Среда, 20 Ноември 2019   
Ни треба раскинување, а не поништување на преспанскиот договор

janevИгор Јанев

Ни треба раскинување, а не поништување на преспанскиот договор

Грција ни наметна лажна перцепција дека ние со Грција имаме (некаков) СПОР или Разлика, а ова перцепција и лажна парадигма е прифатена не-критички и во меѓународната заедница односно во ООН.

Ние немаме спор или разлика, ниту можеме за вакво уставно прашање и УСТАВНА КАТЕГОРИЈА во строга домашна надлежност да имаме спор, туку една држава нас не не признава под уставното име и ова го издига на ниво на меѓународен спор или РАЗЛИКА, со стратегијата УНИВЕРЗАЛНО НЕПРИЗНАВАЊЕ (преку наводен одн. измислен тнр. спор или разлика).

Сега наша стратегија мора да е спротивна те. УНИВЕРЗАЛНО ПРИЗНАВАЊЕ на Република Македонија во ООН, покажувајќи и докажувајки дека грчкиот тнр. спор/разлика е беспредметен, бидејки споровите за државни имиња не постојат, а референцата е нелегална, посебно и со еден ООН механизам за уценување една суверена земја во правец само-откажување на сопствениот идентитет.

Со над 130 државни признанија ние можеме да ја ставиме на гласање Резолуцијата на ООН (во Генералното собрание на ООН) со која го продолжуваме членството во ООН како Република Македонија.

Со тоа се елиминира референцата (ДЕНОМИНАЦИЈАТА или на макед. прекрстување) и неосновани се преговорите за уставното име, и по воспоставување на името во ОН ние стануваме универзално признати како Република Македонија односно фактички како Македонија.

При која било идна промена на нашето уставното име, пр. во Македонија или пример во Држава Македонија, ние ќе го задржиме правото и во ООН да се нарекуваме според нашиот избор содржан во Уставот на Македонија.

(Ако во Уставот е пример државното име Македонија, и во ООН ќе бидеме само Македонија).

Одлуките на Генералното собрание на ООН за несуштествени прашања, каде потпаѓа и гласање за продолжување членството во ООН се носат со простото мнозинство од членките присутните и који гласаат

Одлуките на Генералното собрание на ООН за несуштествени прашања, каде потпаѓа и гласање за продолжување членството во ООН се носат со простото мнозинство од членките присутни и који гласаат во Генералното собрание. Со други зборови ни треба сигурна подршка од само 100 држави за ваква акција во ООН. 

Натаму, кога станува збор за членските права на држава во ОН, одлуката на Генералното собрание на ООН обврзува сите органи на ООН, и Организацијата на Обединетите нации. Генералното собрание на ООН има примарна задача и одговорност да се грижи за членските права на државите-членки на Организацијата на ОН.

Предлог Резолуцијата на Генералното собрание на ООН во нашиот случај содржи Одлука за продолжување членството.

Оваа Нацрт резолуција може со интензивно лобирање да помине и со помал број сигурни држави који би гласале за ваквата Резолуција од бројката 100 членки (пример ако е во сала на Генералното собрание 80 членки, ни треба само 41 држава членка, или пр. ако се во сала на Генералното собрание 100 членки ни треба само 51 членка). Во случај да не успе гласањето, пример оваа година, следната година на Генералното собрание можеме пак да бараме гласање за истата (како и секоја следната година, се додека Резолуција не помине и продолжиме членството под Република Македонија во ООН).

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.