Среда, 03 Март 2021   
Свекрва : Кој денес се купува, ќе се продаде утре

1ab Свекрва

Во Македонија, таа класична земја на бакшишот, лесно е да се купат луѓето

Францускиот генерал Морис Сарај кој ги предводел сојузничките сили на Антантата на Македонскиот или Солунски фронт во периодот од 1915 до 1917 година, во своите спомени ќе забележи дека „Во Македонија, таа класична земја на бакшишот, лесно е да се купат луѓето, дури и крупните ѕверки. Јас лично на тоа не ни помислував. Кој денес се купува, ќе се продаде утре..“  

Основната причина за ваква перцепција на генерал Сарај, покрај оставштината од петвековното владеење на Турците, не може да биде друга, освен фактот што Македонците, биле од двете страни на фронтот и заради личните интерси и бенефит се бореле за интересите на Софија, Атина и Белград, наместо за сопствената држава.

По повеќе од еден век ваквата перцепција за Македонија се повторува во светот. Повторно се наоѓаат луѓе кои се спремни за „бакшиш“ да работат за туѓи интереси, за Белград, Софија, Атина и Тирана.

Со нивна помош тие нелегално доаѓаат на власт во 2017 година и наместо правда - се случи неправда. Во „земјата на бакшишот“, тие докупија луѓе, со кои се прекрши Уставот, законите и процедурите, а потоа го продадоа името на земјата. Сега пак се спремаат на соседите да им ја продадат историјата, идентитетот, јазикот, но и најплодната земја.

Овие луѓе вметнати во СДС, едноставно „веруваат“ и го уверуваат народот дека „најлесно ќе постигнат дипломатски успех (покрај НАТО и членство во ЕУ), ако просто на сите соседи им дадат се што ќе побараат.“

Но преставниците на социјалдемократите, како да не сфаќаат дека се на пат да ја федерализираат и потоа да ја изгубиме земјата. Откако дојдоа на власт тие постојано влегуваат од скандал во скандал. Ја прифатија Тиранската платформа, се договорија со Грција за промена на името и потпишаа Договор за пријателство со Бугарија, се на штета на македонскиот народ.

Осилени, дека никој не може да им застане на патот, преминаа на друго ниво. Случајот „Рекет“ во кој беа уценети повеќе бизнисмени укажаа дека пипците од новиот октопод по се изгледа се протегаат до највисоките кругови на извршната и судската власт. Сето тоа допринесе, перцепцијата за корупцијата во јавноста драстично се смени. Како резултат на тоа, веќе две години по ред индексот на корупција во Македонија не се подобрува и земјата е рангирана на светското дно.  

Во едни такви околности, буквално никој не сака да сороботува со таква влада. Така да одамна земјата нема пречекано некој висок преставник, претседател или примиер на странска земја, ниту пак некој челник од власта од СДС бил примен во странство, Поради тоа не треба да не чуди, што оваа власт е неспособна сеуште да ги набави потребните вакцини. Дури не и помога ни тоа што е членка на НАТО, за кое го сменија и името,

На народот веќе му е преку глава од се што се случува. Тој отворено веќе говори дека би го вратиле името, со оглед дека ништо не добиле од членство во НАТО. Последните истражувања на јавното мислење во земјата говорат дека најголем дел од населението е да се врати името дури и да се изгуби членството во НАТО, за кое впрочем во услови на пандемија и економска криза треба да се издвојува 2 проценти од БДП. Бројките само го потврдуваат референдумот од 2018 година, кога со бојкот населението покажа дека не ја прифаќа промената на името.

Покрај народот, конечно се јави и МАНУ кој го одби барањето на Владата  за промена на името на МАНУ во Академијата на науките и уметностите на Република “С“ Македонија. Имено, на барање на МАНУ, Собранието го отфрли Предлог-законот на Владата за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, со  „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република „C“ Македонија – МАНУ“.

Иаку многу закаснето, секоја чест на МАНУ и на нејзините членови академиците кои собраа храброст и кои во најголем дел се спротивставија на промената на името. Но ваква храброст треба да имаат и другите институции и да престанат да ги менуваат имињата или да ги вратат старите со Република Македонија. Мора да му кажат на овој ненароден режим дека е доста со распродажбата на националните интереси и дека дојде време тие да си заминат од власта.

Сега е време да се протераат луѓето кои за „бакшиш“ ја уништија државата.

Тие треба да одговарат пред суд, да им се одземе македонското државјанство доколу имаат двојно и да им се одземе имотот стекнат од распродажба на националните интереси. Исто така, треба да се донесе нова експертска влада која треба да ја искорени корупцијата, да ја врати правдата (Уставот и законите), да го врати името Република Македонија, да ја одземе од белосветските бандити земјата и да ја врати на народот, а таа да ја направи рајска градина за да ни се вратат децата, да ни се врати народот во земјата од која избегаа поради немање работа и немање правда, но и кои не скаа да бидат сведоци на уништувањето и распарчувањето на македонската држава, за која нивните прадедовци, дедовци и татковци ги положија коските на олтарот на татковината. 

 

На прво место

News image

Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател ...

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.