Среда, 21 Април 2010   
Ахилови маки на Македонија во борба со париските догми
Катерина Климоска
Катерина Климовска

Секој период како поминува се повеќе и повеќе ме вчудоневидува она што се случува. Многу често за да се преиспитам самата себе си, одам по странските познати весници да видам што се случува низ светот, за да видам дали ние сме одскокнале од работ на стената или одиме по ивицата како и останатиот свет. Многу нема разлика кога се читаат написите на странските новинари за нивните земји, па и нивната глобална слика за европски и светски рамки. Сеуште и насекаде владее нееднаквоста, неправедноста, непринципиелноста, недоследноста, а богами и неморалноста. 

Но, има една разлика со нас. Кога се споредуваме со една развиена западна земја можеби ќе увидиме дека според овие некои текови не сме нешто различни, но, доколку реално направиме анализа ќе ја видиме светлосната дистанца помеѓу нив и нас. која е таа? И таму секојдневно се јавуваат афери, банки со традиција се пред суд, важни политичари на тапет, осуда на многу политики на нивните влади...но сепак сме далеку.

Да попрецизирам малку повеќе за да бидам сватена во целост.

Една земја во својот развој минува низ повеќе општествени уредувања и низ многу власти, се соочува пред многу единствени предизвици. Од разурнати и колапсирани општества, ние денес сме сведоци на процут на нечиј развој и опстојување на мапата на Европа... ова го мислам не само за една Германија, Шпанија, туку и за помалите земји низ Европа и светот, кои иако соочени со многу тешки периоди во својата историја сепак го фатиле и застанале на патот на прогрес. Затоа денес сите тие можат да се пофалат со добро изградена инфраструктура, добри патишта, институционални објекти, сообраќај, туризам, и се друго што би ви паднало на ум, а се однесува на воспоставување и одржување на комуникацијата на една земја со надворешноста, како и внатре во неа. Овие некои области се основата за една земја доколку сака да има добра соработка во светот на бизнис планот, како и на политички план. Но, ова се работи и проекти кои се прават во еден низ на години, се реализират етапно за да секоја наредна власт ја продолжи изградбата на државата. На тоа мислеле и тоа го реализирале другите, а ние?

Ние се соочувавме со патишта кои повеќе од 30-40 години не се чепнати, со патни решенија кои не ги задоволуваат трошочните калкулации на странските фирми кои би сакале да соработуваат со нас, патишта кои се испод секои стандарди на задоволување на критериумите од пред повеќе години, а не за 21 век. Патувајќи скоро секој втор викенд од Охрид до Св.Наум и поминувајќи го тој пат се чудам на тоа кој се сме ставале да биде власт во нашата држава.

До пред некоја година ние немавме оптимален  број на бензиски пумпи кои ќе го опслужат целиот сообраќај кој би ги поминувал нашите автопати.

Ние немавме добри и претставителни инситуцинални објекти на државните органи кои на прв поглед би дале слика за нас. Зошто во една куќа пред да влезеш во домот прво го гледаш дворот и зградата каде живее човекот.

Ние имавме руинирани здравствени објекти кои од времето на Тито не се сменети, обновени, а камоли спремни за предизвиците на современото здравство.

И не би сакала понатака да набројувам на што  се немаат помислено многубројните власти кои беа во изминатите години и децении во Македонија.

Гледај  сега апсурд.

Кога  започна да се обновува и да се чепка секој од овие сегменти, па и повеќе, се размрдаа лошите духови.

Сите  почнаа да кажуваат во каква состојба ни биле инситуциите, патиштата, болниците  и сл. Па добро бе луѓе, вие каде живеевте до сега? До пред некоја година бевте ли слепи на она што Не се случува околу нас, а би требало? Како одеднаш сега the best off новинарите почнаа да даваат анализи на тоа во каква состојба е нивната земја? Да ве потсетам дека во ваква состојба, а и многу многу полоша сме изминатите децении. Но, најапсурдно е тоа што кога се започна еден тренд на обнова, сега сите имаат што да кажат и на кој начин ќе го структуираат својот исказ. Па добро можам да ве сфатам, можеби камерата ви ваѓа добар лик, но само тоа за жал.

Некои од министрите се жалат на неефикасна администрација. Алелуја! Добро е што почнаа да го изговараат тоа, па можеби и ќе направат нешто против тоа, штом веќе дошло тоа до нивната свест на воочување. Драги Министри, се додека вие треба да реферирате пред Премиерот за сработеното, а останатите алки во синџирот пијат кафе по градските кафулиња и одат на ручеци со своите “тајни љубави“ во текот на работното време, џабе ви е секое оправдување пред Премиерот зошто не се реализирало она што било планирано. Секогаш одговорноста е на оној кој не успеал да изменаџира, да изконтролира и да санкционира или награди.

Кај нас  децениски е тоа прифатена  пракса дека на работа одиш за да излезиш  од дома, за да не го гледаш мажот или  жената поголем дел од денот, да си најдеш уште еден “таен партнер“ и доколку си Маж и искористиш некоја добра прилика да направиш добра дубара па да си правиш понатака “нишај врата земај плата“. Колку од нас одиме на работно место за да ја покажеме нашата стручност, исполнителност, квалитет, реализација на целите и задачите на фирмата? Само една мала критична маса. Е почитувани граѓани, таа критична маса неможе да го направи и да го поправи она што другите го уриваат со својот став на функционирање. Неможе една мала група да сработи за сите. Тука сами сме си одговорни за нашето отсуство на кредибилитет на личност.

Пратејќи  го Премиерот како концепциски ги поставува работите, вчудоневудувајќи се како знае човекот покрај кој  пат какви засади имало, какво  грозје луѓето одгледувале, се мислам добро ќе беше барем уште неколку  да имавме како него, па да може да профункционираме како зрела држава.

Тука  сакам да ги потсетам тие што биле до сега на власт, дека држава не е лото игра. Држава не е седење по кафани и наручуење женска и пијачка.

Држава  е работа, концепт, идентитет, поседување визија за сегашните и за идните генерации, при тоа незагрозувајќи го споменот на минатите поколенија, како и водење грижа на својата суштина на постоење како Држава.

За да бидеш добар државник треба не само да ја гледаш шумата, тоа го можат  сите, туку треба да можеш да видиш што има после шумата додека останатите не направиле чекор да цапнат во неа- за да знаеш дали е правата.

Не можам  да верувам на луѓе кои со личен  пример не ми дале потврда на она  што ми го ветуваат, на она што  прокламираат дека ќе прават или таквите кои критикуваат неосновано. Да, секој треба да биде подложен на критика, но од страна на достоен што може да го направи тоа.

За да станеме озбилна држава која секоја светска земја ќе ја смета за достојна членка на семејството на држави низ  светот, треба да почнеме да делуваме и да размислуваме како останатите. Тоа значи дека важна е државата и нејзиниот развој, а не е важно дали си или не си на власт. Зошто секој тоа треба да го прави, на овој или на оној начин. Вака испаѓа како ние пред неколку години да ги најдовме полињата празни па сега градиме на напуштената земја одново. Доколку имавме досега власти кои размислуваа државнички и за доброто на својата земја ќе можевме да разменуваме искуства на исто ниво со останатите.

Но, важно е што од негде се започна, важно е што се гради, што се инвестира, е сега дали пак и во иднина ќе имаат желба новинарите само да се сликаат пред камера и тоа сами себе си, тоа е нивни избор. Наше е да кажеме дека доста е, дајте луѓе оставете да растеме и да се развиваме и поддржете го тој тренд. Оставете ги Ахиловите обиди на Македонија да вродат со плод, а некои сметам дека веќе време е да ја фрлат маската на Парис. Петата одамна е погодена, но сепак останавме имуни и преживеавме.
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.