Среда, 17 Февруари 2021   
Огромно мнозинство сегашни Бугари треба да се присетат на својот македонски корен
1Mane 1
 
Манојил (Мане) Јаковлески

Балканот е колевка на древни народи, но и на оние кои низ вековите тука стасале. Балканот е сцена на настанување и нестанување на држави, на империи, на царства и на кралства. Балканот е место каде се мешале верувања, традиции, јазици. За некои тоа го прави исклучително убав, раскошен, богат, а за некои, за жал, во тоа гледаат како на некое историско проклетство.

Но факт е дека народите се мешале, културите се испреплетувале, јазиците се вткајувале едни во други. На Балканот зедно се одбележувале народни и верски празници и взаемно се почитувале луѓето што на различен начин ја исповедале својата верба во Бога, и христијани и муслимани и евреи,...

Да не се залажуваме, во минатото, но и не многу одамна,  се случуваа и се случија невидени злосторства, за нормален човек непојмиви. Трагедии чии последици ги чувствуваме и ден-денес. Денес повторно сме сведоци на тоа како несозреани политичари, новокомпонирани европјани, јавно ги слават злосторствата што против Македонија и македонскиот народ ги направиле нивните претходници. А кога ќе повикаме на разум и човечка доблест во прифаќањето на реалноста за она што нивните претходници го сториле, како и во признавањето на последиците што како народ ги имаме, стануваат агресивни, навредуваат и покренуваат спектар од правни, политички мерки против нас, правејќи карикатура од високите принципи на Европската Унија каде членуваат и попречувајќи го нашиот пристап.

Препознавате. Во оваа пригода сакам да кажам збор-два за Софија.

Најпрво, да се присетиме на доброто од скорешното минато:

Бугарија прва ја призна Македонија.  Бугарија донираше тенкови пред да започне војната или конфликтот во  Македонија. Бугарија беше против балканска средба која ја договараа Милошевиќ и Мицотакис во Атина, а се` со цел дефинитивно распарчување на Македонија. Бугарија ја помагаше Македонија за време на блокадата која ја наметна Грција кон Македонија, а се` со цел економски да ја уништи Македонија. Македонија е благодарна за тоа.

Што сакаат да кажат бугарските политичари, кога велат, дека историјата е фалсикувана и треба да се пишува друга?

Знаеме дека многу Македонци, од различни причини својот дом го нашле таму, во Бугарија. Упатените не без основа (но и со многу иронија), велат дека во Бугарија, покрај Македонци, можеби ќе се најде и по некој Бугарин... Огромно мнозинство сегашни Бугари треба да се присетат на својот македонски корен, на македонските огништа од каде во новата татковина стасале нивните предци.

Денешните генерации во Бугарија не треба да бидат заробеници на злоделата што некој пред нив ги направил. Но одговорни се` додека го одрекуваат стореното. Одрекувањето на стореното зло и на неправдите значи солидаризирање со стореното. А тоа, ни пред човек, ни пред Бог не може да се оправда, а човек не може да го прости, бидејќи простувањето е во Божји раце.

Да не бидеме заложници на минатото. Да го живееме животот со љубов и со верба во Бога, во себе и во тие околу нас. Таков е светот во кој верувам. Тоа е светот што го посакувам. Тоа е светот за кој се залагам.

Сите сме само луѓе, создадени од Бога, грешни и смртни, подложни на слабости, суети и фрустрации.

 

На прво место

News image

ВМР)-ДПМНЕ : Заеви станаа и нарко картел

Заеви станаа и нарко картел, да одговорат дали комбето фатено со дрога од 800 илјади евра е на с...

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.