Среда, 18 Мај 2022   
И ВО ЦРКВИТЕ: СЕ СЕ СВЕДЕ НА ГОЛА ПОЛИТИКА И ИНТЕРЕСИ
1martin1
 
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 170
 

1. Повеќе нема неизвесности и непознаници: традиционално неутралните Шведска и Финска го напуштаат тој статус и постануваат членки на Северно-Атланската алијанса - НАТО.  Швеѓаните повеќе  од 200 години официјално наводно (!) го негуваа својот "неутрален" статус, а финците по завршетокот на Втората светска војна 1945 година (во која се бореа на страната на Третиот рајх) сепак одлучија и тие да се приклучат на НАТО.
 
   Со ова, практично се надополнува доктрината на НАТО за градење своевиден ѕид кон Русија од крајниот север на Европа, до југот на континентот и тој концепт се "збогатува" со уште две Скандинавски членки што одамна се компатибилни по сите основи со стандардите на Алијансата.
 
   Но, ајде да видиме што ќе значи овој потег на владите на овие две земји? Да почнеме од историскиот аспект. Шведска со векови била во војна со Русија и во одреден период владеела дури до Новгород каде вовела и своја администрација. Занимливо е дека по повлекувањето од таму, шведите целата документација ја понеле со себе, во Стокхолм, и проучувачите на средновековниот руски јазик денес истражуваат во архивите вo шведската престолнина! По освојувањата на Петар Велики кон западот, Балтикот постанува водена граница помеѓу Руската империја и Шведското кралство.
 
   Многу историчари и самата неутралност на Шведска ја доведуваат под прашање. Имено, земјата и во Првата и во Втората светска војна отворено е на страната на Германија! Како казна за подршката на Германија во Првата светска војна, под притисок на Обединетото Кралство во Лигата на народите архипелагот Оланд и е доделен на Финска, иако историски секогаш припаѓал на Шведска. Во Втората светска војна Шведска ја става на располагање целата инфраструктура (патишта, железници, пристаништа...)  на Третиот рајх, а во Зодртеље, близу Стокхолм, се произведувале тенкови од познатиот шведски челик. Иако во минатиот век во десетина наврати се шпекулираше дека советски/руски подморници се забележени во шведските води, сепак тоа никогаш не беше докажано, а претпоставките биле дека се работи за холандски подморници.
 
   Руско-Финските односи се посебна приказна што ја каракиеризира ширењето на царска Русија кон западот, на сметка на Финска. Од почетокот на 1800те години се до 1917 година Финска е дел од царска Русија, а и некогашната престолнина Петроград е изградена на територија што некогаш и припаѓала на финска. Но најголем пораз од финците доживуваат по руско-финакста војна во 1939 година кога изгубиле една третина од територијата позната како Карелија, а русите од таму протерале над половна милион финци! Дали Финска, како членка на НАТО потајно се надева дека евентуално ќе може да поврати дел од изгубените територии, времето ќе покаже!
 
  Како ќе се регулира водениот сообраќај  во Балтикот во иднина останува вистинска енигма?
 
  Плановите на шведите и финците се една работа, но за членство во Алијансата потребна е согласност од сите 30 членки, со што се наметнува како проблем со фамозниот консензус. Имено, Турција, која е членка во НАТО од 1952 година, најави дека  н е м а  да даде согласност за прием оптужувајки ги двете земји дека немале јасен став за тероризмот и вовеле санкции кон Турција!? Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги оптужи Шведскла и Финска како "легла на терористички организации" бидејки ги подржувале Курдската работничка партија (ПКК) и Револуционерниот фронт (ДХКП/Ц), кои се забранети во Турција.
  
   На најавите дека Шведска и Финска ќе побараат членство во НАТО остро реагираше и званична Москва преку изјавата на заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков кој рече дека нивниот изборот да се приклучат на НАТО е "грешка што ќе има далекусежни последици и ќе доведе до тоа радикално да се промени глобалната ситуација".
 
   "Живееме во нова ера", што би рекол легендарниот Хенри Кисинџер, и сосема е неизвесно како ќе се развиваат работите на глобално ниво, но и кај нас дома бидејки опозиционата ВМРО-ДПМНЕ најави долго и жешко политичко лето за да изнуди оставка на владата и предвремени парламентарни избори!
 
   Во меѓувреме, додека го пишувам овој прилог, и званично е објавено дека шведската министерка за надворешни работи Ен Линде го потпишала барањето на нејзината влада зе прием во НАТО, а иостпотп го напшравила и владата на Финска.
 
 
2.Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА, следејки го примерот на Цариградската патријаршија. Но СПЦ сеуште не се одважува да даде автокефалност (самостојност) на МПЦ-ОА, туку на седницата одржана во Сремски Карловци се определи за статус на автономија (!?) на МПЦ во рамките на СПЦ, што според добрите познавачи на црковната проблематика значи враќање на МПЦ на нивото од 1959та година.
 
   Медиумите известуваат дека контактите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ се обновени по пауза од 20 години, за време на првомајските празници и тоа во најголема тајност. Во соопштението од Соборот на СПЦ се наведува дека СПЦ нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората и препорачува "да се реши прашањето за нејзиното официјално име". А кога сме кај името, да потсетиме дека како наследничка на древната Охридска архиепископија се декларира Бугарската црква, цариградската патријаршија е децидна дека името "македонска" не смеело да стои во називот на нашата црква, а со СПЦ допрва ќе се расправало какво име треба или може да има нашата македонска православна црква!?
 
    Како и де е, важно е дека сега можеме слободно да комуницираме и сослужуваме со сите православни цркви што е сепак многу значаен дострел за МПЦ-ОА и целиот македонски православен народ.
 
   Но вреди да сде забележи: на ставод на СПЦ подршка даде Руската православна црква. Без срам и перде - а небаре проповедаат мир и љубов!? Па ние, т.е. Охридската архиепископија, им даде православие пред илјада години.
 
    За жал, се се сведе на гола политика и интереси, па дури и во црковите!!!
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор
 
 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.