|
|
| Стоп на самовластието и апартхејдот на струшкиот градоначалник! |
![]() Тодор Петров Светскиот Македонски Конгрес го осудува самовластието на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и од Владата на Република Македонија бара итни мерки на забрана за воведување на албанскиот како наставен јазик и издавањето на свидетелства на албански јазик за учениците Македонци во основното училиште „Гоце Делчев“ во Подгорци. Исламската вероисповед на Македонците во Подгорци не може да претставува основа за административна промена на етничката припадност на Македонците во Подгорци во Албанци. Светскиот Македонски Конгрес бара кривична одговорност за градоначалникот Рамиз Мерко заради сегрегација, расизам и поттикнување национална, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост, злоупотреба на децата и службената должност. Изненадува дрскоста на градоначалникот Рамиз Мерко за насилна асимилација на Македонците во Подгорци во Албанци и воведувањето на образовен апартхејд према учениците Македонци со забрана на изведувањето на наставата на македонски јзик и издавање на свидетелствата на албански наместо на нивниот мајчин македонски јазик. |















