Среда, 30 Јуни 2010   
Александар Македонски, историски херој, двигател на светот

Во историјата е обележан како човек кој сакаше да го покори целиот свет со тешки крвопролевања и како човек со огромен стремеж за уривање на старото и градење на нови односи и нови култури.

Гордана Димовска
Гордана Димовска

Александар Македонски е еден од највпечатливите меѓу големите луѓе во историјата кој ја импресионира човечката имагинација. За неговиот живот постојат многу оскудни податоци во литературата кои главно се запишани во пет биографски и историски извори, плус еден роман кој потекнува од античко време. Постои скратена верзија за животот на Александар во трудот на Јустин, кој датира од вториот век. За најцелосен и најточен извор се смета книгата ‘Војничкиот успех на Александар‘, од Аријан, која е напишана во средината на вториот век. Аријан дава најточни древни податоци.

По смртта на Филип Втори, неговиот дваесет годишен син, Александар Македонски го наследил престолот. На само 20 години, застана на кормилото на Македонија. Пред да дојде на власт, државата била реформирана и на финансиски и на воен план. Филип вовел, македонски златници, наречени сестери, со што ги истиснал персиските пари а со тоа и персиската конкуренција од пазарите на средоземно море.

Во исто време ја вооружил својата пешадија, купил ново оружје и извршил тотална прераспределба на улогите на воените родови.

На третата година од смртта на татко му, Александар Македонски презел поход на Персија. Александар многу рано се здобил со воена вештина, ги контролирал и насочувал политичките движења, а во војната му помагале востанијата против Персија што ги кревале незадоволните грчки колонисти и Египќаните, Во воените судири употребувал сосема нова тактика, при што им нанесувал големи порази на на бројниот посилен непријател. Феникиските градови му се предавале и без борби.

Во Египет го пречекувале како крал, и го нарекувале Бог на Сонцето. Персискиот цар Дариј Трети, избегал од бојното поле кај Гавгамела, оставајќи го Вавилон кој подоцна станал нова престолнина на Александар Велики.Уследиле уште неколку големи борби, паднале уште неколку значајни градови а тогаш загинал и Дариј.Патот кон Индија бил отворен, и Индија ја сметале како крај на светот. Александар бил сигурен во себе дека така ќе го освои и целиот свет.Но патот кон освојување на цел свет, не бил така лесен. Александар се соочил со многу непредвидливи ситуации и тешки војни. Пред прагот на животниот сон, освојуваќи дел од Индија, Александар не успеал и да ги задржи заземените места. Под притисок на војниците се решил на нов чекор, пак кон неизвесноста – на пат кон татковината. Дел од неговата војска тргнала по копно а дел се вратил со кораби по море.

За сето ова време додека бил отсутен од Македонија, тој не бил во состојба да ја надгледува ситуацијата на Балканот. Домашните аристократи, ја искористиле отсутноста на Александар и се обидувале да зграбат што повеќе поседи и да се осамостојуваат.Тие дури и организирале востанија во Македонија. Затоа враќањето на Александар било неминовно. Кога се вратил во Вавилон, мислата пак го водела за во нови походи. Сега сакал да го покори Запад, и да избие на Средоземното Море и да ги освои Италија и Шпанија.

Во 179 година ја запечатила судбината на Македонија. Македонскиот крал Персеј бил заробен и многу македонски градови биле опљачкани и уништени. Се смета дека 150.000 македонски робови биле распродадени по светските пазаришта . Македонија станала римска провинција и така живеела неколку века.Во петтиот и шестиот век по Христа сеуште постоеле две провинции, наречени Мацедонија прима и Мацедонија секунда , со градовите Тесалоника (солун), и Стоби( чии урнатини се наоѓаат над гратчето Неготино во денешна Македонија.

Во 323 година пред Христа, големиот војсководец и освојувач речиси неочекувано умрел. А и ден денеска се трага по неговиот гроб далеку од родната земја.

Александар Македонски, станал легенда и мит. Неговиот пат до Индија, е опеан и во македонската народна традиција, во македонската народна приказна Брешко, македонскиот цар од познатиот собирач на македонскиот фолклор, Марко Цепенков.

Има многу земји низ врз кои освојувачите се обиделе да завладеат и поробат. И во Македонија многу земји се обидоја да завладеат , да ги наметнат своите влијанија, идеологии, режими, култура и со еден збор да го сменат иденитетот и да ја ограничат слободата на народот.

Сепак Македонија денес е слободна, во неа не успеале ни оние со посилни војски , ни со поголема моќ да го победат она што е посилно од секакво оружје и пари, - тоа е МАКЕДОНСКИОТ ДУХ, СВЕСТ ЗА СЛОБОДА, РЕШЕНОСТ ДА ЈА ЗАЧУВА СВОЈАТА СЛОБОДА.

Македонија е е се уште земја, во која се нанесуваат историски неправди. Историјата кон Македонија како да е маштеа а не мајка. Македонија поднесе се, даде големи жртви и не успеа никој да ја уништи и скрши.Иако историјата на Македонија е тешка и страшна, полна со неправди македонскиот народ успевал да гокрпе животот и во најтешките искушенија. Македонија и македонскиот народ никогаш не биле скршени од тешкотиите и неправдите. Историјата на Македонија е она убавото во нејзиното постоење.Поучени од историските неправди , грешки, барем денес да го сочуваме достоинството, да ја сочуваме својата земја и симболот по кој се идентификуваме како посебна нација во светот - Македонија – вечна!
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.