Среда, 25 Август 2010   
Грција е свесна дека можеме да ја победиме со историјата
Alexander_the_Great
Aлександар Македонски

Македонија е свето име. Тоа е нешто повеќе од обичен географски поим, повеќе од топоним, повисоко од држава, посилно од национална свест и идентитет. Сквернавењето на македонството е грев, чин против Бога, узурпација и фалсификат на Светото писмо. Македонија е највозвишеното парче на Балканот, најлегендарното име од светската историја. Затоа денес со полно право стоиме во неговата одбрана, го чуваме од злобните сили кои со векови се борат да го растргнат и да го фрлат на буништето на заборавот. Неговото постоење и наше право не само на коистење, туку и на живеење, е дел од нашиот дух, нашата вера, нашата мисија пред Господ Бог.

Помина времето во кое се молчеше, периодот во кој заради голата егзистенција самите го искривоколчувавме нашиот корен. Секој Македонец по род е должен барем збор, барем реченица да каже во одбрана на она што навистина е. Не плашете се, не бојте се. Не се проклетите грчки пари со кои сакаат да не разнишаат повредни од крвта во нашите жили, не се пасошите од истокот достојни да се споменуваат, кога се своевиден чин на понижување и предавство на дедовиот аманет. Нештата конечно треба да се кажат со вистинскиот збор, без двоумење, без страв дека ќе навредиме или понижиме некого. Душманите и одродниците треба да го почувствуваат столбот на срамот, јавно и безобразно.

Историјата не е само минато, не се само куп хартија со која ќе ги учиме новите генерации што се случувало во периодот што е зад нас. Историјата е мајка на иднината, основа на постоењето, тло на кое може цврсто да се гази. За Македонија е важна иднината, развојот и просперитетот, но важно е и древното минато. Повиците на Папандреу, Друцас  и останатата грчка свита, да се откажеме од нашата историја и да се свртиме кон иднината, доколку сакаме вистински живот е повеќе од уцена. Не. Грција е свесна дека можеме да ја победиме со историјата. Ако е Атина во право за она што го зборува околу нашето потекло, зошто тогаш се плаши од историските факти ? Зошто свесно ги крие показателите кои се однесуваат на македонството? Ги крие затоа што не одат во нејзин прилог. А, фактите се безбројни, аргументите не се добројуваат.

Грција има славно минато. Тоа е точно. Грците се навистина древен народ. И тоа е точно. Но, само од Солун надолу, само под македонската територија, во карпите околу и под Атина. Докажано е и покажано е до каде од секогаш била грчката држава, што приграбила, што асимилирала и дискриминирала, што уништила. Нема многу позитивни белези во историското и во денешното општење на Грците. Едноставно, таму демократијата е само теорија, цивилизациското живеење е обична утопија. Чудно е само како една таква недемократска држава можела да стане член на највлијателните светски институции, НАТО и ЕУ. Доколку денес Грција, со такво општествено однесување би се борела како кандидат за влез во овие установи, веројатно дека би била во ситуација да не може да потпише ниту договор за Стабилизација и асоцијација, а не пак нешто повеќе.
“Грција е обврзана да ја нарекува Македонија со уставното име и покрај договорот од 1995 година помеѓу двете држави. Македонија со потпишувањето на таа привремена спогодба, во која се согласила дека ќе преговара за името, се откажала од правото да бара од Грција да го прифати името врз основа на обичајното право, но тоа не било по нејзина волја. Сепак, според народното обичајно право, Грција има обврска наскоро да го прифати уставното име, зашто таа со својата политика доведе до таква ситуација во која Мкаедонија беше вовлечена во преговори за името. Од меѓународен аспект позициите на Грција не се разбирливи, бидејќи треба да докаже дека Македонија специјално е наречена под тоа име само за да и наштети на Грција. Според мене, тоа не е случај. Ознаката Македонија за словенскиот народ, таму е прашање на идентитетот. Тие се чувствуваат како Македонци и затоа се нарекуваат Македонци, а не за да и наштетат на Грција. Во историјата досега имало само еден случај да не биде прифатено име на држава, а тоа е случајот од 1918 година со името Германо-Австрија, поради јасни територијални претензии кон Чехословачка”.

Томаш Милеј, професор на Правниот факултет во Келн
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.