Среда, 30 Јуни 2010   
Македонија конечно го затвора клириншкиот долг
Тихомир Каранфилов
Тихомир Каранфилов

Конечно, по речиси една деценија од рамковниот договор за наследството на поранешната СФРЈ, потпишан во 2001-та година во Виена, кој претставува основа за решавање на прашањето на клириншкиот долг, Македонија ја склучи спогодбата со Русија за затворање на долгот од 62 милиони долари. Согласно договорот за сукцесија на поранешна Југославија, на Македонија како една од петте земји сукцесори и припаднаа 97 милиони клириншки долари ( 60,5 милиони американски долари ) од побарувањата или 7,5 %. Начинот на наплатата на клириншкиот долг на поранешната советска федерација стана дел од билатералните преговори на Македонија и Русија, во кои опциите се движеа од наплата во конвертабилна валута или во стока, односно во енергенси, како нафта или гас.

Досега беа направени повеќе обиди за затворање на овој долг. Во 2003 година, при официјалната посета на Москва, тогашниот премиер Бранко Црвенковски со својот руски колега Михаил Касјанов, покрај другото, разговараа за воено–техничка соработка и за допрецизирање на сите аспекти околу регулирање на рускиот клириншки долг кон Македонија. Претходно, претставници на министерствата за финансии на Македонија и Русија потпишаа Меморандум за разбирање за регулирање на долгот. Со Меморандумот се превидоа три опции за надмирување на долгот, меѓу кои и откуп на долгот, односно исплата во готово до крајот на годината со дисконт од 67 проценти, што би значело дека Македонија би требало да добие околу 20 милиони американски долари.

По падот на владиниот "Кингер", во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, Владата во повеќе наврати ја разгледуваше можноста за купување руски авион преку затворање на наследениот клириншки долг. Се размислуваше да се купи руски авион од типот "Антонов" (АН-74) или "Јаковљев" (ЈАК-40). Оваа варијанта отпадна по сугестиите до Владата дека овие авиони ретко се користат за ваква намена, а многу чинело и нивното одржување.

Спротивно на минатото, кога побарувањето за затварање на клириншкиот долг стоеше во место,  Владата на премиерот Груевски врз основа на стратешките интереси за креирање на амбиент за инвестирање во земјата, а во тој контекст и долгорочно обезбедување на ефтини енергенси, по тригодишни преговори со руската страна, успешно ги круниса со договор за исплата во целост на клириншкиот долг преку изградба на гасовод. Сепак, понудата на првиот човек на гигантот „Газпром“, Алексеј Милер, Македонија да биде дел од гасоводот „Јужен поток“ и транзитна земја преку која ќе поминува еден од неговите краци кон Албанија и Италија ги надмина сите очекувања, создавајќи предуслови за силен импулс во натамошниот развој на економската соработка меѓу двете земји.

Зачудува фактот што една ваква спогодба, која на Македонија ја позиционира на стратешко место на енергетската карта и која и носи повеќе бенефити, беше пречекана на нож од еден дел на македонските  политички политичари и аналитичари, обвинувајќи го државниот врв за “недостиг на визија” и “дека со спогодбата со Москва и’ го врти грбот на Европската унија и НАТО”. Според овие аналитичари, средбата била искористена за да се испрати порака дека Македонија не може вечно да ја чека ЕУ да се „смилува“ да не` прими како нејзина членка и дека постојат и други патишта.

Доколку овие аналитичари сакаат навистина да ја разгледаат досегашната улога на Македонија околу евентуалното наше учество во новиот балкански и европски геополитички натпревар, во кој пресудна улога имаат енергенсите (нафтата, гасот) и парите, ќе треба да забележат дека се се’ сведува на сега веќе прилично патетичниот потфат за изградба на нафтоводот „Амбо,, додека првата варијанта на патеката на рускиот гасовод “Јужен тек” и европскиот “Набуко” Македонија ја заобиколуваат.

Тргнувајќи од фактот дека низ историјата Македонија со својата географска положба, релјеф и добри комуникациски врски со околните земји претставувала комуникациско средиште не само на поширокиот регион, туку и светска раскрсница и дека  низ македонските простори се вкрстувале патиштата на трговијата, на орудијата и оружјето, умешноста и знаењето, уметноста и науката, заобиколувањето на земјата и исклучувањето од енергатската карта и покрај поволната географска положба, би значело ставање на Македонија на слеп колосек.

Во тој случај, ако низ земјата не минуваат значајни енергетски, трговски или други траси, ако нема доволно други природни ресурси, тогаш се поставува прашањето кого би ја интересирала Македонија ? Дали некој мисли дека ЕУ и НАТО ќе  посакаат да не примат доколку немаме што да понудиме ?

Додека другите наши прагматични соседи, врз основа на нивните стратешки интереси, без разлика дали се членки на ЕУ и НАТО, се натпреваруваат енергетските траси да поминуваат низ нивната територија, ние се надеваме дека некој друг ќе ни ги заврши работите. Само да се потсетиме, низ територијата на нашиот источен сосед, членка на ЕУ и НАТО, треба да поминуваат и двата гасовода,  рускиот гасовод  “Јужен тек” и европскиот “Набуко”.

Посетата на претседателот Иванов и министерот за финансии Ставревски на Москва и потпишувањето на спогодбата имаат исклучително значење за Македонија, бидејќи со неа на долг рок се решава стратешкото прашање на енергетската стабилност на државата и не само тоа. Со новиот договор за соработка и пријателство се отвораат огромни можности за економска соработка, инвестиции во земјата и широк пазар за македонските производи. Само да напоменеме дека целиот проект би чинел 300 милиони евра, а целосната гасификација би требало да биде завршена до 2015 година.
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.