Недела, 09 Август 2020   
Македонското наспроти материјалното...
1Goce MarkovГоце Марков

Прогресијата во македонизмот почнува од раѓање. Тоа е процес на воспитување, сакање, љубење на Родината,на грутката...

Првите зборови се Мама, мајка, мајковина, Македонија...
 
Во држава составена од 6 републики и 2 покраини, наречена СФРЈ ние пораснавме но за среќа и со помош на мои вујковци од мали нозе имав пристап до македонската историја, книжевност, борба, писменост...
 
Потоа учевме српско-хрватски. Да, учевме...
Но и наставникот знаеше потсвесно дела тоа е второто место и дека македонскиот е светлост, бела ноќ во црниот ни ден!?
 
Натпревари, македонистика, шарени книги и бит и фолклор не порасна.
Отидовме да ги осознаеме медицинските науки и анатомијата на јазикот, костурот на македонштината...
 
И упорно читав и читав, буквално се за макединските просветители, револуционери и дејци(а само што префрливме 14 лета)
Таа страст за своината, за стоицизмот и за двигателите на просветната мисла премина во опсесија.
 
Веќе со 18 лета го откривме закопаниот гроб на еден јазик постар од староцрковнословенскиот... со помош на еден актер од професор почнав еден роман кој сеуште го пишувам. Романот се вика Македонија(Фала ти почитуван проф. Мито Миовски). Теоријата на литературата ја запознав преку кавга со најголемиот левичар за тоа време(и двајцата бевме изненадени, тој од мојата интелектуална дрскост а јас затоа што не ме казни и положив со 9 и 10)
,, Фала ти и тебе, Вангелов!!"
 
Имаше едни протести во лето Божје кога се започна со еден нож во грб на мекедонизмот. Тоа беа протести кога излегов со крената глава против сите кои беа против моето царство, против Јазикот наш насушен.. Тие 97-ма и 98-ма ги помнам како сон!
Само една фотографија, на еден силен ветер пред Студенсткиот Гоце Делчев, заедно со цимерот Перо Петар Трајков од Струмица, јас во зелена монтка а тој во кожено палто.
 
Заедно со колегата Ивица Антексиден интелект од Гостивар дојден во Ск по мудрост бевме потписници на првите два состанока на Оние кои беа организатори на таа Собиранка од која после многу години многу се офајдиха а вистинските срца беа скромни, благородни и човечни.
Имаше,, Лоза" кога ја закроивме со интелекти од типот на еден Шамбевски-Оливер Шамбевски.
... Беа тоа времиња на креатива, на авангарда ама онаа вистинската, не Шарена и Пленумска и нарачана оо Али Експрес.
 
2001-та гледајќи што се случува ОДЛУЧИВ да се пријавам таму каде треба!!
За тоа толку беше муабетот.
Ниту мајка ниту татко послушав, но одлучив...
Бев, видов и се вратив... Фала му на Бога!! 9 месеци јас , 18 таткоми и 2 години дедо ми?!
Сега воениот рок е укинат, сега НАТО не брани!
Од кого? Е тоа стварно не знам?!
Знам дека тие што ни сменија име, Устав, Е, и тие не бранеле со авиони?!
44 скоро, Лета Господови и се помалку знам за Македонија!
 
Два Референдума поминав, едниот бев за отцепување на Македонија од творбата Југославија а вториот го Бојкотирав.
18 години после мојата духовна трансформација ги бранам црвено-црните бои а веќе и не знам од кого??
Од Комшиите, од Левите, од црнокошулците или од Своите??
Последното излезе најголема Борба!!
За да се запознаеме со Македонија треба да се откажете од материјалната корист?!
Можете ли?
Прашање за сите?!
 
Кога ќе можете, Е тогаш ќе ви верувам во искрената Љубов кон Македонија.
А се дотогаш сте само капка солза во моите очи гледани преку стакло, преку дурбин, во далечина правите Држава (или Ви прават).
А на терен правиме територија..
 
Да, да, онаква територија каква што бевме до 1913-та кога беше поделена МАКЕДОНИЈА на Пиринска, Егејска и Вардарска...
Да не се заборави, учете ги децата свои на вистинската историја. Оти ако не знаат кои се и што се, нема да знаат и каде тераат...
Баш како Овие сега.
 
П. С. Денес Македонија е пак пред истиот предизвик...
Ама тоа сме ние, Македонците!!
Сами ќе се изедеме, сами ќе се самоотуѓиме, сами ќе се уништиме...
Мислете, оти никогаш не е доцна.
 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.