Среда, 15 Септември 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 136

1martin1

РЕТУШИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА

Позната е изреката: "Историјата ја пишуваат победниците".  Но таа подразбира по правило победни(к)ци во две спротивставени во војна или друг вид на конфликт, страни и тоа според нивните видувања, настојувања или цели. Но кога со такви извитоперени цели историја ја пишуваат oтпадници од својот народ (како во нашиов, Македонскиов случај) тоа јас го нарекувам ретуширање на сопствената историја, типично за едно минато време што, за жал, се практикува во нашава земја и денес. (Повозрасните генерации се сеќаваат:  Ако некој на фотографија од одреден партиски или друг собир се замерил, или не му е по воља на некого од државниот или партискиот врв, во друга прилика истиот тој "грешник", на истата фотографија едноставно ќе го нема - избришан е. Е тоа е ретуширањето за коешто говорам!).

   Сведоци сме, на наше длабоко жалење, на практикување на методот на ретуширање на историјата на сопствениот народ и денес, во 21от век, од актуелните и од странство наметнати и диригирани властодршци во Република Македонија. Тоа ни се случи дури два пати за само еден месец и тоа за два - можеби најклучни датуми од нашата современа историја, а им кумуваше - кој друг ако не "таткото на нацијата" Стево Пендаровски!

   Прво, најбрутално и бескрупулозно го испоганија нашиот најдраг двоен Илинден со импровизацијата што ја приредија на Мечкин камен, во славно Крушево. Лицето Стево Пендаровски (наметнат од длабоката држава на претседателската функција, кој со папка во рака полна со новинарски исечоци го кодошеше кај странските амбасадори својот ривал Никола Димитров), одби да се обрати на присутните во Крушево на 2ри август годинава со што ја наруши со години воспоставената традиција. Манифестацијата на Мечкин камен годинава доби мултиетнички карактер(!?), но некој како да заборава дека претците на тој етикум жареа и палеа по македонските села и вршеа невиден злостор над цивилното население во 1903. (пред, за време и по Востанието) како елитен дел од турскиот аскер! Впрочем, токму нивен сонародник во служба на Отоманската империја го уби рускиот конзул во Битола Ростковски - голем симпатизер и подржувач на Востанието.

   Скандалозното ретуширање на современата македонска историја се случи и со одбележувањето на 30 години од независноста на Република Македонија. Да почнеме со аматерски, или подобро речено дилетантски срочениот протокол. Каде се чуло и видело приредба (пред Собранието на РМ) да трае цели три часа? Дали сценаристите виделе како Франција го одбележува празникот Бастиља (државен празник - Ден на Републиката)? Со воена парада од час до час и половина, краток пригоден говор од Претседателот Макрон и толку. Или како Русија го одбележува 9ти мај, Денот на победата над фашизмот? Исто така со грандиозна воена парада во траење од еден час, краток пригоден говор на Претседателот Путин и со полагање цвеќиња, но без обврска странските дипломати да ѕемнат на студот.

   Нашиве протоколџии не го научија златното правило дека по настапот на шефот на државата  н е м а  други говорници! Па дали сте виделе по настапот на Макрон, Трамп, Бајден да говори некој "поситен" функционер? Такво нешто нема и не може да се случи бидејки станува збор (фигуративно речено)  за настап на "таткото на нацијата" и недозволиво е некој друг него да го надзборува бидејки е во прашање пред се угледот на шефот на таа држава!

   А кај нас? Да не е сериозно, би било смешно. Пред Собранието прво се обрати Стево Пендаровски - во функцијата претседател на државата (кому за оваа прилика од кабинетот му подготвиле троа попатриотски интониран говор); па после него Спикерот Талат Џафери и тоа на албански, а уследи "гранд финале" со говоранцијата на Зоран Заев. Погрешно, па дури невкусно! За државен празник како што е Денот на независноста во нормални демократии со богати државнички традиции говори шефот на државата и никој друг. Може ли тоа конечно да го сватат кадрите од Муртино, од Гостиварско или други краишта на земјата кои се трпаат пред микрофон и кога треба и кога нетреба!?.

 1klus1ПРВИОТ ПРЕМИЕР НИКОЛА КЉУСЕВ

   Гафовите во протоколот можеби со текот на времето ќе се научат и корегираат, но за ретуширањето на историјата нема и не може да има простување!

   Секако последен и најголем пример за ретуширање на историјата е тоталното игнорирање на Експертската влада на акад. Никола Кљусев за 30 годишнината од Референдумот - Денот на независноста, којашто вушност и го подготви и реализираше Референдумот за независност! Стево Пендаровски целото внимание го посвети на Собранието, иако како небаре професор по право, би требало да знае дека Собранието одлучува по предлог (закони, декларации и сл.) на  в л а д а т а! Стево отиде дури дома кај Стојана Андов да му врачи пригоден медал, иако Стојан - по совет на генераали на КОС,  Н Е       Г Л А С А Ш Е  на 8ми септември 1991 на Референдумот за независност (Тоа за жал на Стојана и Стевота е документирано од повеќе сведоци и во повеќе книги!!!) Медали Стево додели и на сите пратеници или нивни наследници од првиот состав на Собранието, а за Експертската влада на акад. Никола Кљусев, ни збор!?

   Со покоен др. Кљусев често пати се потсетувавме на Референдумот за независност. Во една прилика тој самиот лично ми кажа дека тогашните државни секретари во МВР (Т.П. и  Б.С.) го информирале дека во седиштето на Третата армиска област (денес Министерство за одбрана на РМ) имало некаква "глува соба" која наводно не можело да се прислушкува, но таа сепак била озвучена од нашите служби. Во неа бил снимен разговор на Стојан Андов со генерали на српската КОС кои го советувале дека ако Референдумот не успее ВМРО-ДПМНЕ може да прави проблеми, па дури да има и пушкарења. Српските генерали му советувале на Столето (Андов) да се скрие (на 8ми септември 1991 се криел во потегот Богданци-Гевгелија), а подоцна истите тие од КОС ќе го изваделе на површина, т.е. на власт.  Андов ги послушал српските генерали и НЕ ГЛАСАШЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ, а после бесрамно импровизираше (очигледно наместено во некое студио) дека небаре гласа, па дури дава и изјава на новинарка во сосема празна просторија, без присуство на изборна комисија, новинари, народ... што не беше случај со снимките од гласањето на К. Глигоров, Н. Кљусев,, В. Тупурковски и многу други. Ете, тоа е ретуширање на историјата во случајот со Стојан Андов кое Стево Пендаровски (за кого Гоце Делчев бил Бугарин, а на Бојко Борисов му се обрати "Бојко љубави") го награди со посебен медал.

   Стево, дали твојата галичка глава може да свати дека и во случајот со поганењето на двојниот Илинден годинава и со скрнавењето на Денот на независноста главен виновник си ти и пред се ти, а за тоа еден ден ќе ти суди народот. Во тоа биди сигурен!!!

     По скандалот на Илинден, следниот ден (3ти август) гореше Кочани и половина Македонија, а по скандалот на 8ми септември изгоре модуларна болница за болни од ковид 19 во Тетово во која живи изгореа 14 лица. Случајност или не е, и во двата случаја само Господ знае кои се евентуалните сторители.

   Ретуширања на Македонската историја ќе има и понатаму, во тоа немам никаков сомнеж. Аферата со пожарот во ковит болницата во Тетово веќе ја "поклопи" појавата на некаков нон-пејпер за кој никој наводно не знае од каде се појави, а со содржина можеби најскандалозна  до сега!? (А да не ќе да е тој фамозен документ срочен од Калето? Бугарија е во невиден политички хаос, а на нашиве некадарници не им се својствени такви писанија. Следствено, длабоката држава чија цел е разнебитување и редефинирање на Македонија (за атер на Грција) чинам дека има најголем интерес да подметнува во јавност такви нон-пејпери!? Или можеби грешам?).

   Следното ретуширање очекувам да биде со резултатите од неуставниот попис што е во тек, а според кој (како што е зацртано од длабоката држава и срочено во неуставниот Закон за попис), треба да се официјализира дека бројот на одредена народност во Македонија не е 15% - 16%, како што тврдат многу одговорни дипломати и странски организации, туку најмалку двојно повеќе на што упорно инсистира коалициониот партнер во владата - ДУИ (затоа се попишува и дијаспората), што ќе значи редефинирање (ретуширање) на македонското општество по сите основи.

   Интересно, но после секое вакво ретуширање ми се наметнуваат накарадни мисли дека некоја невидлива сила подметнува екстремни инциденти за да се дефокусира јавноста и за да се покрие срамот на власта што толку многу и значи на длабоката држава која е одлучна да го реализира до крај проектот за редефинирање на Македонија и бришење на македонската нација!

1klus12

Почит на првиот премиер на независна Македонија му одаде Даниела Арсовска, идне градпначалничка на Скопје

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победнички листи за парламентарните и...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.