Среда, 24 Февруари 2021   
Ново издание ЗА ДЕЛАТА НА ПИСАТЕЛОТ МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

10123Академик Радомир Ивановиќ, книжевен критичар, есеист, македонист,антологичар, Универзитет Белград - Нови Сад

„Марија Кукубајска ја гради својата поетика на премиси кои ретко се среќаваат во современата македонска поезија, во однос на мотиви, методологии и мајсторства. Таа ја претставува тенденцијата во македонската поезија да се надмине старото но и новото книжевно наследство. Поетесата го истражува рационалното колку и ирационалното.  Нејзината поетска мисла не е лесно податлива за толкување, зашто нејзиниот поетски инструментариум се занимава и со урбан менталитет, современ сензибилитет издигнат во апстрахирани слоеви. Меѓутоа, основите на нејзината мисла застапуваат антропоцентричен концепт, бидејќи поетесата не го има одбрано космосот како простор за оддалечување од животот, туку како состојба на „умствени арени“ од кои зрачи размислување за современата егзистенција. Нејзиниот свет на поетски сензации често е пренесен во форма на парадокс, категорија на размислување што Кукубајска го проследува со посебен интерес за своите симболични слоеви на јазикот...“ (Од рецензијата за  првата книга „Временија и Неоткрит“, Културен Живот XX, 9/10. 1975)

10124

1977, Симпозиум, Октобарски сусрети, Ден на ослободувањето на Белград:

Проф. д-р Ратко Божовиќ, м-р Марија Кукубајска, проф. д-р Радомир Ивановиќ,

професор на Филозофски факултет Белград, црногорскиот скулптор Гвозденовиќ 

Од воведот во книгата

Проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамсен, УКИМ

Оригинална во уметноста и во науката за книжевност

          До објавување на првата книга поезија „Временија и Неоткрит“ на 23 годишна возраст (1973 година), Марија Кукубајска веќе постана најталентирана поетеса во родниот град и најзанимлив млад мислител од својата генерација во Македонија. Таа е оригинален експериментатор со јазикот и идеите,  авангарден а класично образован ум, длабоко промислен млад книжевен истражувач, која уште од детското и младинското книжевно творештво ја нарекуваа вундеркинд на литературни и културни активности. Во тек на училишните, гимназиските и студентските години Кукубајска се профилира како сестранo напреден ерудит, комплексен и комплетен интелект која и надвор од тогаш пропишаниот школски курикулум самостојно проучува историја на светските култури, литератури, општествени, технички и космички науки, религии и митологии. Се истакнува со одличен успех и со ентузијастичко посетување на две школи: гимназија и музичко училиште во Штип. На Филолошки факултет во Скопје студира на катедрата за англиски јазик и литература, а на Педагошка академија во Штип вонредно студира на групата воспитувачи. Најраните училишни успеси ги бележи во научно-технички и уметнички натпревари каде освојува први републички и околиски награди.

Години пред објавување на првата книга и дипломирање на УКИМ, публикува научно-истражувачки трудови, книжевни творби и преводи, во Нова Македонија - Колибри, Наш Свет, Другарче, Студентски збор, Културен живот, Македонија, Современост, Стремеж, Разгледи. Настапува на младински книжевни манифестации во Република Македонија и републиките во СФРЈ. Меѓу наградите од тој период се и I-ва Републичка награда за есеј, анонимен конкурс на Сојузот на студентите на Македонија, Скопје, по повод 100 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (1972); I-ва Околиска награда на конкурс за песна по повод денот на ослободување на Штип (1967); I-ва Околиска награда на Народна техника Штип, за теоретско-практичен натпревар од историја на техниката (1965); I-ва Околиска награда за есеј, „Бели пари за црни дни“, награда на Народна банка; Годишна награда на библиотеката Гоце Делчев Штип за најактивен читател; награда за  најдобра дебитантска книга на Струшките вечери на поезијата – Млада Струга, 1973 година, за книгата  Временија и Неоткрит; благодарница од претседателот на Индија, Индира Ганди (1969) за стихови посветени на индиската, Гандиевска филозофија на ненасилство и милосрдие (Ахимза и Сатијаграха); почесен прием кај претседателот на СФРЈ Тито, во состав на македонската младинска делегација (со Ристо Лазаров, Мими Бужаровски и раководството на Студентската младина на СРМ) за неговиот роденден (1972); носител на локалната штафета во Штип, https://youtu.be/vouz0iRIbQw 4:13-4:20 sec. (1977); меѓународна годишна награда за најдобра книга од дијаспората, Матица на иселениците, Скопје (2011); двократен добитник на признанието на град Штип, 8 Ноември, за вонредно залагање и постигнати резултати од областа на поезијата во 1973 година и за особен придонес и постигнувања како професор, научник и книжевник, 2015.

 Во 1972 година добива стипендија од Германската влада преку ректоратот на УКИМ, за летен семестар по културологија, традиција и напредок, на Универзитетот Ерланген-Нирнберг. Дипломира на Филолошкиот факултет на УКИМ, катедра за англиски јазик и литература, 1975. На конкурсот на американската Фулбрајт комисија во Белград освојува стипендија за магистерски студии по англистика (California State University Chico, California, 1976), каде ја брани тезата од креативно пишување: Neologisms, metaphors and symbols – multilayered challenges for the literary translation. Почесен докторат од областа на културата и уметноста на Медитеранските литератури добива 1984 година од Светската академија за култура и уметност, World Congress of Poets, Маракеш, Мароко. Докторат од фолклорни науки, народна литература, одбранува на УКИМ Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје, 2010, на тема Смртта и вечноста во народни приказни од САД и Македонија.

Почетни работни ангажмани: преведувач/новинар во престижната модна конфекција во Југославија, „Астибо“, Штип; новинар/уредник на весникот „Црвена Ѕвезда“, Штип; асистент по американска книжевност на Државниот Калифорниски Универзитет Чико; асистент за култура во „Америчка  Читаоница“ - Embassy of the U.S. in Belgrade, USIC; асистент лектор по англиски јазик на универзитетот Garyounis, Benghazi, Libya, Катедра за англиски јазик, и уредник и преведувач во тројазичниот билтен Hospital News, General Hospital Benghazi, Libya (English, Arabic, Serbo-Croatian); преведувач во Извршен совет, Влада на СРМ; уредник на Светска Антологија, втор дел „Панорама на југословенски поети по Втората сцетска војна (Panorama of Post-WWII Yugoslav Poets, World Anthology, vol. 2,  Poetry Europe) издание во Мадрас, Индија; студиски престој на Малта, преведувач на малтешкиот поет, писател и историчар на малтешката литература, проф. д-р Оливер Фриџери.

Од 1987 до 2007 година предава во, или раководи со, образовно културни установи во САД и Македонија, меѓу кои: директор на културно-рекреативната програма за развој и воспитување на деца со специјални потреби (возраст 3-11 год.) United Cerebral Palsy – Spastic Children Foundation, No. Hollywood, Los Angeles county; уметнички директор на галеријата Viet Nguyen Art Gallery, Burbank, California; директор, Primer pre-school and kindergarten, No. Hоllywood, Los Angeles; директор и професор по англо-американска литература во American International School Macedonia, Skopje; заменик директор и професор по англо-американска литература во American School Macedonia, Skopje; професор по англо-американска литература, етика и уметност, меѓународна гимназија НОВА Скопје; oсновач и претседател на ЕМАРИ (Едукација, Морал, Академски истражувања, Историја на културата) програмата за рана детска писменост, EMARI B-Rright House, early childhood literacy program, Arlington, Washington D.C.

Од 2007 до 2016 година предава на УГД, Филолошки факултет, каде се пензионира како вонреден професор. Раководител е на Центарот за јазици, 2007-8, кој се развива во Филолошки факултет, 2008-2009. Ги има предавано сите предмети од историја на англо-американската усмена и писмена литература, култура и цивилизација, за кои изготвува и курикулум за прв и втор циклус студии. За прв циклус студии: Британска книжевност 1 (од зачетоците до 15 век); Британска книжевност 2 (16-18 век); Британска книжевност 3 (19 век); Британска книжевност 4 (20 век); Британска култура и цивилизација; Шекспир и ренесансната драма; Американска култура и цивилизација; Американска поезија; Американски расказ; Американски роман; Англо-американска детска литература, за Факултетот за образовни науки, модул; Англо-американска култура и цивилизација – за Факултетот за образовни науки, модул. За втор циклус, магистерски студии: Англиска литература до 17 век; Англиска литература, 18-20 век; Постколонијален роман; Постмодерен британски роман; Постмодерен американски роман.

Во периодот до основањето на УГД,  е поканувана на предавања и книжевни настапи на бројни универзитети и академски институции во светот, меѓу кои и: УНЕСКО спонсориран Светски конгрес на поети (грант од Комисијата за културни врски со странство, Скопје, директор Матеја Матевски), Сан Франциско, САД, 1981; УНЕСКО спонсориран Светски конгрес на поети, во соработка со Министерство за култура на Грција, настапи на островот Крф и во Атина, Грција, 1984; San Jose State University: Inter-American Women Writers’ Conference - Women Poets in post WWII Yugoslavia, California, USA, 1976; Југословенски културен центар, Њујорк, Њујорк, САД - Книжевен настап со поезија од првите две нејзини книги, 1981; University of Albany, New York, книжевен настап со американскиот поет Стенли Баркан, учесник на СВП, Олбани, Њујорк, САД, 1981; Дебатна емисија за светскиот конгрес на поети и поетски идеи во светот, San Francisco TV program Lawson and the Arts, 1981; Pacific Asia Museum, Vietnamese-Chinese New Year multi-media performance, Pasadena, California, 1992; National Endowment for the Arts project, Vietnamese-Macedonian Art-Po, Irvine Fine Arts Center,  California, 1992; Chaffey College, Wignal Museum, Rancho Cucamonga, CA, Art-Po performance, 1991; Виетнамски културен центар, Санта Ана, ТВ Санта Ана, Калифорнија, САД, Art-Po performance, 1991; УНЕСКО спонсорирани конференции на Центарот за Биоетика во Парис: Израел, 2012 и Неапол, 2013; Обединета македонска дијаспора, ОМД, Прва глобална конференција, Арт-По изложба: Екологија на македонската душа, Вашингтон, САД, 2009 и други, наведени во ова издание.

Вклучена е во неколку меѓународни антологии и член на академии и здруженија, од кои: International PEN, USA Center West, Los Angeles, USA; Association Internationale Des Critiques Litteraires, Paris, France; International Biographical Centre, Cambridge, England; International Academy “Leonardo Da Vinci” Rome, Italy; International Bibliographical Center, New Delhi, India; Adresar pisaca Jugoslavijе (К-Lj), Kukubajska, Marija, str. 509, Matica Srpska, Novi Sad, 1986; ДПМ, 1976; Лексикографски центар, Книга 1, стр. 771, Скопје, 2009; Македонска енциклопедија МАНУ, 2009.

Марија Емилија Кукубајска наполни 70 години 2020 година (27 април, 1950). Во 2018 година се навршија три значајни датуми од нејзиниот творечки живот: 45 години од издавање на првата книга Временија и Неоткрит, 1973 и од основање на нејзиниот „Арт-По“, концепт, интерактивно, интердисциплинарно творештво помеѓу визуелната и вербалната уметност, (Југословенски фестивал на таленти Млади Мај, Зајечар, 1973, со младиот сликар Тодор Кукубајски, нејзин брат) и 25 години од лансирање на концептот за морални вредности „Екологија на душата“ (прва сликарско-поетска работилница со ученици од Бурбанк и Холивуд (Viet Nguyen Studio Gallery, Burbank, 1993).

Оваа библиографија содржи и монографски сегменти и е дел од обемното творештво на проф. д-р Марија Емилија Кукубајска во книжевноста, културата и во бројни научно-истражувачки, образовно воспитни и општествено корисни хуманитарни дејност. Изданието е израз на почит кон вонредно богатиот придонес на д-р Кукубајска во градбата на историјата на македонските постулати: македонска литература и култура, и во толкување и примена на универзалните световни и духовни принципи на човештвото: слобода на мислата, инспирација за иновативно книжевно творештво и истражување на интелектот и душата, времето и просторот со сегашноста и минатото, а во функција на конструктивното и надвременското во човекот и светот.

101251

Кукубајска: Настап на СВП, 1973 

10126

Кукубајска со Л. С. Сенгор и поети, конференција,

Поезија и медицина, Сан Франциско, УНЕСКО, 1981

10127

Кукубајска, промоција: „Еми-Вселена во вселената“ и „Македонецот од Штип“, Дом на културата, Штип, 2008 

10128

Кукубајска, на собрание на Друштво на писатели на Македонија, 1997

„Скица за библиографија со монографски сегменти“ за проф. д-р Марија Емилија Кукубајска е издание на НУ Универзитетска библиотека Гоце Делчев, Штип, Роднокрајно одделение и печатница „2-ри Август“ Штип, февруари, 2021. Книгата е посветена на реномираната македонска писателка, универзитетски професор, поет, есеист, антологичар, културолог и преведувач, и е дел од едицијата за истакнати македонски профили со меѓународна кариера од неколку области: медицина, дипломатија, култура, книжевност и образование меѓу кои и Коста Балабанов, Методи Чепреганов, Михаил Ренџов, Срѓан Керим, Трајче Кацаров, родени во Штип. Изданието е подржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.  

 

На прво место

News image

ВМР)-ДПМНЕ : Заеви станаа и нарко картел

Заеви станаа и нарко картел, да одговорат дали комбето фатено со дрога од 800 илјади евра е на с...

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.