Среда, 22 Јануари 2020   
Медена земја“ доби две номинации за „Оскар“

1 1Свекрва

Документарниот филм „Медена земја“ доби две номинации за „Оскар“ . Тој е номиниран за најдобар документарец и најдобар долгометражен филм на овогодишното доделување на Оскарите, со што стана најуспешен филм од Македонија. Документарецот го следи животот на пчеларката Атиџе, која живее со својата мајка. Иако живеат сиромашно со средства од продажба на медот, таа сепак им остава на пчелите доволно мед за да преживеат. Приказната за занаетот кој изумира, потоа грижата за пчелите и балансот кој пчеларката го воспоставува со природата, бескрајната лакомост на лугето кои сакаат да отповеќе да земат од природата мајсторски е прикажан во овој документарен филм. Тој е ремек дело кој со право е номиниран за два оскари.

Во филмот, покрај Атиџе и семејството кое времено се населува во селото, една од главните роли ја има македонската пчела Apis mellifera macedonica (апис мелифера македоника), која дава поквалитетен мед и е многу поотпорна на болести од другите. Неа ја сретнуваме како традиционално се огледува во трмки(мали конусни направи изработени од слама, трева и кал), начин кој изумира, бидејќи иако медот е одличен, придонесите се помали. Од друга страна македонската пчела која е загрозена од одгледување на странските пчелини матици, што е прикажано со дојденците во нејзиното родно место.

Во документарниот филм гледаме како Атиџе се грижи за пчелите исто како што правеле нашите претци, во трмки, дрво, карпи (бртви). На тој начин пчелите се развиваат според своите потреби и како што им налага природата. Човекот многу малку влијае врз нивниот развој. Сето ова може да се види во мајсторски сниманите сцени, прекрасните кадри, кои го прават овој филм навистина уникатен, ремек дело на професијата.

Нема да биде чудо ако овој филм освои еден или пак два оскари. Но она што интригира, што во овој документарец воопшто не се спомнува придавката македонски, како што е на пример  македонската пчела, а и многу малку или речиси воопшто не се говори македонски, со што се добива впечаток како ова да не се случува во Македонија.

Јасно е дека Атиџе не може да знае за Apis mellifera macedonica, која живее во Македонија, Егејскиот дел на Македонија и други деловии на Балканот, но секако има начин како тоа да се престави на јавноста. Сите како да бегаат од употреба на придавката македонски: македонска пчела, македонска земја, македонски народ, македонски јазик.

Познато е дека странските донатори вообичаено даваат пари за спроведување на проекти, меѓу кои и медиумските, за да државата се прикаже како мултикултурна. Во тоа ги пратат и домашните донатори, со што полека се брише се што носи придавка македонско. Познато де странците ќе дадат средства на оној кој ке снима за белоглавиот орел отколку оној кој ќе снима за лавот.

Сите се свесни дека меѓународната заедница прави се за да се популаризира наметнатото ново име на државата, кое народот не сака да го прифати. Тоа се случуваше со „Евровизија“, тоа се случува и сега, иако и песната и документарниот филм заслужуваат многу повеќе од политичките игри.

Неможе никој да не убеди дека „Медена земја“ незаслужено е номинирана. Всушност „Медена земја“  заслужено има добиено многу претходни награди, а сега е и номиниран за оскар. Но, прашањето е дали овој документарец би бил номиниран, ако се зборуваше на македонски јазик и ако беше деклариран дека доаѓа од Република Македонија.

Некој ќе не осуди за ваков еден коментар, но без разлика на се им посакуваме, како на режисерите на „Медена земја“ така и на другите да продолжат да прават и освојуваат награди. Тоа го заслужува македонскиот народ. Но им препорачуваме, дека за играни, играно-документарни и документарни филмови има многу теми во нашата историја кои не се опфатени. Тоа се настани поврзани Кресненското востание, Солунскиот фронт, Самоиловото царство, децата бегалци и многу други.

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.