Среда, 29 Јуни 2022   
ВРЕМЕ Е ДА ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ НОВО КРИЛО ВО ИДРИЗОВО

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 176)

1. На политичката сцена во нашата ни Македонија владее вистински хаос: секојдневни и застрашувачки поскапувања, невиден пад на стандардот на граѓаните, цените на горивата скоро да надминат две евра за литар (небаре сме Германија), а деновиве бомбастично се најавува поскапувањето на струјата и парното греење....

   Народецот наш - скромен како што си го знаеме, некако се снаоѓа и живурка од денес до утре, а многумина шансите за преживување ги бараат, или наоѓаат, во контејнерите за отпадоци.

   Но најголем баук за нашето нарушено спокојство без дискусија ни доаѓа од европската престолнина Брисел, поточно со фамозниот француски предлог, што сега постана предлог на ЕУ, за евентуално надминување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија и Албанија за членство во ЕУ. Во една прилика веќе напишав дека на ЕУ не може да и се верува, а тоа го повторувам и во оваа прилика! Па како да им веруваме кога во соменатиот предлог се вградени сите (ама буквално сите) бугарски барања, без респект на ставовите на заинтересираната кандидатка за членство, конкретно Република Македонија!?

   Зачудува и одлуката на фамозната ЕУ за доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но не и на Грузија која вложува толку големи напори да се приближи и приклучи на ЕУ.

   Сосема е извесен хаосот во Брисел, поточно во главите на лидерите на 27те земји-членки на ЕУ, та веќе губат компас и носет ирационални одлуки, но ред е да помислат подолгорочно и за последиците од нивните потези.

   Бугарија доживува катарза што нејзините ставови се вклучени во преговарачката рамка за Македонија,  што премиерот Димитар Ковачевски ја одби, а МНР Бујар Османи во неа гледал "добра основа" за разговори!? Каква какафонија во врвот на државата!!! Но наајмногу ме иритира односот на Макрон кој кога беше најзрела ситуација да ги почнеме тие фамозни пореговори процесот го блокираше, а сега нуди некакви квази-решенија во вид на "платформа".

   Од двоецот Ковачески-Османи се може многу да се очекува, но доколку се дрзнат нешто да прифатат од данајскиот дар што ни го нуди Брисел, тоа треба да ни биде сигнал сите, ама буквално сите што сме на нога да излеземе пред владата, секој ден, (како што предложи и Ивица Боцевски) додека не свати дека мора конечно да си замионе во историјата!!!

2. Таканаречениот Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) објави генерален штрајк со блокирање на улици, раскрсници, пристапни сообраќајници до центарот на главниот град на земјата. Штрајкот е легитимно средство за изразување на незадоволство на вработените, тоа не е спорно, но во конкретнов случај проблемот е што го иницира  н е л е г а л е н  синдикат.

    Зошто го велам ова? Па сегашното таканаречено раководство на ССМ е  и н с т а л и р а н о  во кафеана, на бел лист хартија од министри во владата на ЗЗ, а не на конгрес како што предвидува Статутот на ССМ. Оваа збирштина на профитери кои изиграваат раководство на ССМ и манипулираат со маките на работниците во нормални држави би требало да се предмет заради злоупотреби во обработка на полицијата, Антикорупциската комисија и слични тела и органи, а не да глумат загриженост за правата и стандардот на вработените. Но Македонија, за жал, не е нормална држава во која владеат паравото и законите!!!

3. Читам деновиве дека владата на Црна Гора одлучила да ја намали цената за таканаречениот црногорски "златен пасош" (станува збор за патна исправа што за пари се издава на бизнисмени или други видни белосветски ѕверки кои сакаат да го променат своето државјанство) и наместо досегашните два и пол милиони евра (!), да ја спушти цената на еден милион евра!

   Тоа што одлучила да го прави црногорската влада е нејзѐина работа - иако трпи критики од Брисел, но одлуката ме мотивира да размислам на темата со 214те пасоши што МВР ги издало и л е г а л н о (!), при тоа за 150 пасоши (спооред медиумите)  в  о о п ш т о  нема евиденција КОМУ се издадени.

   Па сега народе македонски, отворено ве прашувам: ако за златен пасош се плаќало во редовна постапка и пор претпоставка дека си чист пред законот (!!!), колку плаќале за македонски пасош белосветските мафијаши за кои читавме во медиите? Колку, на пример, партиципирал шефот на турската мафија кому за само еден ден му е даден македонски пасош и тоа придружуван со полициско возило со ротационо светло???

   И едно подпрашање: што мислите, колку пари им се понудени и дадени на оние десетина несреќници кои земале отисоци, пополнувале формулари или ги фотографирале мафијашите за да им се изготват македонски пасоши? Па ги знаеме процедурите за барање и добивање пасош - не сме мутави и мислам дека ова е еднаод најголемите афери на оваа власт што ја малтретира цела нација со своите злоупотреби и криминали.

   Mислам дека е време да започнат работите за изградба на ново крило во затворот во Идризово бидејки ваква грандиозна афера не смее да остане нерасветлена и неказнета!

4. Анималното изживување на Тодор-Живковска, пардон Кирил-Петковска Бугарија (силно подржана од Макроновата Франција) веќе ги надминува границите на ЕУ и постанува многу сериозен  б е з б е д н о с е н  проблем! На ова многу сериозно предупредува професорот Едвард Џозеф, одличен ознавач на (не)приликите на Балканот. 

  Според Џозеф, "Бугарското малтретирање на Северна Македонија е веќе и проблем на НАТО и американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили” и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Северна Македонија" 

  Професорот Џозеф нагласува дека НАТО е сојуз и САД не миже да толерира агресија кон идентитетот, од позиција на сила! Со Американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет од позиција на сила, што е против принципите на НАТО, ЕУ и САД”, категоричен е професорот Џозеф.

Тој смета дека тоа е сигналот што им треба во Бугарија и на бугарските лидери, како премиерот Кирил Петков, кои сакаат да го решат ова прашање.

5. Од Бугарија и се е можно! Што се не видовме и не доживеавме од источниот сосед кој громогласно не оптужува, помеѓу останатото, и за "говор на омраза"!? Па добро бре соиседи (неможам да ве наречан мили компии - како во песните), како сакате да ве сакаме после сите зла што ни ги направивте овие стотина и педесет години. Како да ги заборавиме окупациите во Балканските војни, во Втората светска војна, злосторствата над невиното население, испокрадовте се што ви дојде до рака од нашите цркви и манастири, а сега брутално го спречувате нашиот напредок кон членство во ЕУ. Јавно ве прашувам: К а к о???

   Па и погоре набројановото не ви беше доволно, сега отворено манифестирате  и р е д е н т и з а м, т.е. територни претензии!!! А големците во ЕУ филозофски гледаат на работите и упорно молчат!? Да видиш и да не веруваш!

   А да прашам:  Дали некој проверил какви се програми, прилози, емисии и семожни други содржини со антимакедонизам секојдневно се емитуваат во Бугарија? Па тоа е вистинска антимакедонска хистерија, а не говор на омраза!!!

   Брисел упорно не реагора, а за почитување на вредностим, стандарди и критериуми - ни збор. Впрочем грижата за регионот на Балганот се чини е на последното скалило на преокупациите на ЕУ, која е преокупирана сега со Молдавија, Украина и попат уште некоја бивша Советка република, о не за сопственото предворје!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.