Среда, 07 Јули 2010   
На нашето знаме е запишано името македонија
Тихомир Каранфилов
Тихомир Каранфилов

Распадот на СФР Југославија и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава на светската политичка сцена на почетокот на деведесетите години, предизвика вистинска паника кај нејзините соседи. Појавата на новиот државен субјект кој го носи името Македонија, а со тоа и тапијата на историската културна ризница на најстарата држава во Европа и светот, веднаш беше оспорено по разни основи од соседните држави кои се всушност нејзина рожба. Додека едни го оспоруваат името, други јазикот, трети црквата, а четвртите територијалниот интегритет, нашите  соседи како да забораваат дека тие никогаш не биле она што се денес да не постоела Македонија и македонската империја, врз чии темели подоцна беа изградени Римската, Византиската и Отоманската империја.

Тајните кои се скриени на страниците на досието под името Македонија се посебно чуствителни за нашите соседи. Не случајно постои страв од отворањето на досието на Македонија, кои во недостаток на сопствена, ја приграбиле историјата на македонскиот народ. Не треба да не чудат обидите да се прекине историскиот континуитет на народот, преку наметнување на тезата дека „денешните Славомакедонци„ се дојдени во 5 и 6 век од новата ера и истите немаат никакви врски со древните Македонци, како и негирањето на јазикот, духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ. Затоа не треба да не чудат обидите со разни придавки да се избрише името на Македонија од географската карта на светот.

Повеќето стари географски карти речиси прецизно ја одредуваат границата и територијата на Македонија од античко време до денес, што не е случај со нашите соседи. Територијата на Македонија, во своите природни географски граници, опфаќа 67.741 км2.. По Втората балканска војна, која се завршува со склучување на мировен договор во Букурешт на 10 август 1913 година, а Македонија дефинитивно е поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција, се исцртуваат нови неприродни граници. Со Букурешкиот договор најголем дел од територијата на Македонија, Егејска Македонија со површина од 34.000 км2 и припадна на Грција, на Србија и припадна Вардарска Македонија со површина од 25.775 км2  и 6.798 км2 односно пиринскиот дел на Бугарија.

Букурешкиот договор потпишан од окупаторите на Македонија, не бил потпишан, а уште помалку прифатен од македонскиот народ кој бил за создавање на целосна, слободна и независна македонска држава. За жал, иако правно нелегитимен, Букурешкиот договор се уште егзистира.

Појавата на Република Македонија на светската сцена во 1991 година за Грција претставуваше вистински шок.  За да го отстрани единствениот правен наследник на името Македонија, а со тоа да изврши и легализација на Букурешкиот договор, Грција веќе дваесет години континуирано со воени закани, економски блокади, блокади за зачленување во ЕУ и НАТО  врши тивка агресија врз Македонија, со цел да потпише договор со кој македонскиот народ ќе се откаже од сопственото име, од сопствениот идентитет.

Денес кога се врши огромен притисок од страна на меѓународната заедница да се интензивираат преговорите помеѓу Република Македонија и Грција за што побрзо разрешување на спорот, како да не сакаат да сфатат дека никој во Македонија нема мандат да потпише било каков договор со Грција за промена на име и идентитет. Такво право не може да се добие ниту со спроведување на референдум, ако се има предвид фактот дека народот во Република Македонија не може да гласа во име на своите сонародници кои живеат во дијаспората, како и во Грција, Бугарија и Албанија, каде македонскиот народ не е признат како малцинство. Но, она што е најчуствително е пораката на нашите претци, кои гинеле за слобода на својата татковина под знамето на кое е испишано името на Македонија.
На пример, познатото Разловечко востание кое било организирано од поп Стојан од село Разловци и од син му Димитар Поп-Ѓорѓиев, наречен Беровски и кренато во 1876 година, се водело под историското знаме на кое е напишано името Македонија. Ова знаме кое е приготвено во Солун од Станислава, ќерка на старата учителка Баба Недела од Сопот. На знамето покрај огнениот (црвен) лав на жолто поле стојат натписите „Македонија – станете да ве освобода“ и „На осми маи 1876 г.“. Сличен пример наидуваме и на знаме од Илинденското востание. На Охридското востаничко знаме претставена е жена во народна носија која носи востаничко знаме на које пишува „слобода или смрт“  и  натпис Македонија. Знамето на македонската колонија од Петроград, Русија, од 1914 година покрај коњ на бел квадрат и црвена позадина и сонце, во долниот лев агол има натпис „Едина независима Македонија“. Исто така на знамето на Илинденската организација од 1921 година, кое е црвено со карта на Македонија и востаник кој држи црвено знаме испишана е девизата  на организацијата „За неа ние се бориме, за неа ние мреме“ .

Во дискусијата водена за прашањето за Македонија во Загреб во 1939 годиина, помеѓу преставници на македонското национално-ослободително движење на кое учествувале: поетот Коста Рацин, Љупчо Арсов, Панко и др. и претставници на великосрпскиот режим како што се проф. Н. Вулиќ, познат археолог и проф. Јован Радоњиќ, кои се  обиделе да го задржат процесот на афирмирањето на македонскиот национален индивидуалитет, на обвинувањата дека македонците немаат право на името Македонија, на својот јазик и дека се виновни, Рацин ќе истакнe :дека „Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Во тој поглед на знамето на својата национална преродба го испишале своето македонско име. Мислам дека нашето македонско револуцирнерно движење под Турците го направило истото што го сториле, борејќи се, и Вашите Срби и Бугарите... Факт е дека на нашето знаме е запишано името Македонија. Вие веројатно помисливте дека е тоа влијание на туѓа пропаганда и во тоа е Вашата грешка. Потоа ја имаме борбата на македонскиот народ и борбата на Бугарите и Србите за превласт над оваа земја... Се работело на тоа да се владее над овој народ, да се ископа некоја историска тапија....“

Денес кога се преговара со Грците за името на државата  како да се враќа сликата  за борбата за самобитноста на македонскиот народ на почетокот на IX и XX век, за време на Отоманската империја и владеењето Србите. Но, исто така како да се слуша и гласот на претците кои се бореле и загинале под знамето на Македонија. Тие вознемирено се прашуваат кој од наследниците си зел за право да ја продава тапијата на Македонија, кој тоа си зел за право да  го менува името на Македонија и кој тоа си зел за право да го менува идентитетот.  Во нивно име нема никој право да го крчми наследството оставено од дамнина, а кое како Македонија е запишано на  нашите борбени знамиња.
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.