Среда, 13 Ноември 2019   
МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ-ИДНИНАТА НА СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА

Vilijam Velkovski

Др. Вилијам Велковски специјалист по ортопедска хирургија

,,МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ-ИДНИНАТА НА СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА,,

Регенеративната медицина претставува нова гранка на медицината на 21 век, истата е поврзана со матичните клетки и нивната способност да се диференцираат во други клетки и ткива на тој начин да се создаде можност за терапија и третман на дури и најтешките заболувања.

Човечките плурипотентни матични клетки, human pluripotent stem cell (hpsc, hipsc) имаат неограничена способност за самообновување.

Во клиничката пракса сега и во македонската медицина, матичните клетки се единствената надеж за лекување и шанса за живот за најтешко болните, од тука со право лекувањето со матини клетки го добива епитетот ,,терапија на иднината,,.

Др. Вилијам Велковски специјалист по ортопедска хирургија, вработен на Клиниката за ортопедија во Скопје, со големо трпение покрај сите конвенционални интервенции, успешно ја применува и процедурата на третман со автологни матични клетки од коскена срцевина.

-,,За најголемо достигнување во регенеративната медицина согласно веќе рутинските пракси и кај нас се смета,  со помош на матичните клетки да се реши некрозата на главата на бутната коска.  За прв пат во 2016 година применив автологни матични клетки од коскена срцевина во лекувањето на аваскуларна некроза на главата на колкот која најчесто се јавува идиопатски од непознати причини и стекнати при патолошки состојби како алкохолизам, неконтролирано пушење или при земање на кортикостероидна терапија.

Најчесто оваа поцедура се применува врз помлада и средно возрасна група на пациенти.  До сега за лекувањето на аваскуларната некроза не се обрнуваше големо внимании заради фактот што методите за интервенции и изборот на истите беа доста инсуфициентни и премногу инвазивни додека крајниот резултат беше неизвесен.

Начинот на изведување на ова метода која ја изведувам е минимално инвазивно без никаква крвозагуба или можен ризик од компликации. Автологните матични клетки земени од коскената срцевина се аплицираат во главата на колкот по претходно направена декомпресија и бужирање на колкот. Со истиот третман се овозможува нова васкуларизација и создавање на нова и здрава коска на главата на колкот со што се спречува прогресијата на болеста и потребата за замена на главата со вештачка ендопротеза,,.

Во оваа смисла македонската медицина дејствува и  не заостанува со современите светски трендови во спроведувањето на регенеративната медицина.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.