Понеделник, 06 Јули 2020   
Дали да се гласа и зошто мора?
1KK Кирил Котевски, Шведска
 
Секои избори, без разлика на тоа дали се парламентарни, претседателски или локални, се демократска алатка каде што секој граѓанин може да бира и да биде биран. 
 
Впрочем секоја можност да се бира помеѓу најмалку две алтернативи (без оглед дали е политички изборот), ни дава можност за одлука.
Секоја таква одлука носи права, обврски но и последици. Последиците некогаш се позитивни а можат да бидат и негативни. Со тие права и обврски треба да се носи избирачот во иднина, но уште повеќе оној кој сме го избрале.  
 
Во светот на теоријата, вака од прилика изгледа дел од демократијата. 
 
Во пракса демократијата или изборот може да се контролира, да се сведе на минимум или да се насочи кон една или друга страна. 
 
Во Република Македонија изборниот модел е таков, каде што реално изборот се сведува на најсилните, најмоќните и најголемите партии. 
 
Тоа е тема што треба да се разработи за во иднина, каде што секој граѓанин ќе може да биде биран и да има реална шанса да се натпреварува без разлика на која партија припаѓа и дали воопшто припаѓа на некоја. 
 
Второто прашање во моментов е дали ние како Македонци имаме избор? 
Кога велам Македонци, мислам на сите етнички Македонци и сите останати етнички заедници кои Македонија искрено си ја сакаат како своја држава, со сите привилегии и обврски. 
 
Уште со потпишувањето на предавничкиот Преспански договор беше јасно дека иднината на Република Македонија ќе биде многу неизвесна. 
Беше јасно и дека нема да останеме само на тој договор, туку и дека другите наши соседи ококорени од леснотијата со која владатерите од СДСМ ги прифатија сите барања и на нашиот јужен сосед но и на нашиот источен сосед, ќе бараат се повеќе.  
 
Јас целосно ја разбирам жедта на нашите соседи во овој момент, бидејќи најдоа стадо без овчари.  
До сега беше нивниот момент да ги начнат сите нивни дамнешни аспирации кон Македонија. Овој пат легализирани од нашата Влада но и со уцена за вето кон почетните разговори за влез во ЕУ. 
 
Убеден сум дека сѐ ова беше лесно да се предвиди од секој слободоумен човек кој барем малку ги следел надворешните политики на сите наши соседи, но и справувањето со тие политики од сите наши политичари до сега. 
 
Но сепак на крајот од денот ниту една досегашна Влада на Република Македонија не се дрзна да го смени нашето Уставно име, историја, идентитет со таква леснотија, како што го сторија господата од сегашното СДСМ. 
 
Впрочем и барањето дозвола од граѓаните на Република Македонија во вид на референдум, беше едно големо понижување на својот народ кое самото по себе говори за нивните крајни намери. Тоа беше понижување кон истиот тој народ од кој сега повторно ги бараат гласовите. Апсурдно, зар не? 
 
Никогаш досега не сум ја оправдувал тезата да се гласа против една политичка партија. Тоа според мене е недостаток на визија, план и идеи на другата партија. 
 
Но овој пат морам да признам дека и овој непопуларен потег ја оправдува целта. 
 
Во овој изминат период од 3 години се направи толку многу пакост во Македонија што самата помисла дека повторно постои ризик истите да останат на власт, ми влева немир во душата. 
 
Нејсе, јас имам многу поголема доверба во мојот народ од оние кои толку валкано ја понижија неговата воља и интелигенција, што воопшто не треба да размислуваме на таа опција. 
 
Јас сум свесен дека многумина сега ќе го нападнат мојот пишан збор со веќе излитената фраза "дојди и биди патриот со 200 евра плата, па да видиш како е".  
Јас целосно го разбирам револтот на граѓаните, но во исто време морам да реагирам дека вршење велепредавство кон својата држава и народ во никој случај не носи повеќе пари. 
 
За поголема плата потребни се економски реформи, но уште повеќе чесна и искрена работа од секој, како и фер и функционален правен систем, реформирано здравство, но најмногу од се здрав образовен систем.  
Овие теми се исто така големи кои бараат свои колумни одделно.  
 
Која е нашата алтернатива? 
 
Со сите маани и доблести од минатото, сметам дека оваа генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ, дефинитивно ја заслужува нашата доверба.  
 
Но таа доверба никогаш да не биде безусловна. 
Ние како народ кој си ја сака својата Татковина и својот род, ќе бидеме будни коректори но и критичари кон секое евентуално неисполнување на ветеното. 
 
Верувам дека овој пат опцијата не е воопшто тешко да се одбере. 
Читајќи ја програмата на ВМРО-ДПМНЕ, убеден сум дека тоа е нашата најдобра опција во моментов. 
 
Влогот е голем ценети мои сонародници. Да не дозволиме повторно судбината на нашата Татковина која е стекната со многу пролеана крв, да ни избега од наши раце. Бидејќи овој пат одлуката е баш во нашите раце. 
 
Наредната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има огромен предизвик пред себе но уште поголема одговорност. 
 
Прво да се спречи продавањето и предавањето на се што е македонско и на секој македонски интерес, а второ да се поправат веќе нанесените огромно штети што се направени до сега. 
 
За да успее оваа мисија, потребни сме ние. Ние со нашето масовно излегување да го дадеме својот глас. 
Да не дозволиме да бидеме уценува и ни од надвор а уште помалце од внатре. 
 
Да си ја земеме работата во свои раце, бидејќи нашиот народ од секогаш знаел да го избере тешкиот, но исправен пат. Така било во минатото, така нека биде и сега.  
 
Свесен за отежнатата ситуација со пандемијата и стравот кој владее во целокупното население, сепак апелирам до сите слободоумни граѓани од Република Македонија но и од дијаспората да си го искористат своето право на глас, бидејќи од нас зависи. 
 
За Македонија се работи! 
 
 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.