Среда, 01 Септември 2010   
Историјата ни се повторува
gordana-dimovska
Гордана Димовска

Македонци од сите делови на Македонија, денес се надвор од Македонија, и од ‘свои на своето‘ станавме ‘туѓи на туѓото‘ . Го понесовме сето она со кое не задои нашата мајка Македонија. Обременети со минатото, соочени со нова реалност во туѓа земја, Македонците во иселеништво претставуваат ‘јак спој‘ на Македонија со светот. Секогаш со почит на нациналните белези успешно ја промовираме родната Македонија и очекуваме ‘подобро утре‘.

Горди сме на нашето минато, на нашите херои кои ги дадоја своите животи за слободата на Македонија, на нашите претци кои ги чуваа македонските национални белези и под тешкото ропство, туѓи влијанија, окупации и делби. Затоа постојат значајни датуми од нашето минато кои не поттикнуваат и обврзуваат. Многу светли датуми од нашата историја , многу значајни дати кои не треба да ги забораваме затоа што не обврзуваат да го расветлиме нашето минато, да ја зачуваме Македонија.

Меморандум за независност на Македонија и географско етничка карта подготвена од Димитрија Чуповски, биле испратени до Конференцијата на претставниците на големите држави во Лондон. Тоа се случило на 1 март 1913 година и во Меморандумот стоело: ‘Европа е готова да ја направи истата грешка што ја направи во 1878 година. Наместо Македонија да се прогласи за самостојна држава, нејзините ослободители решија да ја разделат меѓу себе.Македонците го извојуваа правото на самоопределување и низ целата своја најнова историја...Сега во Македонија царува ужасен терор, ‘слободата‘ на сојузниците нема граници, никој од Македонците нема право да отпатува од Македонија во странство за да протестира кај европските држави. Кој ќе се обиде да го стори тоа, него или го убиваат или го ставаат в затвор. На македонскиот народ му е потребно да во своите географски, етнографски, историски, и економско-политички граници, остане единствена, неделива, независна балканска држава‘.

Срамниот Букурешки договор ( август 1913 година) кој денес е неважечки а ние се придржуваме на тоа што е напишано, донесе не само териоторијална поделба туку и тешки последици за македонскиот народ. Букурешкиот договор е во директна спротивност со новонастанатите ситуации во 1944 година кога Србија, како една од земјите потписнички на договорот, ја призна Македонија како самостојна држава.

А јужниот сосед, го призна и потврди постоењето на македонското малцинство во Грција на Балканскиот конгрес во 1929 година. Е. Венизелос, како тогашен премиер на Грција, вети дека лично ќе се заложи за задоволување на правата на тоа малцинство. Факт е и тоа дека ОН и Атина во 1977 година потпишаа Резолуција за стандардизирање на географските имиња. Во делот на Резолуцијата јасно било наведено македонското кирилично писмо и азбука. Значи тогаш немаа проблем со македонскиот јазик ни едните ни другите. Напротив со потпишаниот документ се докажа дека сме признати како народ со свој Македонски јазик и име.

Денес сосема друг тек на настаните. Упорно се преговара, или разговара, не знам кој термин се употребува сега, за да се сменело и името. Како ништо да не ни значи тоа. Апсурдно и незамисливо.

Зарем ќе се дозволи сите победнички белези да бидат покриени со покривот на заборавот.Многу договори, декларации потпишани и со тоа ставени печати на македонската судбина.Тие историски неправди не не поучиле туку останала таа рамнодушност,индиферентност и голема слабост на попуштање пред туѓите барања, па и на сметка да се изгуби идентитетот.

Како последица на тоа, денес ‘успешно‘ сме поделени на секоја основа, црковна, политичка, културна, просветна, научна итн. Дојде време да се пазиме кој во која организација е влезен, на која партија и припаѓа, дали е од страна на МПЦ или приватните цркви, дали е словенски, југословенски, грчи или бугарски насочен, па да знаеме како да го ‘турнеме‘.Па така секој од секого се плаши. Никој на никого не верува и настанува изолирање на самата група, асоцијација,додека одредени поединци-активисти водат своја замислена шема во која никој друг не може да влезе ако не мисли така.

Дали намерно се креираат нерешливи ситуации, конфликти, меѓуетничка нетрпеливост, апсурдни преговори за име и што ли уште не. Така се создаваат услови и поводи за трајно нерешена ситуација, за вечен ‘’ќорсокак‘ на Македонија. Како да е доволно само да се постои, како да е доволно само да се нарекуваме Македонци, да се израдуваме ако некои странски патописци, историчари зборуваат за нас, или не спомнуваат во весници, енциклопедија или странско тв шоу, и да чекаме да ни се случи чудо.

Ако ни беа проблем порано поробувачите, окупаторите, каде да го бараме кривецот денес? И така, иако духовно издигнати, со зачуван јазик и непроценливо културно богатсво, дозволуваме се да ни одлета од раце. Се закопавме во проучување на нашата вистинска историја, во откривање на вистински факти, документи за Македонија, како се уште да му должиме некому да му докажеме кои сме.

Македонија постоела и ќе постои, македонскиот народ нема да дозволи нејзино понатамошно обезличување.

Стоп на преговори, името е повредно од се!
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.