Петок, 17 Јануари 2020   
Лек или злоупотреба, колку е тенка линијата?

Лек или злоупотреба, колку е тенка линијата?

Во процесот на европеизација наврат нанос, каде сите, таму и ние?! Подготвени или не, неважно. Меѓу другите стотина  ,, физибилити студии” така и оваа со канабисот заглави пред да тргне. Создавњето една,, теритирија”, ослободена од облигации, право, одговорност каде секој од позиција ќе може да прави и решава што сака, да одгледува, дистрибуира , продава, извезува марихуана  во вид на Сув цвет, денес и сега, а утре којзнае што ќе им текне!?

Легализација, стриктно за медицински цели и научни истражувања наспроти декриминализација на употребата во рекреативни цели и продажба со извоз??

Canabis sativa, марихуана или популарната Трева!Тоа е едногодишно растение  што ја содржи псиохо-активната состојка ТХЦ (тетрахидроканабинол) или популарната супстанца, средство  за „хај“
​Легализацијата и декриминализацијата на канабисот во моментов се главните прашања како во светски рамки така и кај нас. Во Македонија, во 2013- та се донесе закон кој е во целосна  согласност со целите , потребите и методите на легализација на  пазарот за медицински цели, додека на почетокот на 2016-тата година беа направени законски измени, со што беше овозможено одредени компании и фирми  да добиваат дозвола за прозиводство на канабис за медициснки цели, т. е. ако си близок до власта ќе добиеш лиценца?Сите сомневања денес се насочени кон власта и полемиката кој и како ги дели тие лиценци за одгледување и кои луѓе ги    добиваат истите, значи оние  блиските со  власта.

Сетете се кој  ги повикуваше сите инвеститори кои имаат можност да инвестираат во оваа дејност „зошто е чист профит” и кој правеше промоција на истата идеја?! Кој се обидува од контролирано здравство да направи мини бизнис плантажа од Македонија?!
Денес имате ситуација кога сопствениците на оние производители – компании излегуваат пред Влада на штрајк и секојневни пресс конференции затоа што робата не стои, ним им е кажано едно а на јавноста за жал друго, не трпи поминато време и бараат целосна  декриминализација на марихуаната, цврсто убедени дека ,,Некој” стои позади нив и се  обезбедени од власта на сеаков можен начин, по кој веруваат дека секој момент е важен за нив за да се покријат идните трошоци.(како нивните така и оној мој бил иницијалната каписла за зародиш)
Истиве групи и групации направија една иницијатива во Собранието за измена на Кривичниот законик со кои ќе се овозможи декриминализација на марихуаната и нејзин извоз во вид на Сув цвет. Сега понатаму камо?
Прашање е, кој е овде несовесен?

Оној кој продал мала количина на црно или оној кој е со задни намери скриен позади превезот на политиката и законските регулативи да одгледува количини и ги продава?
Затоа е потребна една точна дефиниција што е легализација наспроти предлозите на власта за декриминизација или целосна либерализација на пазарот.

Итно се потребни средства за избори или крајната цел е чесна? Па не би рекол дека обичниот граѓанин пие нафта наутро наместо кафе!?

Втората опција отвора сериозни можности (особено во малите земји како нашата) за избегнување на одговорностите и благ премин кон,, легална трговија”.
Не, на дивата продажба и Да на легализацијата за користење во медицински цели и истражувања под покровителство на Министерството за здравство и контрола од МВР. Само така ќе можеме со нашите можности да имаме контрола над состојбите. Се друго е формирање територија за продажба и,, легален пат” на продажбата и дистрибуцијата на опојни дроги.

Одгледувањето на канабис во Македонија според законот е дозволено само за правни субјекти, кои тоа ќе го прават во медицински и научни цели и за истражувања . Тие прво треба да добијат лиценца од Министерството за здравство, по претходна согласност од Владата.
Според Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, секоја една фирма може да добие дозвола за производство доколку има обезбедено некои параметри како одреден  простор, ширина, земјиште за одгледување, магацини и склад за сушење и складирање. Канабис употребен во медицински цели се сите  свежи или суви делови на растението, вклучително и семето.Барем така беше дефиницијата?!

Значи борбата за слободен проток и флуктуација на пари е отидена дотаму да компарацијата ние ја правиме само со Холандија и САД каде владеат либерални закони по ова прашање и има слободна продажба на марихуана како за рекреативна употреба така и за продажба, ако ти е ќеиф ќе си ја чуваш и на балкон во саксија без да даваш некому отчет.

А отчетот и овојпат е планиран да биде кафе брифинг наместо три вкрстени комисии на две министерства… Македонија им е во мислите ич да не се секирате! Само денес е друго време и нема да дозволиме некој да си игра со судбината на иднината на нашите поколенија.

Законодавецот таму, а по тој копи паст систем и овие  овде (барем досега) предвиделе дека просторот за одгледување канабис треба да биде атмосферски заштитен со фолии и ограден со ограда висока најмалку четири метри, да има обезбедено услови за мониторинг на процесот на одгледување, постојан видео надзор над целиот простор и физичко обезбедување во текот на денот и ноќта.

Овие компании вработуваат агрономи, фармацевти и менаџери кои се грижат за целокупниот процес.

Тоа се параметрите за одгледување, додека оние за продажба допрва ќе бидеме сведоци на нивно јавно промовирање.
Уште еднаш ќе можеме да ја видеме на дело либералноста наспроти конзервативноста во една благо сурова форма на политичка имитација или солидна конзистенција. На крај, секој со неговиот став!

Гоце Марков

https://kurir.mk/makedonija/vesti/lek-ili-zloupotreba-kolku-e-tenka-linijata/

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.