Коментари

Иван ТРПОСКИ : ОД ДЕДО НОЕ ДО БРАНСОН И БЕЗОС

Ivan Trposki

Ivan Trposki

Денес, најактуелна тема во светот е што побрзо излегување од кризата со корона вирусот Ковид – 19. Навистина никој од нас  пред неколку години не веруваше дека има таква сила која може светот да го закочи, да го застане! Е сега сите сме паталци на тој застој, кои бараме што побрзо да го победиме овој невидлив светски непријател.

Но како да го направиме тоа освен преку вакцинација на целокупното население во светот. Ама не е лесно практично да се оствари таквиот проект, се појавуваат пречки, најпрво при нејзината набавка, која се произведува во повеќе земји на светот, а се шпекулираат гласини дека од продажба на вакцините, моќни држави, бизнисмени и политичари се офајдуваат со огромно парично богатство. А има луѓе кои цврсто веруваат дека во овие вакцини постои хемиска супстанца која го отежнува правилниот развој на човечкото тело. Поради тие причини народот е поделен: за вакцинација и против вакцинација. Ваквата поделеност на луѓето во светот владее од памтивек, а кај Македонците започнува по пропаста на Александровото царство и окупацијата под Римското царство. Римјаните, пак, за да ги задржат во покорност  Македонците, од страв на повторно воскреснување, инсталирале проект кој ќе биде многу едноставен, но со долговременска намена:  кодошлак и љубомора. Ете овие се работите кои нашиот народ ги применува низ сите епохи на неговата национална историја.

Зарем некогаш покажавме љубов и слога за да создадеме слободна и суверена држава. Никогаш! Ниту со Самоиловото, ниту со Византиското царство, ниту со Балканските војни, во кои брат против брат се бореше за туѓи интереси. Истото ни се случуваше  со Илинденското, Крестенското и другите востанија. Ами оние „Предавства и политички убиства“ за кои пишува Верољуб Андоновски, така тој нив од умот си ги измисли. Кој ги предаваше војводите и комитите и кој ги убиваше? Исто така оние борци, партизаните, од поновата историја: Кочо Рацин, Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Струмичките студенти… па покушај за атентат врз  Глигоров и убиството на Трајковски и ред други  личности,  кој ги сценира нивните сценарија и кои се извршителите на нивните дела? Сигурно никој не дојде од Тунгузија за да ги извршит нивните злосторства. Исто така се прашува народот што прават политичарите и дел од интелектуалците во нашата земја, дали се слепи и не гледаат како криминалот и корупцијата цветаат, а економијата  и стандардот на луѓето тоне се подлабоко и подлабоко. Доста со мафтање на Европското знаменце и прокламации за „добрососедски односи“ на кои се носат брзи и неквалитетни проекти кои се штетни за Македонската држава и народ. Кодошлукот  владееше меѓу нашиот народ и во поранешната Југо – федерација кога се осниваа задруги, и тогаш народот се подели, некои  се определија за во колективите, а другите не ги сакаа нив, едните ги нарекуваа „задругари“, а другите  „кулаци“ . На кулаците им беше одземен имотот и стоката и беа удавени во даноци. Па едно време нели беше воведена забрана за да се чуваат Кози, кои беа осудени како уништувачи  на шумите. А сиромасите со нивното млеко и сирење ги хранеја децата и ги плаќаа даноците. А свесни сме и за поделбата на населенито кое беше на сила врбувано да се попишува дека се комунисти, наспроти оние кои беа верници и веруваа во Господ.  А дали знаете првите електрични – шок пендреци  дека беа употребени против населението во Вевчани. Да, вевчанци ги испробаа пендреците но не им ја дадоја водата на некои владини  чиновници  кои поседуваа викендици  над Струга, а господата сакаа со изворска вода да се капат, а не со езерската која им беше под нивните  стапала. А во најновавата денешна историја кодошлакот  ги подели Македонците и по партиски определби, во кои вогалавно доминираат СДСМ  „комунисти“ и ВМРО – ДПМНЕ  „националисти“.  Еве еден цитат за тоа како ги оценува македонските политичари, академик Љубомир Коцарев: „Односот на нашите политичари кон граѓаните на Македонија се карактетризира со: кукавичлук, недостоинственост, арогантност, неразумност, безобзирност, алчност…!“

На крај да донесеме и званична оцена на животот на Планетава земја, за која, спрема мислењето на властите во светот населението ќе мора насилно и целосно да се вакцинира за да ја прежвее пандемијата, а за дел од противниците на вакцинацијата кои мислат дека вакцината содржи частички со метална прашина, која дополнително ќе го засили зрачењето, загревањето и ќе ги убива нивните клетки со што доаѓа до предизвикување на задушување, срцев или мозочен удар, згручување на крвта и оксигинација во белите дробови. Така ќе почне да се намалува човечанството на земјината топка, на која, за жал,  ќе завладее неподнослива жешкотија и стравотен потоп.                                                         

1noe1 Но, спрема Библијата,  Дедо Ное со неговата Барка за да заштити дел од живиот свет, пренесол мноштво луѓе, стока и растенија, со кои по потопот го отпочнал новиот земјин живот.                                                             

2noe2 А денес сме сведоци дека милијардерите Ричард Брансон и Џеф Бизос се спремаат со своите ракетни летала да пренесат дел од високата боржуазија на населението во вселената за да го спасат од моменталната Апокалипса, која поради негрижа на луѓето и се заканува да ја уништи земјината топка.

Кој сака да верува нека верува, а кој не сака нека не верува – тоа е нивно лично право! 

Најново од: Коментари

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

To top