Среда, 25 Август 2010   
Македонците и турците здружени во борба за зачувување на името
mane
Мане Јаковлески

Во текот на дводеценискиот спор со Грција, која го оспорува македонскиот идентитет и правото на користење на името, пред светот  Македонија многу малку направи за лобирање на своето свето и неприкосновено право на името Македонија. Напротив под континуираните блокади од страна на нашиот јужен сосед, па дури и закани со војна, таа мораше да направи повеќе остапки меѓу кои да го промени своето знаме и да прифати да стане членка на ОН под референцата ФИРОМ. 

Во докажувањето на своето право за идентитетот и името Македонија, земјата многу малку ги користеше своите искрени пријатели,  како и својата дијаспора и нејзините влијателни сонародници кои живеат насекаде во светот. Некординирани и без помош на матичната земја, македонската дијаспора неможеше да и парира на многу повлијателната грчка дијаспора, посебно во Америка, каде поткрепена со големи парични средства од матичната земја во континуитет лобираше против Македонија.

Во последно години, работите драстично се изменија. Македонија и даде целосна подршка на својата дијаспора, а Обединетата македонска дијаспора (ОМД),  започна со поинтензивни активности во процесот за лобирање во своите средини. Тие превземаа низа акции како би и помогнале на својата матична земја за да го зачува своето име и идентитет. Како помала дијаспора од Грчката, а со тоа и помалку моќна, Македонците се здружија со Турците во Америка за заедничко информирање на јавноста и функционерите за проблемите на Балканот. Здружувајќи се заедно тие стануваат посилен и помоќен глас во ширењето на вистината за настаните на Балканот.  Како што вели Линкен Мек Керди, претседателотт на Турската коалиција во Америка:  „Сакаме да му порачаме на Конгресот дека е потребен балансиран дијалог, а не автоматски заземање на ставот на една страна, односно, да бидат слушнати сите страни и да не ја толкуваат историјата од аспект само на една страна. Македонските, грчките, турските и ерменските иселеници имаат нешто заедничко - сите се американски граѓани и треба да ги уживаат истите права“

За исполнување на овие цели Македонската дијаспора  и Турската коалиција во Америка формираа стратешко партнерство. Планираат до крајот на годинава да издадат брошура за присилните прогонувања на луѓе од територии на Балканот од средината на 19-от до средината на 20-от век. Посебен дел во брошурата ќе биде посветен на Македонците кои се присилно протерани од територијата во Северна Грција.  Како што вели Линкелн Мек Керди, време да се стават сите карти на маса и да се прашаат американските функционери - ако признаваат еден геноцид врз Ерменците, зошто не ги признаат и останатите врз другите народи? 

Во тој контекст, во тридневна посета во Македонија, а во организација на Обединетата македонска дијаспора, допатува делегација од 18 високи советници на американски конгресмени. Заедно со американската делегација, допатува и претседателот на Турската коалиција на Америка, која целосно ја спонзорира посетата во Македонија,  Во текот на посетата, советниците кои најмногу се интересираа за името, ги добија искрените одговори на она што е направено досега и што се прави сега,  за да можат да видат како би можеле да и помогнат на земјата.

За време на нивниот престој во Македонија, отвореното изнесување на вистината и можностите на македонските институции пред советниците на американските конгресмени, кои ги пишуваат резолуциите и законите, а кои подоцна ги подржуваат и поднесуваат, стана предуслов за да може да и се парира на јаката грчка дијаспора која има моќно лоби помеќу американските конгресмени.

Затоа при средбите на министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Зоран Коњановски со американско-турската делегација, во отворен разговор посебно беа  нагласени добрите пријателски односи меѓу Македонија и САД и одличната соработка на АРМ и Националната гарда на сојузната држава Вермон. Притоа, потенцирајќи ја големата благодарност за континуираната и безрезервна поддршка на САД за Македонија.  пренесени се и очекувањата на македонската јавност за позасилена поддршка и отворено лобирање од САД во рамките на НАТО - за добивање на покана за членство на Македонија во Алијансата.

Според  претседателот на ОМД, Мето Колоски оваа посетата е во контекст на резолуцијата усвоена на јунскиот конгрес на ОМД, со која иселениците од Македонија го поддржуваат членство во НАТО и во ЕУ, но бараат зачувување на името и идентитетот. Дијаспората до есен не планира да поднесе нова резолуција, бидејќи во Америка има избори за претставници во Конгресот, а периодот ќе се искористи за лобирање за членство на Македонија во НАТО.

Посетата на советниците на американските конгресмени, како и на претставниците на Турската коалиција на Америка и други преставници од биснис сферата на Турција, е од исклучително значење за Македонија. Се создаваат услови за лобирање и делување во повеќе сфери кои ќе го олеснат патот за влегување на Македонија во НАТО и ЕУ. Истовремено овие средби се многу значајни и за македонските и турските иселеници во САД, кои ќе можат подобро да се организираат и да му парираат на грчкото и ерменското лоби, а САД ќе можат само да ги охрабрат Грците и Македонците да го решат проблемот и да одат напред

А време е веќе еднаш за секогаш  да се отврли референцата ФИРОМ, затоа што ние не сме поранешни, ние сме тука сегашни и идни генерации Македонци, кои живеат или потекнуваат од Македонија. Тоа име ќе остане, без разлика колку некој да се труди тоа да го смени или да го избрише идентитетот на народот. Името Македонија не се изгубило ниту за време на Римјаните, Византиците, Отоманската империја, кралството СХС и Југославија, ниту ќе се изгуби во иднина. Затоа ваквите инцијативи како што ги презема Обединетата македонска дијаспора и Турската коалиција од Америка, кои потекнуваат од земја која добро ја познава македонската историја ,се од исклучиво значење за ширење на вистината во борба за зачувување на македонскиот идентитет и името на земјата, Македонија. Заеднички и здружени со пријателските земји Турција, САД и други земји пријателски настроени кон нашава гржава, со искрени намери можат да се надминат сите пречки кои се надвиснале над македонскиот народ.
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.