Среда, 24 Јуни 2020   
АЗИСКОТО ПЛЕМЕ БУЛГАРИ ПРИМИ ЈАЗИК И ВЕРА ОД МАКЕДОНЦИТЕ

1kartaMacedonia matters: АЗИСКОТО ПЛЕМЕБУЛГАРИ ПРИМИ ЈАЗИК И ВЕРА ОД МАКЕДОНЦИТЕ

Кои сме, од каде сме, каде одиме - сите имаат право да си го познаваат и бранат идентитеот.     Бугарите потекнуваат од азиска прататковина каде зборувале на азиски, туркмомански  Котан-Сака (Khotan Saka) дијалект. Бугарите во својата централно азиска земја (Кавкаски регион, над Касписко Море) биле први туркомански племиња кои примиле Исламска вера, 7ми в. Пред исламизирање, Бугарите верувале во пагански божества со врховен бог Тангра.  Словените верувале во врховниот бог Перун. Бугарите примиле Христијанство во Македонија, 9ти в.

Др. Исмаил Џамбазов, Бугарин од првобитна татковина на Бугарите, Татарстан, во неговите истражувања изнесени во книгата “Volga Bulgars – first Muslims from Turkic tribes” (Волга Бугарите – први Муслимани од туркоманските племиња), со гордост истакнува дека Бугарите први постанале муслимани меѓу нивните Туркомани. Таму, во 7 век, Бугарските орди прогласиле независна бугарска држава, Волга-Кама Булгарски Ханат. Др. Џамбазов пишува:

„Наспроти нашите браќа од Дунавска Бугарија, кои го прифатија Христијанството, пред нив ние прифативме Ислам и, Алхамдулила, денес сме Муслимани“.

И академикот Шаукат Богданов, од Република Татарстан, старата булгарска прататковина, го потенцира фактот дека во 7ми век, Бугарите најнапред примиле Исламска вера и како такви и денес живеат во Татарстан. Исламскиот коран е составуван 609 – 632 г.                                                          

Познато е дека оригиналниот јазик на Бугарите, Котан-Сака, е машавина од дијалекти на хуните, монголите, ујгурите и татарите. Во Индо-европските јазични фамилии корени имаат Индо-Иранците, Балто-Словените, Германите и Италите. Индо-европски е и старословенскиот јазик на кој зборувале источно-европските народи меѓу кои и Македонците. Македонците во нивниот јазик имаат мешавина и од јазични корени од својата прататковина Античка Македонија, вклучувајќи го јазикот во Македонското царство на Филип и Александар Велики Македонски, зборуван од Македонците и во Израел, Египет и на Хималаите, од население останато од фалангите на Александар Македонски.

Во 7ми век Македонците во Македонија биле во рамки на Византиското, Источно Римско Царство, и веќе 7 века биле првите Христијани во Европа, со мисиите на апостолите од Светата Земја кои проповедале Христијанство во Македонија и во „Грција“: Павле, како и Петар, Лука, Матеја, Андреј, Јован и Богородица Марија. Биле покрстувани и во реката Јордан во 1от век, по воскреснувањето на Христос, како Македонци останати од Александар Велики во Светата Земја.

Ханот Аспарух, 7ми в., еден од азиските Бугари, со ордите кои се нарекувале Оногондурски, водат потекло од племињата што ги потчинил неговиот азиски татко Кубрат. Азиските Бугари ограбувале и пљачкосувале територии и на северозапад, преку реките Дњестар, Дњепар и Буг, за постепено да се дограбат до границите на Византија. Тогаш тие територии ја опфаќале и Молдавија, а на југ – Дунавската делта и Јужниот Балкан. Наспроти степите од кои Бугарските сурови номади биле протерувани и од Хазарите, Македонија во 7ми век била питома христијанска земја на север од Елинскиот карпест југ. Македонија била земјоделски и сточарски плодна, богата со руди и со културолошки развиено население, со византиски базилики, дворци и напредни села.

Од тој период се засилуваат агресиите на Бугарските варвари за покорување на Балканот и насилно формирање на тогашната Дунавска Бугарија. Во тек на 13 вековни војни, интриги, предавства и калкулантски бракови со европски кралски лози, бугарските племиња ги убедуваат и средновековните европски кралства, а подоцна и европските новонастанати држави од 19ти век, дека на Бугарите од Мала Азија треба да им се признае Бугарија како европска држава. 

Во 7ми век Бугарите напаѓале од неколку правци. Четири од петте синови на Кубрат со нивните коњанички орди составени од брутални банди, продолжиле да дивеат кон Византиска Европа. Братот Кубер стигнал до Панонија, каде се надевал на плен и нова територија откако Аварите и Хуните веќе стигнале таму (HUNgary, денешна Унгарија). Останатите групи со братот Алтсек напаѓале и пљачкале во северна Италија. Во нивната азиска прататковина останал најстариот син Батбајан. Македонија и Тракија ги приграбил хан Аспарух, во Бугарско „ханство“, 681 г.

Светската историја знае дека Бугарските племиња потекнуваат од регионот околу Источен Казакстан и дека нивната племенска политика била стапување во пљачкашки сојузи со други племиња во Централна и Мала Азија. Тоа продолжиле да го практикуваат и на Балканот, со терор, палежи, грабежи и окупирање на домородните територии на Македонија и пошироко. Бугарите од Азија се укрепиле во Византиското царство, со тиранија против домородното население и со самопрогласување на Дунавска Бугарија. Нивното запоседнување на Балканот се одвива и низ перфидни манипулирања со црковните и световните власти. После нивните пагански и муслимански верувања во азиска Бугарија од Долна Волга, бугарските племиња се борат да основат и христијанска бугарска патријаршија, со централна позиција во Македонија.

За формирање на новата држава за која се потребни нов јазик и нова вера, бугарскиот кнез Борис, 9ти век, се обраќал за признавање до Римскиот папа Никола I, патријархот Фотиј, Константинопол и Германскиот крал Лудовик во Регенсбург (Louis, Bavaria), но во повеќе наврати бил одбиван.

Од сопствен интерес за воспоставување на државност, јазик и црква, Бугарите го подржуваат културолошкиот и духовен зафат и на македонските браќа Кирил и Методија. Браќата проповедаат Библија и црковни литургии преведени на нивниот старословенски македонски јазик зборуван во Солун, запишан на нивната новосоставена азбука, глаголица. Позната е великата мисионерска дејност на македонските просветители Кирил-Константин и 11 години постариот брат Методија, во Панонија, Киевска Русија, Хазарија. Кирил го шири христијанството меѓу Хазарите 860-861 г. и престојува во Византискиот град Херсон за да го научи нивниот еврејски јазик.  

Хазарите, туркменистански племиња, а спрема некои теории и одамна залутани еврејски племиња, сепак во 8-9 век го прифатиле или му се вратиле на јудаизмот, привлечени од филозофијата Кабала и шаманските окултни верува во немилосрдната моќ на парите и силата, наспроти милосрдие, праведност и чесност во Христијанството (дебата на Св. Кирил со Хазарите).

Новодојдените Бугарски племиња во 7ми век во Вардарската и Брегалничката територијата, не го примиле грчкиот јазик за нивни нов јазик иако кој бил службен во Византиското царство, после латинскиот јазик, и пред поделбата на Римската империја. Бугарите го учеле старословенскиот македонски јазик, а за азбука го користеле елинското писмо, 7 – 9 век.  

Азиските Бугари биле принудени од Византија да се христијанизираат. Немале избор да не се согласат, биле вазали на територијата на Византиска Македонија. По потпишување на мирот со Византија, 864 г., ханот - кнез Борис I вовел Христијанство со архиепископ од Цариград испратен во Македонскиот образовен центар Охрид, примил христијанско име Михаил и наредил масовно покрстување на Бугарите (најпознато во реката Брегалница).

Со примање на Христијанска вера, азиските Бугарите се откажале од своето паганство кое го практикувале се’ до пред 11 века, како последни неверници во Европа. Како резултат на процесот на европеизација, Бугарите го научиле јужно-словенскиот македонски јазик и примиле Христијанска вера од домородната македонска нација - првата европска земја во која Апостолот Павле дошол да го шири христијанското учење за еднаквост, љубов и братство, спрема универзалните закони на Стариот и Новиот Завет, со пораките на Бог преку своето отелотворение во Исус Христос: мир на земјата и добра волја меѓу луѓето.  

Македонија на својата географска и етничка Балканска територија, со милениуми била крстосница каде напаѓале племиња од Африка и Азија, како грчките пирати пред тоа, а во 7от век и бугарските орди. Спрема својата генетска поставеност да се почитува другиот - мирољубивото, питомо а храбро македонско население воспоставува добрососедски односи и со бугарските и со елинските племиња, иако тие континуирано војувале и вршеле распарчување и асимилација на Македонија. Бугарскиот кнез Симеон (893-927) дури се нарекол себе си и цар на Грците.

Македонскиот космополитски и позитивен однос кон другите народи се докажал и порано, во филозофијата на светското царство на Македонија, кога Александар Македонски им дозволувал на народите што ги запознавал - непречено да го задржат својот јазик и култура. Тоа било спротивно од другите племиња на Балканот, како ксенофобичните, геноцидни и предавнички Елини кои често биле платени соработници и на своите непријатели, Персиските цареви, за уништување на Александар Македонски. Непријатели на Македонците постанале и Бугарите, иако од 7-9 век, ја примиле и христијанската вера и старословенскиот македонски јазик во Македонија, а не „грчкиот“ јазик. Се остварила бугарската цел да се населат и опстојат како неевропски народ во ново освоената Европска територија. Денес, нови миграции на народи од Азија и Африка, можеби веќе се подготвени да ја сменат верската, јазична и етничката карта на Европа спрема Новиот Светски Поредок, и нео-паганизмот. Се чини дека по 11 века, многу полесно и побрзо се создава нова држава и нова вера во ЕУ и светот, но и дека многу побрзо и полесно се укинува некоја постоечка држава, јазик, вера, историја. Можеби, по старите ханства и каганати, сега глобално се наметнува старата кабалистичка филозофија: парата и силата (ќе) го владеат светот... До некое можно, идно духовно освестување за човековите вредности. Но и тогаш, човештвото ќе нема ли борби со корисната бездушност на вештачката AI интелигенција и нејзината „античовечност“?

Сепак останува вистината, и во говорот на македонецот Григор Прличев (учителствува во Солун, 1884-1890). Тој бил уверен дека и под Османлиска окупација, гимназијата „ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, што ќе бидат светила на нашите училишта, ќе бидат благолепие на нашите цркви, ќе бидат столпници на верата и ќе го прославуваат македонското име.“ Тоа Македонско име и денес е име, во европска Македонија, заедно со Бугарското и Грчкото и другите европски и светски имиња на народи и држави.

Проф. Др. Марија Емилија Кукубајска

Професор по историја на Англо-Американската култура, цивилизација и литература, Филолошки факултет, УГД – Штип, во пензија. Доктор на науки: споредбен Евро-Американски и Македонски фолклор, Македонија. Почесен доктор по светска уметност и култура, Мароко. Фулбрајтов стипендист за магистерски студии по Англо-Американска литература, САД. Автор на книги, антологии, наставно-научна литература, критики, колумни и преводи. 

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.