Недела, 04 Јули 2010   
Отворено писмо до Бранко Црвенковски
martin-protoger
Од: м-р Мартин Протоѓер, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ


“Во долгата историја на човештвото, само на одредени генерации им беше доделена историската улога на изградба на Татковината во миговите на големи предизвици. Јас не бегам од оваа одговорност, напротив јас ја поздравувам.”

~ Џон Фицџералд  Кенеди

И јас ја поздравувам одговорноста. Таа е дел од системот на вредности, преку која една индивидуа, водејќи се од својата совест и внатрешен суд, ги презема на себе последиците од своите постапки и дејствувања. Таа е и однос кон делата кои имаат резултанта кон објективната стварност. И таа, како што вели Делчев, е жртва која нема степен и завршува со чест и име.

Во животот не можеш да го одбереш само времето во кое си се родил и во кое живееш. Мојата генерација не го одбра времето на Бранко Црвенковски за време на својата младост. Не одбраа ни моите дедо и баба да ја доживеат староста.

Сите ние, 2 милиони граѓани на Република Македонија, не одбравме да живееме во време на рестрикции на струја и вода, на неразјаснети убиства и самоубиства, на грабеж на капиталот кој сите го создаваа-ама само некои го присвоија, време на тепање на граѓани, шверцови, криминалии, политички дилови, “губење на резултати 3:0 за да не изгубиме 5:0”, лажни ветувања, ТАТ, Лавци...Не одбравме да останеме невработени, да ни ги одземат фабриките, да ни го уништат животот. Не го одбравме Бранко Црвенковски во 1994 година. Ама тоа време го преживеавме.

Мислевме дека тоа време е завршена приказна, лош филм кој заврши, кошмар од кој се разбудивме. Го гледам сега повторно Бранко Црвенковски како оди по шталите кои ги опустоши, кај војниците кои ги нарекуваше животинско царство, кај стечајците кои ги создаде. Оди кај ѓорчепетровци и битпазарци кои бездушно ги тепаше. Велат “убиецот” секогаш се враќа на местото на злосторството, за да види дали го завршил делото, дали жртвата сеуште дише. Во обид за вешт лупинг, потценувајќи ја општествената колективна меморија, заборава кој е транзицискиот "херој", кој извршувајќи државнички функции петнаесет години, остана да живее во 60-тина квадрати и без автомобил?!?

Исто лице, исти фрази, исти ветувања. Исти лаги! И шемата е секогаш иста. Сеење страв, паника, тези за поделби, етикети за криминал, и магла, магла во огромни количини. Држете го крадецот вели човекот кој испумпа 4,5 милијарди долари општествен капитал. Човекот кој “на клоци” го избрка АУДИ обвинува за немање инвестиции. Транспортерот на “масло за јадење во цистерни за бензин” зборува за криминал. Изборникот на 600 судии, зборува за лошо судство. Егзекуторот на Диме поштарот зборува за притисок. Градителот на Кинескиот ѕид, зборува за кич кај Скопје 2014. Лицето кое ја минираше мобилизацијата денес се претставува за патриот. Бунуел!

Сте се запрашале ли зошто секогаш кога е Бранко Црвенковски во опозиција во Македонија се случува дестабилизација на демократијата, се зборува за лоши меѓуетнички односи, има тепачки во Собрание и по основни училишта, оружени инциденти? Затоа што тоа е неговиот стил на “политичка” борба. Тој не ја разбира политиката како борба на понуда на чист политички производ, концепти и идеи, туку како борба на живот и смрт за фотељата во која има неопислива желба да седне. Само за себе. Ова е неговиот последен обид, ова се неговите последни потези, веќе видени, веќе доживеани.

Ќе собереш две-три целни групи кои симулираат наводен терор, ќе ги инструментализираш уставните судии да “им” срушат проект, ќе направиш тепачка во Собрание, ќе ги извадиш НЕвладините(туку опозициони) организации на бунт, и мислиш си ја завршил работата. Се прашувам од кога тоа спречувањето на разјарена толпа, предводена од бивш премиер, да претепа службено лице е спречување на движење? Колку бокса треба да изедеме за да не се чувствувате силувани? Кој е тој притисок врз медиумите кога 9 од 10 остро ја критикуваат владата, и кога е оправдано, но многу повеќе кога е неоправдано? Се плашам што е следно, и колку будни треба момците во плаво да бидат кога одат во патрола, особено по горските места? Немој ова да го пробаш.

Ние не го бираме времето во кое живееме, ама бираме како ќе живееме. Но пассаран! Тоа го велат граѓаните. Тоа ме радува. Прочитан е! И тој тоа го знае. Му се гледа во погледот, замижаните очи, несигурното удирање во градите, грчот кој го прави кога му дава 1000 денари на чистачот на чевли. Порано даваше ветувања кои не ги остваруваше, сега не дава ниту ветувања. Знае дека тоне, го нервира тоа што не може да мрдне од 8 посто, иста бројка како онаа што им ја одзема на пензионерите.

Кого сакаме да поразиме, прашува. Него. На тоа мислевме кога зборувавме за финалната битка со мрачните сили на транзицијата. Нема да дозволиме повторно некој да ни ги уништи животите. Нема да изгубиме уште години од животот, бидејќи животот не е премногу долг. Тоа е битката на двете Македонии. На нашата-онаа на народот, и онаа на Бранко Црвенковски. Онаа која добива визна либерализација, ги исполнува критериумите за влез во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, има трет најдобар економски резултат во Европа, дава 6 посто од БДП за образованието и 100 милиони евра за земјоделците, и онаа која манипулира, тепа, разнебитува, клоца, кине кошули и има испотени чела, ама не од работа туку од друго.

Ќе ги поразиме, нека бидат сигурни во тоа. И во ноември, и по две години, и утре ако треба, и секогаш. Не давам ветувања кои не ги исполнувам. Ние тоа и го должиме на Македонија. Заради одговорноста, заради предизвикот, заради честа и името, заради дедо ми и баба ми, комшијата, другарите, учениците, студентите, пензионерите, работниците, земјоделците, селаните, граѓаните...Македонија има сила.

Ни вели, се заканува, ќе ни бил ноќен кошмар. Демек  ќе сме се плашеле од него. Не треба да се труди посебно, веќе предолго и е кошмар на цела Македонија.

Доста и е кошмар на цела Македонија!

Доста е од Бранко Црвенковски!
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.