговата фотографија, на прославите и свеченостите на македонските емигрантски организации и братства во Бугарија во меѓувоениот период, секогаш го заземаше централното место, како неизбежна иконографија, далеку пославен и од Гоце Делчев.Меѓутоа, мора да се признае, а тоа историските документи и го потврдуваат, дека по наредба на Тодор Александров се убиваа министри, партиски лидери и политички противници на ВМРО, се заплашуваа со смрт кралеви и претседатели на влади, се ослободуваа и окупираа градови и села.Во својата политичка програма да се дојде до слободата на Македонија Тодор Александров соработуваше од крајно рекционерни-буржоски до прогресивно-комунистички движења и партии и секогаш диктираше и поставуваше свои услови и барања.

Улогата на Тодор Александров во македонското револуционерно движење во македонската историја беше верифицирано одамна. Нашите „ангажирани“ историчари, кои го држеа монополот на историската вистина, не дозволуваа воопшто да се изврши преоценка на нивните идеолошки сознанија и оценки за личноста и делото на Тодор Александров, и покрај тоа што неговото политичко поведение до Првата светска војна беше на македонските државни и политички позиции.И денес, кога нашироко ни се достапни светските архиви, кога повеќе од една деценија се отворија фондовите на Македонско револуционерната организација и на нејзините лидери, идеолози и раководители во државните архиви на Р.Бугарија, се уште нашите историчари доследно опстојуваат на наследените тези и сознанија и препознатливи тафтологии за Тодор Александров.       

Овие наши „научни“ работници, станаа и академици, но не го научија основниот метод на историската наука, а тоа е да ги употребуваат документите од „прва рака“, односно што пишувал и што мислел Тодор Александров во своите писма и во окружните писма на ЦК на ВМРО за себе, за политичката програма на ВМРО, за проблемите на решавањето на македонското прашање и сл.

Ним, се уште им се примарни документите од „втора рака“, или поточно на неговите идејни противници, што пишувале или изјавувале за неговата личност и поведение.       

А што вели Тодор Александров за себе, за карактерот, целите и задачите на ВМРО и какви мерки преземал за зачувување на редот и дисциплината во организацијата, изворно ќе видиме од преписката со неговите соработници и од окружните писма на ЦК на ВМРО, напишани и потпишани од него. Појавата на Тодор Александров во македонското револуционерно движење најпластично го забележал великанот на организацијата, Даме Груев. Во навечерието на неговото последно заминување за Македонија, во декември 1906 година, тој му се исповедал на еден негов соборец: „Во редовите на организацијата влегуваат нови,свежи сили, кои ќе ги надминат своите учители.Меѓу многуте, ќе го споменам името на само еден од нив: тој е Тодор Александров-слабото даскалче.На изглед никој не би се посомневал дека во таа женствена надворешност се крие револуционер по душа, одличен организатор со цврст карактер и челична волја.Скромен, разумен и тактичен, познавајќи ја одблиску народната душа и болка, тој доминира на народните маси.Строг, пред се кон себеси, тој е роден за народен водач.На него се полагаат големи надежи„.........

Ова е само уводот во книгата на Зоран Тодоровски за големиот Надвојвода Тодор Александров во наредното електронско издание на Македонска Нација ќе напишеме и дел од писмата до ЦК на ВМРО и окружните чети.
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.