Среда, 22 Јуни 2022   
Панде Колемишевски : Францускиот предлог добар за државата – катастрофален за Македонците

Македонија на уште една историска пресвртница

Прифаќањето на предлогот ќе значи дека македонскиот народ е слабак, дека е неспособен за натпревар на меѓународната сцена, дека нема капацитет да си ги одбрани достоинството, државата и националноста и дека навистина не заслужува да постои на мапата на народите. Имено, во поројот од дипломатски нејасни реченици се кријат неброени опасности од предлози, кои ако се прифатат, ќе значат почеток на крајот на македонската самостојна историја, на идентитетот, јазикот и писмото. Ќе се отвори процесот на бугаризација и асимилација на новите македонски поколенија, со крајна цел Македонија и како територија, еден убав ден, да биде составен дел на Бугарија. Низ текстот на Македонците им се нудат прашањата колку се подготвени да жртвуваат од својот национален идентитет, од својата историја, јазик и писмо, колку се подготвени да ги предадат во рацете на Бугарија својата независност, суверенитет, слобода, демократија и национална гордост

На прва помисла не изгледа логично, но по темелна анализа на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија може да се заклучи дека можеби е добар за државата, но е катастрофален за Македонците во неа. Имено, предлогот го подотвора патот за членство на Македонија во Европската Унија во некоја далечна неизвесна иднина. Тоа е единственото добро. Недобро е што ја затвора вратата за Македонците како народ, тамошните предлози нив ги водат кон бездната од која нема излегување.
Во поројот од дипломатски нејасни реченици се кријат неброени опасности од предлози, кои ако се прифатат, ќе значат почеток на крајот на македонската самостојна историја, на идентитетот, јазикот и писмото. Ќе се отвори процесот на бугаризација и асимилација на новите македонски поколенија, со крајна цел Македонија и како територија, еден убав ден, да биде составен дел на Бугарија. Низ текстот на Македонците им се нудат прашањата колку се подготвени да жртвуваат од својот национален идентитет, од својата историја, јазик и писмо, колку се подготвени да ги предадат во рацете на Бугарија својата независност, суверенитет, слобода, демократија и национална гордост.
За жал, лидерите на Европската Унија како да го поддржуваат тој пеколен план, а тоа го потврдуваат со прифаќањето на францускиот предлог. Европската понудена обланда однадвор гледано можеби е слатка, но самиот колач има горчлив вкус. Семето на злото посеано со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија сега ги дава отровните плодови завиени во европски целофан. Агресија врз македонскиот идентитет

Превземено до Нова Македонија

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.