|
|
| Македонците во Албанија со децении во тивка борба да ги зачуваат своите права и својот мајчин јазик |
![]() Ана Србини Со Букурешкиот мировен договор донесен во 1913г кога Македонија физички била поделена на четири дела во рамките на четирите балкански држави, четвртиот дел на југозапад на Преспа и пределот на Голо Брдо останале во рамките на Албанија. На таков начин 1,77% од македонската етнографска територија се нашла во рамките во политичката карта на Албанија. Овие Македонски предели останале во рамките на Албанија и по завршуванњето на Втората светска војна, кога во земјата бил воспоставен социјалистицки и општествен поредок. Навистина непосредно по војната кога се негувале добрососедски односи меѓу Албанија и Југославија , било признаено постоењето на македонското малцинство во Албанија. Врз оваа спогодба во 1945г на македонците им било овозможено слободно да ја изразуваат својата национална посебност. Во повеќе македонски села во Албанија биле отворени македонски училишта со учители од СР Македонија и наставата на македонски јазик воведена само како наставен предмет два часа неделно. Подоцна во училиштето во селото Пустец, Мала Преспа, македонскиот јазик бил воведен како наставен јазик за прво и второ одделение, додека за погорните одделенија тој бил изучуван како посебен предмет. Во 1985г Албанија се отвори кон светот , а македонското малцинство започнала да излегува од излолација. Македонците добиле можност да ги обноват контактите со своите роднини и пријатели во Република Македонија што резултирало со масовни преминувања на македонско- албанската границаи и одржување на повеке средби меѓу меѓу Македонците од овие два дела на Македонија. А во 1991г по воспоставувањето на повекепартискиот систем во Албанија, биле формирани повеќе организации и друштва. Група млади образовани македонци ја формираа организацијата ,,Преспа,, од Мала Преспа, во Тирана било формирано ,,Здружението на Македонците од Тирана,, во реонот на Голо Брдо културно уметничкото друштво ,,Братство,, а подоцна организацијата Македонска Алијанаса за Европска Инетграција. Целата на сите овие организации е унапредување на правата и положбата на македонското национално малцинство на сите сфери на животот во Албанија. Позицијата на етничките Македонци во Албанија е далеку од оној на етничките Албанци во Македонија бидејќи во Македонија етничките Албанци се појавуваат како пратеници во Собранието, додека во Албанија се уште немаат можности за вистинско политичко учество. Во моментов, не постојат етнички македонски претставници на народните претставници, ниту пак се Македонците претставени во институциите на државната власт и локалната самоуправа. Најголемата среќа и најголемото задоволство за секој Македонец во Албанија е секогаш и секаде да може да се декларира како Македонец , чедо на Македонија и да ги учи и негува културното творештво традиција на Македонија. |















