|
|
| Македонскиот непокор посилен од се! |
„Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот“![]() Гордана Димовска Македонскиот народ има долга и бурна историја. Постојано во борба за свое ‘место под сонцето‘, за национална слобода, за самостојност. Македонија како да водеше вечна борба меѓу темнината и светлината и која секогаш се пренесуваше од една на друга генерација. Секоја генерација се бореше под различни услови и околности, но и со различни судбини. Целта на сите им била иста – слобода за Македонија, како заедничка, обединувачка алка за сите генерации. Безмилосно се спроведувани најразлични методи на уништување на националната свест за самостојност. Но ни тогаш македонскиот народ не потклекна и не се помири со тирании, ропства, окупации. Секогаш се бореше за своја национална слобода,да го сочува идентитетот,јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна. Денес треба посебно да го потенцираме тоа што македонскиот народ никогаш немаше претензии за освојување на територии како што тоа го прават нашите соседи. Напротив, секогаш се борел и се бори за да си го зачува својот идентитет и да го заземе заслуженото место во Европа и светот. Јужниот сосед со помош на меѓународните и домашни лоби групи, поддржувачи, направи успешна пропаганда за креирање поинаква слика за нашето историско минато. Се уште се упорни во својата намера да го уништат државното и национално име и да ја прекројат историјата. Доказ за македонскиот непокор се востанијата на петар Делјан (1040) , Ѓорѓи Војтех (1072), самостојните управи на Добромир Хрс (1185-1202) во Струмичко, на Алексиј Слав (1207-1230) во Мелничко и на Стрез (1207-1214) во Централна Македонија. За време на долгото робување под Отоманската имерија, пред и после тоа, македонскиот народ давал неоружени и оружени отпори, но тука била и Мариовско-прилепската буна и другите непокори,, појавата на ајдутсвото, Карпошово востание, Негушкото востание, црковно-просветно-културни борби на македонската чаршија во 18 и 19 век, Брсјачката буна, Кресненското, Разловчекото и Илинденското востание. Активно учествуваше и во Балканските војни, во Првата светска војна, во борбите на другите народи за своја слобода и државна самостојност, иако некои од нив и денес не не признаваат. Од сите овие горенаведени настани, очигледно е дека македонскиот народ се бори во континуитет. Денес не треба да бидат заборавени ниту жените – борци за кои слободата значеше повеќе од својот живот. И ако некој залужува посебно место во историјата на Македонија, тоа е Мирка Гинова . За неа и нејзината мисија се располага со многу оскудни податоци за јавноста. Мирка Гинова е родена во с. Русилово , Воденско, Егејска Македонија во 1923 г. По занимање била учителка. Таа во Македонија представува симбол на храброста и смелоста на македонските жени. Денес во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име. Како на пример државниот ученички дом за средношколци и студенти во Битола, каде постои и нејзин споменик. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Таа, заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот, за демократија и слобода. Мирка била заробена на 8 јули 1946 година заедно со деветмина други бандити, во близина на селото Едеса.Таа беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. На 28 години (18 јуни, 1946) е осудена на смрт со стрелање, кој чин го воздигна во чин на родострастие. Народот ја опеал нејзината смрт, а повеќе македонски поети на Мирка и посветија потресни стихови. Таа загина во одбрана на честа и за слободата на својот народ. Достоинствено, храбро, рамо до рамо со своите соборци, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и куршумот ја избра бесмртноста. Грчката поетеса Рита Вуми Папа, потресена од нејзината погибија и смртта на безбројни нејзини соборци од редовите на македонското народно движење на отпорот, но и восхитена од нивното херојско држење пред чинот на егзекуцијата, и посветува една песна во збирката ‘Илјада стрелани девојки‘. За чинот на самата егзекуција постои единствено сведоштво, најверојатно од истиот воен известувач што присуствувал на судењето и на извршувањето на пресудата. Истиот и ја објавил веста во атинските весници. Тој, во анонимното писмо до таткото на Мирка, Коста Гинов, пишува: ‘Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните., смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 и се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност.А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас, еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка‘. Мирка Гинова е прва жена стрелана во Грција за политичка вина. Спомен биста на македонската хероина Мирка Гинова е подигната во Алејата на паднатите борци од НОБ, кај Градското шеталиште во Битола во 2006 г. Бистата ја изработи Драган Поповски-Дада, академски скулптор. Благодарност за испратените податоци во оваа статија од Доне Димов – Канбера. |















