Среда, 25 Ноември 2020   
Европа не смее да дозволи да се повторат грешките од минатото

1abСвекрва

Бугарската уцена со вето на членството на Македонија во ЕУ, ако Македонците не се откажат од својата историја и не ги прифатат бугарските корени, значи прекршување на Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година меѓу двете земји. Неодамнешното вето од Бугарија значи неуспех на актуелната власт и знак дека социјалдемократите треба да си заминат од власта. Едноставно тие ги доведаоа во прашање националните интереси, ставајќи го јазикот, историјата и идентитетот на Македонците како предмет на трговија, притоа заборавајќи го однесувањето на соседот во минатото.  

Имено, поделбата на Македонија помеѓу Србија, Бугарија и Грција, извршена со Букурешкиот договор во 1913 г., беше санкционирана во Версај по Првата светска војна. Со овој чин версајските прекројувачи на Македонија дадоа знак за угнетување и протерување на Македонците од сите три дела на поделената македонска земја. Сепак, најизразено беше во Егејскиот дел на Македонија, од каде Македонците под притисок и терор од Атина масовно се иселуваа во Бугарија и Југославија.

Иселувањето на Македонците, особено доби широки размери по потпишувањето на конвенција на 27 ноември 1919 година меѓу Грција и Бугарија за „доброволна“ размена на населението. Со изговор за спроведување на овој договор насилно беа протерани и преселени во Бугарија повеќе десетици илјади Македонци од Грција.

Неколку години подоцна, на 29 септември 1924 година, министрите за надворешни работи Калфов и Политис, потпишаа протокол помеѓу Бугарија и Грција, со кој Атина официјално признава постоење на бугарско национално малцинство, обврзувајќи се да им даде национално политички права и слободи. Меѓутоа, под притисок на Белград, кој плашејќи се дека Бугарија во иднина можеби ќе бара Бугари и на територијата на Југославија, се закани со откажување на Договорот за пријателство со Грција од 1913 година и овој протокол никогаш не се спроведе.

Сепак, и покрај граничниот инцидент во 1925 година, кога грчката војска навлезе на територијата на Пиринска Македонија, а кој под притисок на Друштвото на народите беше прекинат и Грција беше натерана да плати оштета, две години подоцна дојде до олабавување на напнатоста меѓу двете земји и до потпишување на спогодбата позната како „Молов – Кафандарис“.

На 8 декември 1927 година двете држави потпишаа договор за регулирање на имотно правните прашања настанати во врска со взаемните преселувања на македонското и грчкото население. Овој договор е ратификуван од Советот на Друштвото на народите на 12 јануари 1928 година, а Грција била задолжена за македонските имоти да плати 1.050.000 лева на Бугарија. Инаку само во 1928 година беа преселени преку 32.000 Македонци од Грција во Бугарија.

Санкционирањето на поделбата на Македонија по Првата светска војна во Версај во 1919 година, беше неправда на Европа извршена врз македонскиот народ. Овој антицивилизациски чин овозможи тогаш да се изврши невиден терор и протерување на Македонците од своите вековни огништа.

Еден век потоа, во 2020 година, Грција и Бугарија, со помош на инсталирана власт во Скопје, повторно се пресметува со Македонците. Тие сакаат да го избришат секој траг на постоење на македонскиот народ, па кординирано удрија на името, јазикот, историјата и идентитетот.

Европа повторно со својот пасивен став кон македонското прашање станува соучесник во неправдата која се врши врз Македонците. И овој пат, заради својата членка Бугарија, ЕУ молчи и е на пат да го прекрши востановениот меѓународен поредок и право. 

Едноставно во 21 век, Европа не смее да дозволи да се повторат грешките од минатото и Брисел несмее да дозволи Бугарија да го уценува членството на Македонија во ЕУ со откажувањето на Македонците од својот јазикот, историја и идентитет.  Македонскиот народ тоа не го заслужил.

Што се однесува до Бугарија, таа повторно сака да изврши наплата на сметка на македонскиот народ, притоа сонувајќи за Санстафанскиот договор. Но, во овој случај, заканата за вето на Софија е противправен чин, а дури може да се толкува како уцена од повеќе милиони евра: „ Или кажи колку сакаш да ти дадам да за да кажеш дека си Бугарин или плати висока сума, за да станеш членка на ЕУ“.

Македонија е сиромашна земја, неможе да плати, но не смее ни за лични интереси на поединци да се откаже од јазикот, историјата и идентитетот. Ако некој и се обидел да преговара за овие клучни национални интереси, тогаш тој мора веднаш да си замине од власта и да одговара, а на негово место да дојде влада на национален спас, составена од експерти од сите партии, кои однапред ќе ги знаат работите за кои не смее да се преговара, а тоа се јазикот, историјата и идентитетот.

Оттука, не е како што велат од Софија, дека Скопје сака да и забие нож во грб, туку е обратно. Софија е таа која на напатениот македонски народ му забива нож во грб. Во тој контекст може да се каже, дека ако од една страна Европа бара од Македонија спроведување на право, а од друга страна дозволува Софија да му забива нож на соседот и истовремено да се крши правото на самоопределување на еден народ утврден во меѓународниот поредок, тогаш се поставува прашањето дали треба да се тежнее по секоја цена членството во ЕУ.

Затоа навистина на македонскиот народ му е потребна нова власт, која ќе знае како да ја изведе земјата од овој ќорсокак во кои поради лични интереси или незнаење ја почнаа челниците на социјалдемократите.

 

На прво место

News image

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија?

Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набави...

Историја

News image

Стефан во Христа Бога верен цар македонски

Скоро целосно е непознато кај нас, но уште повеќе кај Србите, Бошњаците и Црногорците, дека во доцни...

Иселеници

News image

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ II (19)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска...

Култура и туризам

News image

14 jануари, стара нова година

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнув...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (55)

ДВОЈАЗИЧНОСТА,  РЕЛИГИЈАТА И СИМБОЛОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.