|
|
| „Македонско претседателство“ |
Одлуката на државата Македонија своето шест-месечно претседавање со Советот на Европа да го именува како „македонско претседателство“ претставува нејзино суверено право, а не провокација за Атина.![]() Тодор Петров Државното име на северниот сосед на Грција е дискреционо право на Македонците, а не ексклузивно право на Атина. Грчката окупација на Македонија и геноцидот врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, не им дава никакво право на Грците на расистичкото барање за промена на државното име Македонија, туку им создава обврска за извинување со цел македонско-грчко помирување и траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција. Иако по меѓународно право единствен носител на државното име Македонија во светот е државата Македонија, покрај историските хипотеки, со цел релаксација на односите меѓу Скопје и Атина по прашањето за темата Македонија, Македонците го прифаќаат името Македонија на северната грчка провинција... Македонија како основач на Обединетите Нации по основ на правното наследство од поранешна СФРЈ, во Обединетите Нации е примена под нејзиното државно име, со времено обраќање „поранешна Југословенска Република“ заради разликата за името со јужниот сосед. Македонија во Обединетите Нации не прифатила промена или договор за промена на државното име, туку право да разговара со Атина за разликата за државното име, ниту пак Обединетите Нации имаат право на промена на државното име на суверена земја членка во оваа меѓународна организација. Оттука, времената референца „поранешна Југословенска Република“ не може да биде официјално име на државата Македонија во Советот на Европа, бидејќи Советот на Европа не е дел на Обединетите Нации, ниту Атина има право да го определува именувањето на Македонија во оваа пан-европска меѓународна организација. МАКЕДОНИЈА Е ДИСКРЕЦИОНО ПРАВО НА МАКЕДОНЦИТЕ, А НЕ ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО НА АТИНА! |














