Среда, 25 Август 2010   
Пејсаж на зајдисонце за Грција
Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Византискиот автор Ефрем, во својата хроника напишана на почетокот на XIV век (1313), за заземањето на Солун од страна на Норманите, за време на владеењето на Андроник I Комнен, ќе напише: “Леле, леле, заземен е оној град Солун, велам, метрополата на Македонците”.

Токму така, низ вековите Солун отсекогаш важел за главен град на Македонците. Бројни се примери во историските документи каде Солун се спомнува како прв град на Македонија. Ваквата улога ја имал се до 1913 година кога по Букурешкиот договор со вештачки наметнати граници бил одвоен од останатиот дел на Македонија и неприродно припоен кон Грција. Како доказ можат да послужат многуте географски карти на кои е се прикажува целовитоста на Македонија, низ вековите.

Во денешно време кога точно се знае каде територијално припаѓа градот Солун, намерно или не во рамките на спорот околу името Македонија, не ретко може да се случи да биде сместен онаму каде од секогаш припаѓал, односно во Македонија.. Овие денови во текстот за Македонија, објавен на сајтот на американскиот медиум Bussinesweek, авторот за да ја престави нашата земја, одбрал фотографија на која се наоѓа знаменитост од Солун. Иако содржината на текстот зборува за Македонија, која е на 21 место од 25 земји кои имаат значително намалување на популацијата, и воопшто не е провокативна, кај интернет-корисниците на нашиот јужен сосед предизвика вистински револт и закани од протести доколку не се промени сликата.

Набргу под притисок на грчката јавност, по една вистинска интернет-војна, фотографијата од Солунскиот споменик Камара, беше сменета и наместо неа се постави фотографија со пејсаж на зајдисонце, со напомена дека е направена промена. Брзата промена беше прокоментирана како попуштање на Bussinesweek и успех на грчката пропаганда која има големо влијание врз американските медиуми.

Ваквото хистерично однесување на грчката јавност, кога е во прашање името на Македонија, не преставува ништо ново и не може некого да изненади. Вест како вест, која нема да привлече некое поголемо внимание во македонската јавност. Сепак доколку внимателно се проследи текстот, веќе се појавуваат интересни моменти.

За фотографијата, како првата така и втората можеме само да погодуваме дека биле случајно одбрани.. Но доколку оваа информација се надополни со изјавата на поранешниот министер за внатрешни работи на Грција, дека Караманлис е жртва на ветото во Букурешт, односно дека Американците го казнија за одлуката да ја блокира Македонија да стане полноправна членка на НАТО, можат да не заинтригираат.

Се наметнува прашањето, зошто само кратко време по оваа интернет војна, Прокопис Павлополус, ја дава оваа изјава во интервјуто за грчкиот весник Real news каде вели: “Секако дека го плативме ветото од Букурешт, затоа што не е можно да остане неказнет срамот што му го нанесовме на Буш.... по Букурешт, владата на Караманлис се соочи со една поинаква клима, во која ниту скандалите, ниту економијата беше причина за падот на Караманлис и неговата влада, туку прекуокеанските сојузници го остраниле поради неговите патриотски одлуки.”

Повеќе од очигледно е дека постои оправдан страв кај Грците, дека срамот што и го нанеле на американската администрација, нема да остани неказнето и дека се завршило со падот на поранешниот премиер Костас Караманлис и неговата Влада.

Поранешниот министер за внатрешни работи не е наивен и не случајно излегува со ваква изјава во овој момент, со која како да сака да ја предупреди грчката јавност за новите искушенија кои треба да ги очекува грчкиот народ. Ако податоците кои ги дава авторот на текстот, објавен на американскиот сајт, како што наведува потекнуваат од ЦИА, нормално е Павлополус да биде загрижен. Пораките кои произлегуваат од текстот и објавените слики, мораат да се сфатат сериозно, иако можат и да бидат чиста коинциденција. Но во услови на забрзана тајна дипломатска кампања за решавање на името и деблокирање на процесот за влез на Македонија во НАТО, ваквиот напис може да биде притисок врз Грција да престане со нејзиниот национализам и шовинизам.

Доколку малку обрнеме внимание на фотографиите тие можат за Грците да значат, или попуштете, и не го блокирајте процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, или пак ќе имате зајдисонце на Грчката држава, а Солун ќе стане повторна главна метропола не само на Македонците туку на целиот Балкан.

Сериозноста на ваквото предупредување е голема, посебно ако се има фактот со каква економска криза се соочува нашиот јужен сосед, и кога разликите и конфронтациите помеѓу вообичаениот богати север(Солун) и сиромашниот југ(Атина) на Грција се заоструваат. Но не и само помеѓу нив, туку се погласни и понезадоволни почнаа да се јавуваат и островјаните.

Оваа анализа може и немора да биде точна, ова е само едно видување, или се случува нешто?

Американците го сместија Солун во Македонија, Грците збеснаа

 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.