Недела, 09 Август 2020   
Драган Богдановски се превртува во гробот кога гледа како “печалбари“ се обидувале да ја “спасат“ВМРО-ДПМНЕ!

1dragan

Во последно време сведоци сме на низа активности кои се насочени да се дискредитира и дестабилизира политичката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ и секој оној кој ја поддржува.

Со систематично и добро разработено сценарио, се спроведуваат разни активности со кои директно се напаѓа кредибилитетот и моралниот интегритет на низа личности, почнувајќи од највисоката позиција, па до сите клучни активисти во хиерархијата на партијата.

Неколку “печалбари“, кои беа на високи функции во државава и во ВМРО-ДПМНЕ, се прикажуваат како многу загрижени за сопствената земја и, замислете, за ВМРО-ДПМНЕ. Но, всушност, целокупната нивна активност е насочена против дискредитација и јавна бламажа на високото раководство на ВМРО – ДПМНЕ и, кон сите лојални членови во Партијата, со што, смислено и со умисла, прават директна штета на националното единство на македонскиот народ.

Со самиот факт што овие “печалбари“ и го свртеа грбот на ВМРО-ДПМНЕ, многу помогнаа партијата да се сплоти, обедини и со нови сили да се спаси и да продолжи по успешниот пат по кој ја води претседателот Христијан Мицковски.

Овие “печалбари-спасувачи“ неможат да се смират да не бидат во близина на чекмеџето со пари. Впрочем, тоа им беше и главната агенда во нивното целокупно не(работење) во Партија и во државните институции.

Невидена глупост, пуста желба и лични интереси повторно да се добие  некоја висока партиска или државна функција, или, пак, се работи за ветувања многу поголеми од функција во власта?

Каква е нивната улога во ова сценарио што го спроведува лидерот на СДС и, кој тоа, овие самонаречини душегрижници, ги повикал да ја спасуваат партијата и од кого? Се разбира, на прво место, според нив, тоа е од Христијан Мицкоски, кој беше избран на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и кој има огромна поддршка од членството и од Ветераните на Партијата.

Не­мало и нема да има та­ква личност што мо­же да ја рас­ту­ри ВМРО-ДПМНЕ, иа­ко, многумина це­ло вре­ме се тру­деле да го спроведат ова гнасно сценарио исклучиво за нивни интереси и лични амбиции.

Ако на првиот претседател и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, не му успеа да ја разнебити Партијата, тогаш, смешно е и да се помисли дека овие креатури од луѓе, односно “печалбари“ во политиката, ќе имаат капацитет и ум оваа подла игра целосно да ја спроведат во дело, според план однапред подготвен од лица и институции кои работат на директно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ и  библиска Република Македонија.

ВМРО ДПМНЕ е партија изградена врз цврсти идеолошки принципи, Затоа, ниту еден од овие  “печалбари“, не само што малку или воопшто не ја познаваат и почитуваат идеологијата на Партијата, туку, немаат ниту капацитет и знаење за да си дозволат да даваат мислења и предлози за Партијата или за водечките партиски личност во неа. Тие се премлади, без капацитет и без национално чувство, и, што е најважно, тогаш кога ја формиравме партијата уште беа во пелени, за да можат да ја креираат идеологијата на ВМРО ДПМНЕ.

Затоа, срамота и предавнички чин е нивната „амбиција“ денес тие да се јавуват и пишуваат дека, замислете, ќе биле „спасители“ на ВМРО - ДПМНЕ. Народот, за луѓе кои ќе направат некоја глупост, како овие самобендисаниве, секогаш велел „Зини земјо, голтни ме“. Полошо од ова, здравје.

Секому треба да му биде јасно за навек, ВМРО-ДПМНЕ не  е само политичка партија, туку, самото име ВМРО е иде­о­ло­ги­ја, ВМРО е бра­­ни­кот на Македонштината, на државата, на историјата, на културата, на јазикот итн. Така е и така ќе биде се додека векот векува и светот светува.

За­тоа, ние, ос­но­ва­чите и ве­­те­ра­ни­те на ВМРО-ДПМНЕ по­ра­чуваме:Пре­т­­­се­да­те­лот Христијан Мицкоски да про­дол­жи храбро да ја во­ди ВМРО-ДПМНЕ по патот трасиран во Програмата и Статуот на ВМРО – ДПМНЕ и по патот на победата.

Премногу тешки и мачни човечки судбини се преголем данок што чесниот македонски народ и нашата татковина Македонија можат да го платат за да нивните погубни судбини паднат во вашите лепливи, предавнички раце.

Затоа македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ ви порачуваат: Држете се подалеку од нас! Трпението ни е при крај, не знаеме што сé може да ве снајде.

Драган Богдановски се превртува во гробот кога гледа како “печалбари“ се обидувале да ја “спасат“ВМРО-ДПМНЕ!

Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна да е Македонија!

АМИН!

1 LambeЛамбе Арнаудов

1Malkovski DjordjiЃорѓи Малковски

1ManeМанојил - Мане Јаковлески

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.