|
|
| Во Бугарија има се, само бугари не! |
![]() Тодор Петров Прашањето не е дали Македонците во Македонија се Бугари, туку има ли Бугарин во Бугарија без македонски корени? Тоа што во Бугарија има се’ само Бугари не, не е вина на Македонија, туку на историската заблуда на Софија заради туѓи и други интереси. Оттука смешни се барањата на Софија за потрага по Бугари во Албанија и Косово кои ги нема, но укажуваат на романтизмот во кој одредени ретроградни сили се уште живеат потхранувајќи се со санстефанските илузии за „Голема Бугарија“. Проблемот во Бугарија не се Македонците во Македонија и Албанија, туку емиграцијата од 2.000.000 претежно млади и образовани по укинувањето на визите за Европската Унија, стареењето на нацијата и фактот дека Ромите и Турците полека но сигурно стануваат мнозинство во земјата. И покрај се, Македонците ќе останат Македонци, но прашањето е што од Бугарите ќе остане во Бугарија?! Колку што побргу Софија се ослободи од ариевскиот нацистички модел на еднородна и едноверна нација, толку полесно ќе транзитира во мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество на толеранција и коегзистенција. Имајќи предвид дека официјална Софија продолжува со издавање на бугарските пасоши на странци, притоа вршејќи злоупотреба на етничкото потекло на новокомпонираните „Бугари со корени“, Светскиот Македонски Конгрес апелира до Владата и Собранието да го вратат законското решение од членот 11 од Законот за државјанство пред неговото укинување во 2002 година и продолжат со издавањето на македонски државјанства за Македонците по потекло, како што тоа го вршат сите земји околу Македонија. Светскиот Македонски Конгрес и покрај заблудите и очајните обиди на Софија во барањето Бугари во Албанија, ќе ги преземе сите мерки на престојниот попис во Албанија Македоните слободно да ја изразат својата етничка, јазична и верска припадност: дека се Македонци кои говорат македонски, биле тие православни, католици или муслимани. |














