|
|
| Македонија - земја на исконот |
![]() Гордана Димовска Австралија Македонија е земја за која се вели дека и самата доволно не ги познава сите природни убавини скриени богатства и доблести што ги поседува. Македонските појави, настани, историски личности и неоткриени раскошни убавини, секогаш будат посебен интерес за секој читател. Запознајте го минатото на својата татковина за да знаете кои сте. Минатото е патоказ кон иднината. ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНИЈА Потекло на името Македонија Со името Македонија се гордеат три континенти, и затоа Македонија е наречена земја излеана од злато. Името Македонија односно Македон се сретнува на три континенти. Африка, Азија и Европа. Сите тие имаат свои објаснувања за настанувањето на името. Европската митологија смета дека името е настанато од синот на Зевс и Тиа кој се викал Македон. Зевс му го подарил и доверил најчувствителното и најважното подрачје на светот – оската во која се допираат трите Континенти...му ја доверил Македонија.. Култови на античките Македонци Античките Македонци негувале повеќе култови, кои биле поврзани со натприродните сили. Но најпрошерен бил култот на Сонцето. Затоа сонцето го прикажувале на накитот, оружјето, особено на штитот. Може да се види и на некои монети на македонските кралеви. Особено го почитувале култот на водата. Кон реките се однесувале како кон божества и им принесувале жртви. Исто така многу го почитувале и верувале во лавот. Можеби затоа и денес, сонцето и лавот се користат како неофицијални национални симболи во Македонија и дијаспората. Масовна е употребата на шеснаесет зрачното Сонце од Кутлеш, кое било симбол на Античка Македонија, и жолтиот лав на црвена основа кој бил симбол на средновековна Македонија и официјлно знаме на Илинденското востание. Шестнаесет кракото златножолто сонце од Кутлеш, на црвена основа , беше официјално државно знаме во периодот од 1991 до 1995 година. Се уште се користат овие симболи како амблеми на македонските партии и организации во странство и во Македонија. Александар бил син на кралот Филип втори и на кралицата Олимпијада. Кога се родил, татко му истовремено добил три радосни вести. Првата, дека неговата војска ги победила Илирите, втората, дека неговите коњи победиле на олимписките игри и третата, дека му се родил син. Среќата на Филип и Олимпијада ја зголемиле и дворските гатачи кои протолкувале дека детето Александар, ќе биде славен и голем херој кој никој не ќе може да го победи. Генијалниот војсководец Александар Македонски, понесен од идејата за обединет свет и со цел да ги зближи македонските и азиските народи, во летото 324 година во градот Суса ја направил најголемата свадба во историјата кога само во еден ден оженил 10.000 свои војници со Персијки. Тогаш и самиот Александар склучил брак со ќерката на персискиот цар Дариј, принцезата Статира. Примерот на Aлександар Македонски го следеле и неговите најблиски воени соработници и со Персијки се ожениле уште 80 македонски велможи и високи достоинственици. Свадбните церемонии се одвивале во огромен специјално подготвен шатор. Филмови за страдањата на македонскиот народ За животот и страдањата на македонскиот народ за време на турското владеење на Балканот, голем интерес пројавиле голем број странски филмски компании. Така во 1903 година, филмската компанија Браќа Пате од Франција го снимила филмот со потресен наслов Колежите во Македонија. Овој филм иако траел само две минути, оставил силен впечаток кај населението, прикажувајќи ја реалната слика во земјата. Во него биле прикажани насилствата врз македонското население од страна на отоманската војска и полиција. Многу филмови се направени на тлото на Македонија посебно во периодот на Балканските војни и Првата светска војна. Како попознати наслови на филмовите снимени на наша територија се Слики од боиштата, Војната на Балканот, Заземањето на Куманово, Крвавата битка на Брегалница. Во 1933 година германскиот снимател Шулц, престојувал во Македонија и снимал филмови за животот на луѓето во градовите што ги посетил, Скопје, Велес, Кочани, Прилеп, Битола. Најмногу се интересирал за манастирскиот живот во македонските манастири. Германскиот снимател Шулц е автор и на документарниот филм под наслов Од Косово до Охридското Езеро. Овој филм содржи многу веродостојни документи и фотографии за животот во Македонија и за нејзините природни убавини. Првиот долгометражен филм под наслов Фросина е снимен во 1952 година по сценарио на Владо Малевски а во режија на Воислав Нановиќ. Флејтата Окарина- стара 6000 години Македонската традиционална музика е препознатлива во светот по три музички инструменти. Тие се гајдата, кавалот и тапанот. Најголем промотор на македонска традиционална музика во светот е Драган Даутовски, роден во 1957 година во селото Русиново кај Берово.Отсекогаш импресионирал со својот музички талент и мајсторство во својот музички занает. Може да свири на повеќе од 20 традиционални музички инструменти. Така, Драган Даутовски го чува и негува македонското фолклорно богатство и неговата посебност. Со својата музика тој длабоко навлегува во традиционалните вредности и ги вметнува во денешната модерна музика. Но уште понтересно е тоа што Драган Даутовски е единствениот музичар во светот кој свири на античка бакарна флејта стара 6000 години, наречена Окарина. Потекнува од неолитскиот период а е пронајдена во близина на Велес. Затоа велат дека неговата музика звучи 6000 години стара, за чие изведување е потребна голема концентрација и духовна подготовка. Гробот на Филип Втори Кон крајот на 1977 година археолозите дојдоа до многу значајно откритие. Во близина на археолошкиот локалитет Кутлеш, Вергина, на околу четириесетина километри југозападно од Солун, открија гроб за кој се тврди дека му припаѓал на прославениот македонски цар Филип Втори. Уште поинтересно е тоа што на еден од зидовите на гробот е откриена фреска што претставувала лов на лавови. Во гробот кој бил висок 12 метри, биле пронајдени две урни тешки 11 килограми, направени од злато. Освен тоа пронашле и женска дијадема, македонски шлем, гети, од кои едната била покуса што претставува индикација дека му припаѓала на Филип Втори кој куцал од едната нога. На капакот од еден саркофаг била врежана македонската ѕвезда со шеснаесет зраци. Нострадамус за Македонија Спомнувањето на Македонија и на Македонците од страна на овој голем пророк и јасновидец има и своја огромна историска вредност. Да не заборавиме дека Нострадамус живеел во 16 век, а тоа е времето кога Македонија веќе со векови била под туѓо ропство. Таа не постои како држава туку само како етногеографска целина. Посебно е важно тоа што Нострадамус ги споменува Македонците како народ. Сето ова претставува уште еден голем удар против странските антимакедонски шовинисти и национални предавници кои тврдат дека наводно термините Македонци и Македонија исчезнале од историјата. Значи Македонија и Македонците се навистина достојно претставени во неговите пророштва. Практично термините Македонија и Македонци тој ги спомнал многу пати, дури и повеќе од сите други балкански народи. Ова сигурно претставува вреден податок и доказ за македонското постоење. Нострадамус, не бил ниту политичар ниту историчар, ниту пак престојувал во Македонија, затоа е многу интересно тоа што тој многу добро знаел за постоењето на Македонија и Македонците. Еве некои извадоци од пророштвата на Нострадамус каде ја споменува Македонија и Македонците. Огнен факел ќе се види ноќе на небото. Близу крајот и почетокот на Рона. Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна. Персија ќе упадне во Македонија. Благородниот Фердинанд ќе биде срушен.Ќе се откаже од цвеќето, да ги следи Македонците. Во критичниот момент нема да успее А тој ќе настапи против Мирмидонците.(ИСПОЛНЕТО) Влезот во Блеј за Ла Рошел , Великиот Македонец ќе го помине.Недалеку од Аген ќе го чека Галиецот. Македонецот ќе ги помине планините Пиринеи,.Во март Нарбон нема да се спротистави. Страшната чума Перинт и Никополе,Дали ќе ги потисне Полуостровот и Македонија? Непријателите се далеку од тврдината,Крепоста донесена со коли: Кога Македонецот ќе нападне, Ѕидините над Бургес се рушат, Во времето на народната жалост невидливиот крал ќе војува против еден млад Македонец. Галија ќе се затресе, бродот ќе биде во опасност Кралот прогласуван за победник, и цар, верата скршена, кралскиот чин знаен: македонска крв, кралот стана освојувач, народот стана скромен низ солзи. Се надевам дека уживавте во прилогот со занимливости за Македонија. Верувам дека овие занимливи информации нема да ве остават рамнодушни. Да го почитуваме нашето национално богатство , нашето културно наследство кое со векови го чувале и сочувале нашите претци. Националниот дух и стремеж за себедефинирање и постоење на Македонија како земја со посебен идентитет, земја со најбогата културна традиција, обичаи и култура нека ни биде поттик за и понатаму да се бориме и докажеме пред светот дека ние сме само Македонци, нашата земја е Македонија и само Македонија – ЗАСЕКОГАШ |















