Среда, 29 Јули 2020   
Илинден одраз на идеалот на две поколенија, на две епохи, за слободна, обединена Македонија

1doomМакедонска нација

На 2 август 1944 година, големиот Македонец и визионер, учител од Велес-Панко Брашнаров во манастирот Св. Прохор Пчински, го отвори првото заседание на АСНОМ. Неговите зборови; „Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчињски“ и на овој историски ден ИЛИНДЕН, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание, со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар, од Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава“, ќе останат засекогаш запаметени.

Воените и политичките успеси на ослободителното движење на Македонија во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт.  Целата територија на Македонија во текот на таа година беше опфатена со НО одбори. Истата година. на слободните територии се започна со формирањето и на околиски и обласни НО одбори, како повисоки органи на народната власт, а истовремено се пристапило и кон подготовките за создавање на антифашистичкото народноослободително собрание (АСНОМ). За таа цел во есента на 1943 година беше формиран Иницијативниот одбор.

Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, во март 1944 година донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни НО одбори, како и за изборот на делегати за Првото заседание на АСНОМ. Во писмото на Иницијатнвниот одбор од 14..III.1944 година се укажува дека „кандидатите за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат луѓе што на дело ја покажале преданоста кон Народноослободителната борба, што се согласуваат со политичката концепција изложена во Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија од октомври 1943 година.“

По одржаните окружни конференции на најголемиот дел од територијата на Македонија, во пролета и летото 1944 година,биле избрани раководствата на органите на народна власт на повеќе од петстотини НО одбори и 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ.

На 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински започна Првото заседание на АСНОМ,  на кое, покрај делегати, на Собранието присуствуваа делегатот на Врховниот штаб и на ЦК СКЈ Светозар Вукмановиќ-Темпо, делегација од Главниот штаб на Србија, делегати на НОФ, на АФЖ, НОМСМ и др. На Собранието присуствуваа и шефовите на Американската и Англиската воена мисија, акредитирани при Главниот штаб на Македонија, мајорот Дикенсон и капетанот Лемби.

Големиот Македонец и визионер, учител од Велес-Панко Брашнаров, го отвори првото заседание на АСНОМ. Неговиот говор (Документи, том II, Скопје, 1981 -  Прво заседање на Антифашиското собрание на Народното Ослободујенје на Македонија. Илинден 2 август 1944, стр., 4-5. (Скратено: Прво заседање).  ќе остане вечно запаметен:

„Точно во 5,15 часот поручок, при полна тишина најстариот по години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес, со тих и дрхтав глас, го отвора заседанието со следните думи:

„Другарки и другари народни претставители,

Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински" и на овој историски ден, ИЛИНДЕН, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници, многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци, на Гоце Делчев и денешните Илинденци, младата македонска вoјска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи, слободна, обединена Македонија.

Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија!

Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена: 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија, Крушовската република, го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.

Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба, на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал.

И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.

Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!"

По говорот на Панко Брашнаров, биле прочитани поздравните телеграми испратени до Првото заседание на АСНОМ (Анти-фашиското собрание на народното ослободуење на Македонија), потоа испратените телеграми од и до АСНОМ, како и пренесени поздрави од и до Првото заседание на АСНОМ. 

Од името на анериканската и англиската воена мисија, поздравот до делегатите на АСНОМ ќе го пренесе мајорот Сричка. Во него тој ќе каже:

„Ја сакам да проговорам неколку думи од името на присутните американска и англиска воени мисии. Нас не многу весели што сме заедно со вас. Радуе не што можеме да ви пружиме што повеќе оражје и военен материјал за уништувањето на Хитлер и неговите помагачи.

Големите и херојските партизански борби во Југославија под водството на Маршал Тито, познати са на англискиот и американскиот народ. Исто така, познато е оти македонскиот народ, под водство на Главниот штаб на чело со генерал Апостолски, зема важно место во овие борби.

И нашите народи водат борба на западниот и италијанскиот фронт а хиљадници аероплани учествуваат во борбите по сите фронтови и (ги) уништожуваат германските градови. Во сојуз со Советска Русија ние секи ден сме поблизо до победата".

Првото заседание на АСНОМ претставува „државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесоа повеќе решенија од кој посебно ги истакнуваме: за конституирање на АСНОМ во Врховно законодавно и исполнително тело на Македонија; за признавање и одобрување акциите и задолженијата на Главниот штаб на Македонија и на Иницијативниот одбор во периодот до Првото заседание на АСНОМ; за оддавање благодарност на Главниот штаб и на борците на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија; за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава; декларацијага за основните права на граѓаните во демократска Македонија“.

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

МОНОГРАФИЈАТА „ЈАНОВСКИ“ - ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСЕЛЕНИЧКА ИСТОРИЈА (1)

Монографијата „Јановски“ е дело за познатото семејство о...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.