Среда, 02 Декември 2020   
Думи од Георги Дукимов и Гоце Делчев за сегашната власт во Скопје

1abСвекрва

Зоран Заев треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. А таков челник на македонскиот народ не му треба и затоа е најдобро тој да си даде оставка од премиерското место.

Трагикомично е кога во 21 век Софија бара од македонските власти да прифатат дека македонскиот народ има бугарски корени, потоа да вели дека македонскиот јазик е западно бугарски дијалект и да зборува за заедничка историја. Но уште потрагично е што еден македонски премиер по три децении независност е на пат да го прифати ова барање и покрај притивењето на научна фела, интелектуалците и мнозинтвото на македонскиот народ.

Соочувајќи се со фактот дека власта во Скопје, предводена од премиерот Зоран Заев е на пат да направи непоправливи грешки. 

Ги пренесуваме думите на македонските револуционери Георги Дотиров Дукимов и Гоце Делчев. Се надеваме дека мислите на овие македонски дејци ќе допрат и ќе ги освестат луѓето кои ја водат земјата во провалија.     

Имено Георги Сотиров Дукимов (1926 година - ?) е еден од истакнатите македонски дејци, маченик за македонската кауза во комунистичка Бугарија и еден од основачите на ОМО Илинден. Тој е роден во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Но животот го поминал во Неврокоп и по бугарските затвори.

Георги Сотиров Дукимов напишал спомени под називот „Една идеја, еден живот“. Во неговите искажувања стои обраќање до оние Македонци кои од различни причини заборавиле на своето потекло и вели: „По убедување биди што сакаш, на својот бог се моли ти, но никогаш немој да забраваш, дека син на Македонија си ти.“

Заборавањето дека си син на Македонија за Дукимов е чин равен на предавство и вели: „Кога кажувам дека сум Македонец, значи постојам, се останато е предавство или смрт! ... Вековните маки на македонскиот народ се коват не само во Софија, Атина и Белград, туку и во Европа. За нас бугарскиот шовинизам, којшто сака да ја заграби Македонија духовно и физички , е враг број еден!“

Инаку, Георги Сотиров Дукимов своите спомени ги почнува со една дума од Гоце Делчев во која апостолот на македонската борба вели:  „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Кој сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, добар Грк или добар Србин, но не и добар Македонец“.

Оттука, сегашниот македонски премиер Зоран Заев, треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. А таков челник на македонскиот народ не му треба и затоа е најдобро тој да си даде оставка од премиерското место.

 

На прво место

News image

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија?

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набави...

Историја

News image

Стефан во Христа Бога верен цар македонски

Скоро целосно е непознато кај нас, но уште повеќе кај Србите, Бошњаците и Црногорците, дека во доцни...

Иселеници

News image

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ II (19)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска...

Култура и туризам

News image

14 jануари, стара нова година

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнув...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (55)

ДВОЈАЗИЧНОСТА,  РЕЛИГИЈАТА И СИМБОЛОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.