Петок, 15 Октомври 2021   
Слободан ТОМИЌ - СО ОБРАЗ ИЛИ ЃОН ПО ГЛАСОТ НА НАРОДОТ?

1 slobodan

Еден од најважните германски политичари од 19 век, Ото фон Бизмарк, рекол: Политиката не е егзактна (точна наука), туку уметност! Би додале: Политиката е уметност на возможното! И двете дефиниции важат за престојните локални избори 2021. Затоа, зошто потребата од масовно гласање на престојните локални избори? И апелот: Разбудете се граѓани на Македонија, излезете на избори и покажете дека со Вашиот молк не сте придонеле за уништување на вашата и сегашноста и иднината на генерациите по вас!

Многумина од вас во овој период се окупирани со обични егзистенцијални прашања, книги за децата, место во детска градинка, огревно дрво за зимата пред нас, зимница за ефтина храна на семејството. Многумина се и во изборната кампања за гласањето на 17 октомври годинава, секој со интереси од власта, за работно место, тендерите...

И покрај се’, овие избори се од големо значение за иднината на државата и нацијата. Поразот на власта на локалните избори, брзо ќе предизвика предвремени парламентарни избори или поместување во актуелното парламентарно мнозинство. Се разбира, има и такви кои мислат на апстиненција од гласање, поради незадоволство и разочараност, убедени дека изборите нема ништо да променат.

Сепак, без разлика на мотивацијата за гласање или негласање на престојните локални избори, сите - независно од етничкото потекло и верското уверување - ја сакаат Македонија, сите сакаат подобра и поуспешна Македонија, економски стабилна, заради подобар живот и стандард. Тогаш вреди сите да размислиме, како до подобра и поуспешна Македонија, економски стабилна, заради подобар живот и стандард, ако седиме дома? Има една максима која вели, светот не страда од злото на лошите, туку од молкот на добрите! Затоа, ако мислите дека вашиот глас нема да промени ништо, грешите! Гласот на секој поединец има еднаква вредност! Вашиот глас го менува Вашиот живот, државата и светот! Вечна е максимата: Мисли глобално, делувај локално!

Вашиот глас е ваше право и зад параванот. И покрај сите притисоци и закани, Вие одлучувате кому ќе ја дадете довербата и кој број на гласачкото ливче ќе го заокружите! Зад параванот никој не може со вас да манипулира и да Ве злоупотребува! Зад параванот Вие сте суверенот на Вашиот живот и животот на Вашите деца, на Вашата сегашност и иднина!

Секако, загрижени сте за извесноста од вашето работно место, за школската година на вашите деца, за огревно дрво, за зимница, за високите цени на горивото и храната по пазарите и маркетите, за редовноста на платите, за здравствената заштита посебно во време на пандемија со корона вирусот и неговите бројни мутации, за мирот и стабилноста во земјата и регионот...

Но, останува предизвикот, излезете на гласање и кажете дека сакате светлина и позитивна иднина за вашиот народ, вашите деца, за себеси и нашата земја, нашата Македонија! Место вас тоа никој друг нема да го стори! Излезете на гласање на 17 октомври, бидејќи Македонија е наша, Македонија не и’ припаѓа само на власта!

Запомнете, ние сме слободни граѓани, стравот мора да го победиме со решителноста и самодовербата, дека нештата мора да се променат за лично добро и за подобро на сите! Покажете достоинство пред Вашите деца, покажете достоинство кон генерациите по Вас!

Alea iacta est (Коцката е фрлена) од “големите коцкари“, кои во изминатите 30 години ја прокоцкаа иднината и животот на генерации и генерации, на илјадници несреќници кои ги загубија или си ги одзедоа животите во криминалната приватизација, пирамидалните штедилници и многу други афери и скандали кои вечно ќе останат во нашата колективна меморија.

Европски функционери дури коментираат, дека за секоја македонска “услуга“ кон Европската Унија, “дебело“ е платено: Од промената на знамето во 1995, па косовската криза во 1999, Охридскиот рамковен договор во 2001, територијалната поделба во 2004, Преспанскиот договор во 2018, дури и за “гостопримството“ на Афганистанците годинава. За се’ е дебело платено! Но, од тие провизии офајдени се само поединци во власта, за народот како и секогаш коските, маките, солзите и страдањата.

Затоа и епилогот од средбата на Бриони за Балканот: Влез во ЕУ за Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија ниту во наредните 30 години! Поискрено од тоа здравје или NO PASARAN за Македонија во ЕУ со криминогена и корумпирана власт!

И после се’, ништо друго не ни останува мој народе, без двоумење, Да излеземе на масовно гласање на 17 октомври! Барем за овие 30 години сите научивме и знаеме што се избори!

Виситната е сурова: Со образ или ѓон по гласот на народот?

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.