Среда, 09 Септември 2020   
Ламбе Арнаудов: НЕЛИ, КАДЕ ШТО Е СЕГА МЕРИОТ НЕКОГАШ БЕШЕ МАКЕДОНИЈА?

1 Lambe

Ламбе Арнаудов: НЕЛИ, КАДЕ ШТО Е СЕГА МЕРИОТ НЕКОГАШ БЕШЕ МАКЕДОНИЈА?

Повозрасните граѓани на Македонија особено скопјани, ако сум во криво нека ме исправат.

Дефинитивно, “Мериот“, неговите 8 депанданси и уште неколку депандансчиња низ Македонија, ја урнисаа македонската држава, го избришаа македонскиот народ, јазик и идентитет и го доведоа територијалниот интегритет на државата во прашање, што отвора пат за комплетно, конечно исчезнување.

И, ако денес го прашате Зоран Заев како успеа да победи на овие избори, ќе ви одговори исто што и фашистичкиот генерал кој го завзеде Мадрид во Шпанската граѓанска војна: Победив со моите четири колони: мито, корупција, поткуп, застрашување и секако со најголем допринос од петтата колона внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

Петтата колона во редовите на ВМРО-ДПМНЕ е верна персонификација на ликот на Смаил-ага Ченгиќ кој кон подредените искажува невидена суровост и измачување, а кон своите претпоставени силно демонстрира слабост, вазалност и кукавичлук, истото тоа што петтоколонашите од ВМРО-ДПМНЕ го прават. Меѓутоа овие се уште полоши, затоа што додека беа на власт сета свирепост и тортура ја применуваа исклучиво врз своите сопартијци и симпатизери, а политичките конкуренти ги амнестира ја од теророт што го спроведуваа врз своите. Ете, така на сметка на маките и страдањата на своите обезбедуваа милост за сопствените злодела кај политичките конкуренти оставајќи ги верните вмровци на милост и немилост на сега веќе заедничката тортура врз нивните права и човечки слободи гарантирани со Устав и етичко-морални вредности запишани и општо прифатени од демократски определеното човештво.

Со ова си ја изедовте сопствената крпата со која ја бришевте калта и гнасотијата од вашите сурати за да го прикриете долгогодишното подготвување за срамно и грозно предавство во партијата и татковината.

Вистинскиот ВМРОВЕЦ чувството на освоената лична скапоцена слобода ја достигнува тогаш кога ќе стане роб на идејата на ВМРО за слободна, демократска, суверена, независна и самостојна МАКЕДОНИЈА!

А? Ова не го разбирате? Нормално, немате вијуги во вашите трошни мозоци кои во седма брзина работеа само кога се во прашање предавствата во замена за привилегии, комодитети, позиции и простување на вашите злодела.

Изминативе парламентарни избори имаа приоритет. Се лажете ако мислите дека беа борба за парламентарно мнозинство.

Приоритетот беше друг, отстранување на Христијан Мицкоски од лидерската позиција и лесен продор, без отпор уништување на ВМРО-ДПМНЕ со што би се елиминирал и последниот бастион на одбраната и сочувување на Македонска држава. Ова, второво, не успеавте да го направите, ниту пак некогаш или некој тоа ќе го направи. Најмалку вие осакатени душегрижници од кои сега вашиот наредбодавец ќе продолжи од вас петтоколонашите да ја завршите невозможната мисија.

Знаете што ќе ви се случи? Сами  на себе на сопствениот неразум и искривена совест ќе станете петтоколонаши.

Од вас ќе бегаат и најблиските. Затоа останете таму каде најдобро се чувствувате, во златниот кафез на предавството што самите си го избравте како темен оклоп кој ве оддалечува од вистината.

Предавникот Зоран Заев, кој убеден сум дека би ги трампал сите функции само да го нема ВМРО-ДПМНЕ, сакаше своето мрачно владеење да го прошири преку вас и директно да биде претседател на двете најголеми политички партии од македонскиот блок.

Со него заедно мислевте дека мешате оган и вода, наместо да застанете на страната на најблагородните идеали на чест, честитост, патриотизам, праведност и индивидуална и колективна слобода, го одбравте спротивното.

Одбравте да му служите на натемаго сатаната, па нека ви е на здравје, наскоро ќе видите сите топтан заедно што ќе ве снајде.

Картите вие ги поделивте: вмровци кои се тоа само кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт против вистинските вмровци кои се најверни на партијата кога е најтешко.

Затоа, вие, непостојаните вмровци треба еднаш да разберете дека Македонија може да биде држава со сите нишани само кога ја водат вистински и прекалени вмровци со нескротлива и никогаш неминлива љубов за својот народ и татковина, наспроти вашите наредбодавци од СДСМ и вие слуги на злото, кои ја имате омразата кон сé што е свето и патриотско.  

Мотото наше е: Подобро маки и страдања за верност кон ВМРО отколку привилегии и комоции со СДСМ. 

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.