Среда, 01 Септември 2010   
Квазиновинарството - краста на демократијата
Alexander_the_Great
Aлександар Македонски

Не можам повеќе да ги слушам изјавите и повиците на одредени квазиполитичари, квазиновинари и здруженија од типот „едвај се собравме„, кои секојдневно се жалат како некој од десницата ги нападнал сиротите новинарчиња за нивното несозреано и непрофесионално известување. Веднаш скокаат со плачење и жалење како некој им ја нарушува слободата на изразувањето, им ги крши новинарските права, па се закануваат дека плачките и до Брисел ќе стигнеле. А всушност, со изливите на отров, гнасотии и отсуство на елементарна граѓанска пристојност и професионално достоинство што новинарот го прават новинар, се срамот за новинарската фела! Да не бидам сфатен погрешно, во изминатите дваесетина години од постоењето на македонската демократија и плурализам, се профилираа и новинарски кадри и медиуми достојни за почит, кои со своето професионално работење дадоа огромен придонес во објективното информирање и анализирање на македонските општествено-политички прилики. Знаеја да се носат со предизвиците кои ги раѓаше времето, знаеја и да искритикуваат и нападнат, но со веродостојни тези и аргументи, без деградација на фелата која ја претставуваа. Жалам што овој коментар го посветувам на оној другиот дел од новинарската номенклатура, кој никако не може да се подведе под именителот на објективност и веродостојност. Напротив, тоа е крастата не само на македонското новинарство, туку и на македонската демократија. И тој дел го раздвојувам од здравиот дел на македонските новинари, кои неспорно ги има денес.

Е, па господа или другари, за вистината и за правдата никој не е недопирлив. Ниту судиите, оние од Уставен, кои како марионети во рацете на оние кои ги поставиле на тие места, го прокоцкаа својот кредибилитет и згазнаа врз авторитетот на Уставниот суд -  фактички погазувајќи ја со тоа и заклетвата што ја дале при преземањето на таа возвишена должност. Ниту новинарите, оние кои секојдневно ја одработуваат стратегијата на левите математичари. Премногу буквално сте го разбрале поимот демократија. Точно, таа нуди широки рамки на слобода, рамноправност и самоизразување без цензура, но истовремено бара и нуди одговорност за тоа што е кажано и напишано. Немојте да се криете зад свилениот фустан на демократија оти проѕирен е. Има ли некој во државава понападнат и покритикуван од македонската партија во власта и нејзиниот претседател токму од истите тие новинари ? Зборувате и се жалите на притисоци, а вие сте тие кои гаѓате со се и сешто, вие сте тие што со секакви средства се обидувате да го отруете македонското ткиво. После, Владата ги контролирала медиумите, а секојдневно истите работат на нејзино рушење.

Пишувањата од типот дека опозицијата не смеела да зборува и да ја критикува власта, дека била замолчувана, не само што не држат вода, туку претставуваат безобразна злоупотреба на новинарската професија во името на одредени интересни групи, кои работат на демакедонизирање и демонизирање на оваа држава. Провидни се овие шаблони со кои секојдневно ги полните нарачаните колумни во т.н. независни медиуми. Да простите, но кога ќе ги прочитам Вашите новинарски творби, на крајот очекувам да биде запишано името на некој опозиционен портпарол или фиктивен потпретседател.

Обидите по секоја цена да се урне партијата од власта и да биде заменета од оние кои ја преораа Македонија долж и попреку цели дваесет години, траат подолго време. Премногу Ви пречи застанувањето на државата на здрави нозе, изградбата на цврсти темели кои значат долгорочен опстој. Свесни сте дека досега немало власт со толкава доверба од јавноста како оваа, немало никогаш досега, па панично применувате сценарија кои треба само да ве вратат на тронот, а дали со или без зачуваните интереси на државата, за Вас не е битно.

Се уште Ви пречат имињата на големите Македонци, Ченто, Брашнаров, Шатев, Богдановски...да не набројувам, оти од некои предците им ги згаснаа животите. Одминувате покрај спомениците кои гордо се исправија на плоштадот во Скопје, оти се плашите мермерот и бронзата да не Ви прозборат, вперениот прст на Ченто да не Ве погоди.

Ви пречат сите прогресивни и автентични македонски сили во државата, кои работат за доброто на граѓаните. Ви пречат основоположителите на партијата што го продолжува делото на славните Илинденци, Ви пречат оние кои во матното време од почетокот на деведесетите години на минатиот век, животите на коцка ги ставија за оваа Македонија. Постојано обиди за дискредитација на бројни политички личности од десницата во изминативе три години. Бидете убедени дека нема да успее идејата за уништување на партијата, како основоположник на чистата македонска мисла. Се додека  размислуваме македонски и живееме за Македонија, со Македонија и во Македонија, се дотогаш Вашите концепти ќе доживуваат дебакл.
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.