Среда, 20 Јануари 2021   
Марија Емилија Кукубајска: И ВО ВОДАТА - СВЕТА МОЌ

1emili1903

Руска икона, 18 в., с. Селженица, Твер

ЗА ЧИСТА БОЖЈА ЕКОЛОГИЈА 

Во сите религии, низ сите историски периоди, водата се смета за сила која обезбедува живот и прочистување, лечење и развој на човештвото. Реките Нил, Ганг, Јанг Це, Амазон, биле света вода со природна моќ да ја оплодуваат земјата, заедно со моќта на сонцето кое преку воздухот е во кругот на животот, одржуван спрема Божјиот закон за здрав и плоден свет на планета Земја. 

Во Христијанската религија кршевањето на Бог Исус Христос во водите на реката Јордан од пророкот Јован е сведоштво поставено од Него, Господарот на вселената, во Свето Тројство: Отецот, Синот и Светиот Дух. Крстот со својата света моќ го посветува новиот живот на земјата на пат кон вечен живот со Бог, ако човековото битие се изградува себе си спрема универзалните закони на Божјата вселена. Крштевањето го благословува и брани животот, го прочистува од темни сили и негативни енергии и го упатува на подготовка за освојување на Небесното Царство.

Водата при крштевање и на возрасните и на децата, има улога на спроводник на Божјата моќ, благослов преку светиот дух, средина за прочистување на човековата душа, свеста. Водата со својата енергија е течение на Божјата законитост како спроводник на возвишените природни врски меѓу живата и нежива материја, меѓу телото, душата и умот на човекот. Водата е спроводник меѓу составот на земјата и на вселената, на сите Божји светови за кои човекот знае премалку а премногу е арогантен во своите негирања на светата моќ во водата. Човекот изигрува познавач и освојувач на небесни тајни недогатни од земниот живот, не признавајки дека е само дете создадено од Небесниот Отец. Светите книги се откровенија вдахновени од Бог, и тие му ветуваат на човекот дека ќе продолжи во духовните светови подготвени за него од Вечниот Господар на се’, ако ги почитува законите на се, вклучувајќи ја и животодавната вода, и виното, крвта, плазмата...

Кршевањето на Исус Христос во Јордан е чин кој е изведен за човекот, за неговата потреба да се увери дека ќе биде со Бог, и со Светиот дух. Светиот дух се јавува при небесното осветлување, преку знакот препознатлив за човекот - невината птица гулаб кој симболизира мир, помирување на земјата, водата, светлината и воздухот, во кругот на бесконечното постоење на природата.

Христијанскиот крст го означува крштевањето, прекрстувањето на водите и насочувањето на водената енергија (во човекот и во природата) кон благотворна, чиста, прочистувачка состојба која обезбедува одбрана на животот од деструктивни процеси: суша, глад, војни, болести, што се познати последици во отсуство на вода низ минатото, или во разорен потоп, со Ное.  

Прекрстувањето на водата како течна енергија, дава и спроведува живот, и е во здрав сооднос со  духовната природа во човекот. Господ Исус Христос ја покажува својата семоќ за прочистување на светот и човекот преку крстот кој ги означува и четирите страни на Божјиот свет, четирите димензии предодредени за човекот, четирите временски сезони во циклусот на природата и четирите елементарни состојби на материјата - вода, оган, воздух и земја.

Господ Исус Христос побарал од Јован да биде крстен во Јордан, реката која спојува мноштво верувања, учења и потраги по Бог низ времињата. Исус, во Евангелието по Јован, 14:6, кажува: „Јас сум Патот, Вистината, Животот. Никој освен преку мене не може да дојде до Отецот“. Тој Пат се однесува на универзалните законите кои ја раководат духовна енергија - низ течностите и во човековото тело и во небесното тело од човекот наречено планета Земја.

Во однос на христијанското верување дека до Бог се стигнува само преку Исус, денес мноштво  вери и секти, околу 4,200 на светот, изразуваат нетолеранција. Верските разлики и атеизмот, му имаат дадено испревртено значење на поимот толеранцијата. Современото толкување на толеранција ги исклучува универзалните норми за вистина и се раководи по индивидуалните. Индивидуалната вредност на поединецот се сведува на лични убедувања за таа вредност, а не на општи и инклузивни морални закони на христијанството, кои претпочитуваат Љубов, Вера и Надеж за општо добро. Новата дефиница за толеранција е нетолеранта; и кога една индивидуа хумано укажува на различните верувања кај друга, таа е осудена како нетолерантен противник на вредностите на другата. Тоа е морал по личен избор, етика спрема интереси на поединецот.

Христијанското Библиско толкување на толеранција значи почит и грижа за другиот (соседот), без оглед на разликите во неговите наспроти твоите идеи. За благосостојба и напредок - Библијата укажува дека луѓето треба да живеат во меѓусебен мир (Евреите 12:14), да изразуваат љубов и милост еден кон друг (1 Петар 3:8) и да си простуваат како Исус Христос што им простува на луѓето (Ефесјаните 4:32). И во Стариот Јудео-Христијански Завет (Создавањето: 1:27) и во Новиот, е поставено верувањето дека секое суштество е создадено од Бог спрема Божјата замисла и дека Бог има величествена човекољубивост, милордие, простување и избавување, како кај татко кон своето чедо и кон неговите очекувани грешки и искушенија.   

Исус Христос и неговите следбеници немале проблем кога разговарале со луѓе од различни верувања, но не и со фарисеите од еврејската вера. Тие се нетолерантните еврејски свештеници  кои лажно ги наговориле Римјаните дека Исус од Назарет е виновен за рушење на мирот, за ширење конспирација и организирање револт против римскиот гувернер Понтиј Пилат и против владеењето на императорот Тиберие (27ма до 37ма година од раѓањето на Христос).

Но колку човекот научил низ својата светска, и лична историја дека култивирањето на човековите вредности во суштина значи борба против расипаното во човекот, а не борба за владеење преку таа расипаност? Од таму и неуспешноста на корпоративните еколошки агенди во чистење на човекова природа, и во ослободување на природната моќ на водата, земјата, воздухот и душата на светот, и на човекот. Но, Бог е Семоќен и Сезнаен, Создавач и Исцелител на природата, и на човекот во неа. 

Сакајте се, луѓе, зашто и Бог ве сака вас, неговите созданија. Создавајте, развивајте се себе си за правилно и праведно да ја разбирате моќта на водата на вечниот живот, потребата од чиста човекова околина, и над се’ – чиста екологија на душата, по патот кон Божјето пречисто срце.       

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.