Петок, 08 Ноември 2019   
Трулеж на системот

Да, има потреба од ветинг, почнувајчи од судството и полицијата, во Владата и другите институции, па да видиме...

Немам намера да пишувам за скандалите на високото образование на високи функционери. За  незаконските унапредувања во наставно-научни звања или докторирања и непотизми. За тоа се знае во нашава држава, знаат  и странските институции. Со  донесениот Закон за високо образование од страна на министерката Рената Дескоска, истиот не само што не е развоен, туку е полош од претходниот, под секоја европска норматива. Без формирани нови тела, кои до ден денес не се создадени, нема студентски собранија, се одлучува без студентите, националниот совет не профункционира. Сето ова е без перспективност за младите.

Само декларативно се  зборува за тоа како да ги задржиме младите во нашава Македонија, да не одат во странство. Секојдневно го гледаме нивното заминување, за подобар и поперспективен живот и напредок.

Во високообразовните институции има 4.232 вработени наставен кадар, од кои 71,7 посто се наставници. Нема подмладок на професорскиот кадар. Издвојувањата за науката и истражувањето е на најниско ниво во Европа и во регионот. Каде ни оди образованието? Во академската 2018/2019 година се евидентирани 136 факултети, со над 2.000 студиски програми. Студиски програми (некои, а можеби и повеќето) се за формално функционирање на факултетите, без направена анализа за потребите на пазарот на трудот. Загрижувачко е што 2,8 отсто од вкупното население се студенти, а од нив најголем дел, 87 отсто студираат на државните универзитети.

Која е перспективата? Нема стратегија. И таа што се носи е формална. И затоа сме изложени на критики од странските, па и по некој домашен експерт. Што испорачуваме? Безперспективност. Нема реформи. За правна држава и не станува збор. Институциите се партизирани и нефункционални. Какво ни е правосудството.

Деновиве министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, меѓу другото истакна „Овој систем е нефункционален, можеби и корумпиран и има потреба од ветинг“. Со едноставни зборови трулеж на системот. Да, има потреба од ветинг, но г-дине Спасовски ветинг прво од кај вас и вашиот заменик министер и началниците, па во судската фела, Владата и други институции... Така да се бориме против корупцијата. А не декларативно. Тоа што сме декларативци и јаки на зборување, не поминува веќе кај странските држави.

Деновиве францускиот амбасадор во нашава држава Кристијан Тимоние меѓу другото изјави: „вие испорачајте и ние ќе ви испорачаме“.

Ајде да видиме што ќе испорача Владата и институциите.

Ѓорѓи Илиевскивиш просветен инспектор

https://www.mkd.mk/kolumni/trulezh-na-sistemot

 

На прво место

News image

Николоски: Ако судот не ја заврши својата работа со случајот „Рекет“, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нови сознанија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринското гостување на Алфа телевиз...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

News image

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.