|
|
| Како квислинзите тажат кога ќе ги совлада тага |
(Повод: Колумната „Кога понекогаш те совладува тага - има причини за тоа“ на Љубомир Д. Фрчкоски во Дневник од 17 август 2010 година)![]() Тодор Петров Кога Бранко, Љубомир, Виктор и Јани ... кашлаат, нивните трабанти Жарко, Славко, Бранко и Ерол ... (секоја случајност не е намера на авторот, туку фантазија на читателот) по правило имаат дијареја во боја, јавноста треба да се фарба. Така функционира ТАА фабрика, така работат нагоните на овие „некастрираните“ (во умот). Они мислат дека нивната оргија е екстаза за нацијата, иако се прскаат самите, бидејќи се сами и еден до друг. Они мислат дека нацијата ја „посрале“, ама подалеку од септичката јама (два на два), во која сите заедно пливаат (кој подлабоко, кој на површина по воздух, па пак заедно во длабочина) не отпливале. Народот вели: караванот си оди, кучињата си лајат. И се’ така, додека не пцовисаат. Закони на природата. Таа пошаст, почитувани мои, неповратно заминува од Македонија, неповратно транзитира цели 80 години од Белград према Бутел. Така нацијата се прочистува, тоа мили мои е процес! Оти, гемиџии (од кои Жарко се жари) денес нели нема, освен оние бронзените до Камени?! Во историското ВМРО предавниците ги ликвидирале, денес елиминацијата е пософистицирана: ги чекаме самите да умрат или во јабана да заминат, та засекогаш да ги снема. Порано, по порачка на Киро, еден писател, за милата ни дијаспора велеше: заминале, се асимилираат во општествата каде живеат, да даде Господ што побргу да изумрат, никогаш повеќе да не ни се вратат и да не ни се мешаат (во атарот им де, во Македонија, оти сами да командаат, да крадат и убиваат, и пак сите, ОНИ да ги спасуваат). Фронтменот на булументата во залез, Љубомир (од куртоазија: Д со точка) Фрчкоски, во 2005 година во расправа за државното име Македонија вели дека: „Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во ОН под уставното име.“ Според неговите толкувања на Привремената спогодба, „Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот - што, всушност, е и грчката тактика.“ Тој смета дека „во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, „Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.“ Која е поената? Основата на барањето на Елада за промена на државното име Македонија е легализација на грчката окупација и геноцид врз македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година до денес! Д со точка Фрчкоски како достоен квислинг кој отворено работи за грчките интереси како што самиот вели, кулминира: „Ние не можеме нашата меморија да ја сведеме на меморија на рани и страдање (најчесто причинето од нашите соседи). Да бидеме заробеници на страдалничката меморија на делови од населението кое трпело прогони и неправди.“ Така е за Македонците, ама во првите редови сме на одбележувањето на Холокаустот врз Евреите, за да може да се сликаме на 9 август во Хирошима и Нагасаки, на парадата во Москва на 9 мај на Денот на победата над фашизмот. И зошто воопшто толку воени гробишта низ Македонијава ни: француски, германски, грчки, бугарски, српски? Зошто владите на Франција, Грција, Бугарија, Србија ги одржуваат, за нив комеморации организираат...? Они се “со сите“ или тоа само нам нешто ни фали? Во сите војни за Македонија, се разбира, не загинале сите. Чија е тагата за загинатите? На нивните фамилии или на нацијата во целина? По логиката на Фрчкоски, нацијата не треба да ја заробиме во страдалничката меморија на фамилиите чии членови загинале. Чуму ќе ни се? Па, не загинале членови на сите фамилии во нацијата, сите да жалат и да страдаат?! Нацијата, по Фрчкоски, треба да се амнезира, за „минатото да не може да и’ стане единствена вредност на сегашноста“, ама „за таа слобода да ја досегнеме, треба прво да се ослободиме од дпмневскава пошаст.“ Колку едноставно решение. А, како поинаку, ако не без симулирана ограничена нестабилност?! Тоа во Македонија барем е најлесно. Доволно е само еден снајпер и само еден куршум, со епилог на Бит-пазар и телефонска анонимка до, на пример ТВ-А1 „вака ќе гинат сите албанци од вистинските македонци“. Стампедото односно толпата се неизбежни. По тоа, и не е битно кој прв почнал?! С краја да е, никогаш да не се случи, ама агресијата за рекомпонирање на власта е без граници и не избира средства! Нацијата треба на се` да е подготвена, оти злобата на бандата болни, замислени фараони е безмилосна. Чуму ќе ни се Илинденците, чуму ќе ни се Сојузот на борците, чуму сеќавањето за Негушкото востание, Кресненското востание, Разловечкото востание, Илинденското востание, Балканските војни, Првата Светска Војна, Втората Светска Војна, Граѓанската војна во Грција, чуму жртвите на македонскиот народ во сите овие востанија и војни? Чуму „меморијата на рани и страдање (најчесто причинето од нашите соседи)“? Чуму „да бидеме заробеници на страдалничката меморија на делови од населението кое трпело прогони и неправди“ во сите овие војни? Оти сите не изгинале во секоја војна, а и зошто пак живите да го носат товарот на страдањето на фамилите на загинатите? Тие треба да се изолираат. А, да ги исчистиме и сите гробишта, живите да не ги заробиме во страдањата по мртвите? Фрчкоски заборава дека народ без минато нема своја иднина. Евоциите за минатото не се заради гнев и омраза према тие кои и’ нанеле жртви на нацијата во историјата, заради одмазда и нова војна во игри без граници. Минатото е, пред се, поука за иднината. Спомените за минатото, помените за жртвите од минатото се самопочит на нацијата за упокоените, загинатите и убиените за слободата и демократијата на живите. Помените за жртвите како влог во темелите на државноста, се порака за мир и љубов, влог за слобода и развој, а не затвор заради робување на минатото. Ги разбираме квислинзите, кои во Македонија мора да одработуваат за оската Белград-Атина, но тоа не значи дека ги толерираме и дека нема да ги елиминираме. По Балканските војни 1912-1913 година, после поделбата и окупацијата на Македонија и геноцидот врз македонскиот народ, како награда за затворање на македонското прашање, Белград ја доби слободната зона во Солун. И тоа во поранешна СФРЈ, Белград успешно го правеше, го елиминираше македонското прашање, ги ликвидираше неговите протагонисти. Кумровечката школа на српски јаничари во Македонија ја изолира македонската историја и археологија за да не се дознае вистината за Македонија. Ослободувањето на историјата и археологијата на Македонија по нејзиното целосно осамостојување и дисолуцијата на СФРЈ, (како супститут на Голема Србија) несомнено предизвика агресија кај домашните квислинзи, по задача, најмногу преку медиумите создадени со кадри од поранешните „Нова Македонија“ и МТВ, во кои како наводни „новинари“ прераснаа во политички трабанти на туѓи и други центри за денационализација, преку промена на државното име Македонија. Во рамките на тоа и конструкцијата „стоп на антиквизацијата на Македонија“ како сервилност на една политичка номенклатура кон историскиот срско-грчки договор: македонското прашање да се елиминира, да не се копа по историјата и археологијата, за да не се дознае вистината за Македонците и Македонија. Но, детектирани се центрите на тоа општествено зло и шифрите под кои во разни служби се уште се водат, кратки им се лагите. Колку се поагресивни, толку побргу тонат. Некои луѓе можат да се лажат некое време, ама сите луѓе не можат да се лажат цело време. Впрочем, најсилно мафтаат и најмногу викаат давениците, оти им се ближи крајот, да можат цел свет со себе да го понесат тоа ќе го сторат, затоа што повеќе нема да ги има! Фрчкоски прави обид да ги изолира Македонците од Егејскиот дел на Македонија, оти по негова логика, ако нив ги нема, ако ги нема жртвите од Егејскиот дел на Македонија, полесно треба да се оствари промената на државното име Македонија. Оти во основата на наци-фашистичкото барање на Атина за промена на државното име Македонија е грчката окупација и геноцид врз македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година до денес! Но, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, по зборовите на Фрчкоски: „Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.“ Ајде да станеме нетолерантни спрема внатрешните квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси сред Македонија, па и не го кријат тоа! Патем, за што воопшто тажат квислинзите, за парите кои заради неодработеното треба да ги вратат и казната што им следи или што се` уште Македонија и Македонците ги има? |















