Среда, 16 Октомври 2019   
Поразот на СДСМ на следните парламентарни избори е неминовен!

1 1Свекрва

Поразот на СДСМ на следните парламентарни избори е неминовен!

По заминувањето на Никола Груевски, ВМРО ДПМНЕ со доаѓањето на Христијан Мицковски за лидер на партијата се консолидира.

ВМРО ДПМНЕ денес е обединета и спремна да излезе на мегдан за да победи на следните парламентарни избори, отсранувајќи ја оваа ненародна власт,  која го смени името на државата и го погази достоинството на сопствениот народ.

Во СДСМ се свесни дека народот не може да им опрости на нивните челници кои ветуваа многу, а ништо не направија. Особено народот не може да им прости за промената на името на државата и идентитетот на македонскиот народ. Истовремено, народот неможе да му верува оваа власт, зад која има голем багаж на коруптивни скандали. Во период кога сеуште нема абер за почеток на преговори со ЕУ и додека се пролонгира и членството во НАТО, поразот на СДСМ на следните предвремени или редовни избори е неминовен.

Мора да се потенцира дека поразот е неминовен, откако СДСМ и ДУИ се што ветија не исполнија и откако и го сменија личниот опис на државата. Едноставно се што направија за мнозинството од народот во Македонија тоа не е приемчиво.

Оттука СДСМ се подготвува да превземе се што е во нејзина можност и ќе ги употреби сите алатки за да остане на власт или да го ублажат поразот кој им следува на парламентарните избори без разлика дали се тоа редовни или предвремени.  

Досегашните искуство од повеќепартискиот систем покажува дека еден од начините да се намали членството на опозицијата е отварање на некоја нова партија која треба да повлече дел од членството на ВМРО ДПМНЕ. Јасно е дека СДСМ и нивните структури ќе искористат поединци од ВМРО ДПМНЕ  кои се незадоволни од својата позиција, со големи ветувања, да се издвојат и да формираат партија која ќе биде потпомогната од СДСМ.

Сега во медиумите се шпекулира дека неколку членови кои беа исклучени од ВМРО ДПМНЕ, како и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, може да формираат партија. Исто така, се шпекулира дека меѓу нив може да се најде и еден актуелен градоначалникот, со мандат од ВМРО ДПМНЕ.

Нешто слично се случи во 2015 година, кога пред парламентарните избори во 2016 се појави нов политички субјект. Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ), на чие чело беше незадоволен од состојбите во ВМРО ДПМНЕ. Овој политички субјект на изборите учествуваше во „Коалиција за промени и правда - Трет блок“ (Демократски сојуз, Фронт за декократска Македонија, Демос, МОРО-Работничка партија). Но, оваа коалиција освои едвај 10.000 гласови но немаше добиено ниту еден пратеник во Собранието!? Всушност тие со освоените гласови му одзедоа  барем еден пратеник на матичната партија и и’ нанесоа штета.

Ваквите сателит партии често пати се за еднократна намена, за потоа да исчезнат или пак де се припојат до нив блиските партии. Од почетокот на повеќепартискиот систем во земјата и осамостојувањето на државата повеќе од осумдесет партии кои беа формирани се згаснати или припоени кон други партии.

Иако победи на парламентарните избори во 2016 година, со помош на меѓународниот сојуз ВМРО ДПМНЕ не успеа да формира влада, што го искористи СДСМ, давајќи притоа гаранција дека нема да го менува името и уставот на земјата. И покрај дадените гаранции, Зоран Заев не ги испочитува и изврши промени кои го сменија ликот на државата. Со прифаќањето на Тиранската платформа, договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со кој е променето името Зоран Заев направи непроценлива штета за земјата.

Иако беа прекршени и устав и закони, никој не го спречи СДСМ во неговите активности. Сега тој пак ќе се обиде да ја изманипулира јавноста, но тешко дека ќе му успее. Народот се освести по сите манипулации што ги направи актуелната власт и тој ќе го казни, без разлика дали ќе се обиде да прави нови партии.

Сепак, без разлика на се, ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи на следните парламентарни избори, бидејќи во прашање е опстанокот на Македонија.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.