Среда, 01 Април 2020   
Игор Јанушев: Ова е врвот на неспособноста на владата
Igor JanusevИгор Јанушев
 
Помошта на владата не е никаква помош, тоа е глумење дека работат нешто и тоа во услови кога системот се распаѓа.

Поважно им е денес да направат 4 прес-конференции и да вршат притисок до директорите на телевизиите се да се пренесе во живо наместо да им помогнат на компаниите кои се во длабока криза.

Нема ниту еден сериозен бизнисмен кој ќе каже браво за мерките на владата, а тоа е така затоа што сме на чекор од рецесија, а Владата ја “матка” јавноста со 14.500 денари, како тоа да е главната помош за фирмите, а впрочем како се условени нема никој и да може да користи.

Мерките на владата за стопанството и граѓаните не само што навестуваат огромна економска криза, туку и ќе бидат едни од главните причини за истата. Мерките не само што се недоволни, се и неправедни. Само мал дел на компании ќе ги искористат средствата. И да, и дури и тие малку компании кои ќе можат да ги искористат средствата, ќе треба да ги вратат. Владата и СДСМ “у ствари” си играат банки и всушност им нудат заеми на компаниите, односно граѓаните!

И со оваа помош, ќе се вратат ли на работа 10 илјади работници кои останаа дома во Кавадарци и Битола по престанокот со работа на двете големи фабрики?

Ова е врвот на неспособноста на владата.

Помошта за компаниите ќе завршат во приватните џебови на тие блиски до власта, а тој криминален филм на оваа профитерска мафија на власт допрва ќе го гледаме. Се додека на народот не му прекипе, а тогаш и на “мирчо свињарнико” ќе биде претесен.

 

На прво место

News image

Новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси

Неодговорноста на Заев и неговата лажна нормалност ја претвораат Македонија во балканска Ломбардиј...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.