Четврток, 22 Октомври 2020   
Ламбе Арнаудов: Честит 23ти октомври ВЕЛИГДЕН на слободата на МАКЕДОНИЈА

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан, СПОКОЈ ЗА МАКЕДОНИЈА

ВМРО – историско и ВМРО-ДПМНЕ ТЕ сакаме затоа што ТИ си спокој на Македонија и од срце ти посакуваме среќа на твоето заедничко патување со времето кон вечноста.

Македонија денес опстојува горда, исправена и пркосна само заради две работи (други и не и требаат) безвремена љубов со која те опсипува македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски да те сочува, обнови, унапреди и преуреди во пристојно место за живеење на сите граѓани на Македонија со еднаква стартна позиција при своето искачување на скалилата на успехот во животот без однапред некој да биде предодреден да биде подобар од другите. Затоа, почитувани ВМРО-ВЦИ кога ќе ве прашаат злонамерните: “на чија страна си?“, одговорете без размислување. Нема страна. “Сите сме Македонија.“

За да ја зачуваме нашата татковина Македонија повторно мораме да го направиме истото што пред 127 години го направија шестемина величествени во Солун, да ӣ подариме идеали за прво да ја заштитиме, кои потоа лесно стануваат конкретна акција со што навидум романтичниот занес се претвора во реалност.

Само така нема да дозволиме тиранијата и неправдата што сега е белег на нашето општество да се распламти и да се претвори во политичко цунами што ќе ја проголта Македонија.

Разумните луѓе особено кога е во прашање судбината на татковината не молчат и се престројуваат во првата борбена линија за да ја одбранат.

Такви се авангардата на Македонија ВМРО-ВЦИТЕ. Не заборавајте, во оваа борба сте сами. Другите, оние самобендисаните предводени од СДСМ и нивниот лидер кој повеќе личи на темничар кој слободата ја затворил во волшебна ламба отколку на премиер, заслепени од омраза целосно се парализирани затоа што не се дораснати на актуелниве состојби во кои самите ја фрлија Македонија.

Македонија сама се љуби. Таа е совршена интеграција на природни убавини, културно историски споменици, различности идеално поредени едни покрај други толку природно што не можеш да знаеш каде почнува едното или завршува другото.

Но, најмногу е сакана заради својата најголема вредност, луѓето кои живеат во неа. Луѓето се украс на Македонија, кога даваат се први, кога треба да земат прво прашуваат дали има за сите. Скромни се, задоволни со тоа што го имаат, а за тоа што дополнително им е потребно се борат чесно да го заработат за да остават чист образ за себе и семејството.

Молчаливи се и тивки, некои подвиткани од товарот на грижите или тешката работа, но исправени како вита ела, силни и горопадни кога се работи за татковината. Заради нив вреди да се бориш, жртвуваш, даруваш, свесен дека си го направил најдоброто во животот овоземен.

Во ова лежи вистинскиот одговор на недоветното прашање од разни злонамерници за тоа како и на кој начин златната шесторка од книжарницата во Солун која се состана на овој историски ден за Македонија и македонскиот народ, утврдените цели и задачи за слободна, независна и праведна

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.