Среда, 02 Декември 2020   
Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО

1doomМакедонска нација

Никогаш не е прекасно, само заедно можеме да излеземе како победници ! Да бидиме сплотени и да не ги правиме истите грешки што ги направиле некои наши во минатото.

Листајќи ги „Документите за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том II, 1981,  наидов на писмото на стариот Петко од 3 септември 1935 година испратено до редакцијата на Ризоспастис, списание на кумунистичката партија на Грција. Под наслов „Го наоѓаат правилниот пат“,  

Македонецот, стариот Петко од Воден ќе напише:

„Го наоѓаат правилниот пат“

Еден ден падна во мои раце весникот „Македонско дело", орган на ВМРО- Внатрешната македонска организација (Обединета).

Го прочитав незаситно и размислив за минатите настани, за мојот злосторнички став спрема Македонците во 1893-1896 година. Во Македонија се создадоа вооружени групи чијашто цел беше ослободувањето и самоопределувањето на Македонија. Во тој период Бугарија испрати во Македонија комити. Една ноќ дојде во мојата куќа архикомитаџијата Апостол. Терорист на Ениџевардарска околија, со 30 комити. Во почетокот ми се закани, а потоа ме убеди да станам комитаџија, откако ми вети 50 лири месечна плата и бесплатно школување на моите деца.

Војувавме против Турците, но војувавме и со припадниците на ВМРО. Со терор, со убиства и поткуп, успеавме да бидат уништени македонските групи. Ние тогаш деклариравме дека Македонија е бугарска и се бориме за нејзиното приклучување кон Бугарија. Тоа е голема грешка!

Сега разбирам што сторив. Сега кога Македонија ја поделија Бугарија, Србија и Грција, а Македонците, наоѓајќи се пред трите држави, исто секаде страдаат.

Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО (Обединета), којашто се бори за интересите на сите Македонци“.

Писмото на стариот Петко од Воден, објавено во „Ризоспастис“ во далечната 1934 година, можеби ќе ги освести сите оние кои примаат парични средства од разни странски фондации и заради лични интереси работат против интересите на сопствениот народ.

Можеби ова покајание на стариот Петко е крајно време сите заедно да застанеме во одбрана на виталните интереси на земјата и да престанеме да се делиме на антички и славомакедонци, на патриоти и предавници.

Де­нес, ко­га има­ме сво­ја ма­ке­дон­ска др­жа­ва, да не ги пра­ви­ме исти­те гре­шки од ми­на­то­то. Да не се де­ли­ме! Да се бо­ри­ме за ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единство!

Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина. Никогаш не е касно, само заедно можеме да излеземе како победници.

Да се обединиме против злото наречено Зоран Заев.
 
За да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!
 

На прво место

News image

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија?

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набави...

Историја

News image

Стефан во Христа Бога верен цар македонски

Скоро целосно е непознато кај нас, но уште повеќе кај Србите, Бошњаците и Црногорците, дека во доцни...

Иселеници

News image

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ II (19)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска...

Култура и туризам

News image

14 jануари, стара нова година

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнув...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (55)

ДВОЈАЗИЧНОСТА,  РЕЛИГИЈАТА И СИМБОЛОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.