Среда, 17 Јули 2019   
Како е спасена главата на рекетарската банда во „Рекет“?

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како е спасена главата на рекетарската банда во „Рекет“?Дарко ЈАНЕВСКИ

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како е спасена главата на рекетарската банда во „Рекет“?

 
Ајде замислете ваква ситуација: МВР и Обвинителството следат дилер на дрога. Тој ја продава дрогата на Бит Пазар, го снимаат и потоа пуштаат глас низ чаршија дека имаат снимка. Малку потоа, склопуваат приказна и ја пласираат во јавноста. Дали ова ви личи на нешто што е нормална истрага?

Поинаку би било ако, а тоа го знае секој аматер, не пак професионалец, ако сите молчат. Значи нема глас низ чаршија и нема приказни во јавноста, и го оставаат дилерот за да видат кому ќе му ги однесе парите и од кого ќе добие нова тура дрога за продажба. За да дојдат до тој, до главата на дилерите. И да дојдат до оној, од нивните редови, полицаец, обвинител или политичар кој го штити главниот дилер. Се разбира, ако се процени дека се нема капацитет за таква тајна операција, се бара странска помош, обично на две спротивставени места, која сето тоа ќе го поттурне, но и документира.

Така што, што од ова ви е понормално? Првото кога фактички акцијата е прекината на половина и се уапсени некои потрчковци, а главите се на сигурно или второто кога е оставено акцијата да дојде до врвот и до главата на операцијата, а не до некој потрчко со силикони кој им бил „фенси“ на скопските калаштури.

Токму првото е направено во акцијата со Боки 13, и во тоа очигледно учествувала и самата „жртва“, а требало да биде направено второто. За да се дојде до „обвинителот“ врз кого/која Боки имал „влијание“. А имал влијание затоа што е убав нели, а не за да даде дел од парите. Но, чекај малку, можеби Боки не требало да ги даде парите на обвинителот, односно обвинителката? Можеби, парите оделе кај друг, а тој друг, потоа им ги делел на сите. Секому според заслугата. Нели? Односно, секој според можностите, секому според потребите. Што би рекол Маркс, а богами, како што би рекла и Библијата (чудни се патиштата кога основното начело на комунзмот ќе го видите во Господовата книга, зар не?) И токму до тој требало да дојде акцијата. А не дошла. Што мислите зошто?

Така што јасно е дека половичната акција на МВР и Обвинителството, има за цел да ја спаси обвинителката, но таа е само второстепен играч. Целта е да настрада шутракот со ветување дека нема многу да го боли, а истовремено да не се стигне до главата на оваа мафијашко-рекетарска банда кој ја контролира и обвинителката.

И случајно да не мислите дека „професионалците“ во МВР и Обвинителство не го знаеле ова? Веројатно јасно им било уште во првиот момент. Ниту се наивни, ниту се до толку аматери. Што би значело дека во сето ова свесно влегле. Исто како што сега свесно се пушта приказната дека кога МВР вршел пртерес, Јанева свртела некои телефони. Да, кај Трамп и Путин, бидејќи ги има на линија како Заев што директно го има Порошенко. Уште една комедија со која се обидуваат да ви ја потценат интелигенцијата. Демек, полицијата има налог да ве приведе, ви доаѓа дома, и наместо прво да си ја изврши работата – приведувањето, почнува да ви гледа во фиоките со тангите, оставајќи ви го телефонот и давајќи ви време да си вртите од него. Замислете само за момент, МВР да влезе вака кај убиец и да почне да му пребарува по фиоки, оставајќи му го пиштолот в рака. Глупост, нели? Ама ова не со Катица не ви изгледа за глупост?

Така што, бајката што ни ја продадоа има за цел и волкот да биде сит и овците на број: Боки во притвор, бизнисменот, кутар тој, намирен, Катица со оставка која не е оставка, а Заев со ореолот на борец против корупцијата, што секако ќе му влезе во биографијата. Плус задоволна јавност која фаќа сеир од една страна, а од друга страна вели „напред премиере, само ти можеш да ја извојуваш оваа победа со корупцијата“. А кога ќе ги видам и прочитам таквите, навистина не ми е јасно зошто амебите вака не заебале.

Да, да, да не ги заборавиме и „бескомпромисните“ антимафијаши и анти терористи – Јовевски, Рускоска и третата, Спасоска, обвинителката со чиј амин убијците од Смиљковско се на слободата.

Истовремено, еден амбасадор, во сета оваа гужва кога врз Катица Јанева се ставени одозгора десетина гулаби да какаат, а одоздола седи цела сурија „борци против корупцијата“ и подаваат влажни марамчиња за да се брише и да ја бодри, амбасадор од оние кои ја претворија Јанева во ѕвезда, доби ненадејна желба да се појави на една од помизерните телвизии во Скопје и да се обиде да се измие, и тој и сите со него, од улогата што ја имаа во воспоставување на овој невидено рекетарски и коруптивен систем чија глава и натаму си го тера своето.

Се разбира, сега ќе ве лажат дека морало така, дека инаку не бивало зашто ни ова немало да се постигне, дека морало дополнително од надвор да се интервенира за да не се сопре акцијата (додуше дел од ова е точно, но фактурата за тоа е вселенски голема), но сето тоа се бајки. Бајки, кои треба да ви создадат впечаткот за некаква вселенска драма за да се уапси некоја или некоја силиконка, што се одзива на името Боки. И ако поверувате во ова, мора да сте… хммм, што ли мора да сте? Немам таков збор.

Така што, ништо од ова нема никаква врска со борба против корупцијата. Нормално, тоа не значи дека силиконот е невин, далеку од тоа и нека го крка тоа што го здрбил (иако, чисто се сомневам дека така ќе биде), но за да има некаков ефект, треба да се растури таа коруптивна банда наречена СЈО со едно чудо фризирани предмети (тоа и на оние кои се под 33 во главата им е јасно), да се исшутира онаа тројка на чело со Јовевски која завчера одржа прес конференција (и да се види дали можат да се најдат докази за кривично гонење, доволно е само одбивањето да го гонат Заев за поттикнување насилство на 5 мај 2015 гоидна), да се расчисти со Кацарска и со тоа што се нарекува „Кацарска“ судство… И да не редам натаму.

Е, да тука е улогата на бандата новинарска која сега демек била изманипулирана, ама ќе продолжела да тера со нејзините идеи за правна држава, небаре не беше јасно на почетокот дека со диво обвинителство не може да се добие питома држава. Посебно што некои од таа банда веќе седнуваат во црвенот скут, така што допрва ќе гледаме бесплатни циркузи и фејсбук сеири.

Ама, на таа банда и онака до тука и дал Господ, па затоа и не може поинаку освен ако не лиже од туѓа рака. Денес ваква, утре онаква, миена – немиена, сеедно, важно да е туѓа.

Патем, како тоа е извршен претрес во домот на Боки во Скопје, а не е извршен претрес таму каде што живее – во елитната населба во Орман и тоа во стан на едно министерче (хммм, од каде му на кутро министерче елитен стан од 200 и куср м2)? Јовевски, тука сте со Рускоска? Спасоски, како е воздухот во Куманово? Чист е деновиве?

Или, театарот со влезот на станот на Катица на Аминта? Добро, Катица не е Алберт Ајнштајн, ама навистина некој очекуваше дека таму ќе се најде нешто? Јасна ви е сега програмата на Драмски?

Е, кога сме кај Јовевски, уште нешто. На завчерашната прес конференција, невидена досега за редовното и уставно ЈО, наспроти шарлатаните од дивото СЈО (кои излегоа на прес со ликот на онаа гуска во врела вода што дебелата жена му ја приготвува на Бекијарев на железниката станица во Среќна нова 1949) и ја нападна судијката која го ослободи Латас, велејќи дека таква би требало да биде избркана. Демек, нему, на великиот Јовевски, не му се допаѓала пресудата, па судијката требало да биде избркана. Што само по себе е скандал. Обвинител може да ја коментира пресудата, негова работа, ама да дава квалификации дека некоја судијка треба да биде избркана, е срам сам по себе. При тоа, во исто време до себе ја има Рускоска од лажната и срамна квалификација за тероризам за „27 април“ и Кацарска со 211-те години. И тоа е во ред, ама оваа судијка требало да биде избркана.

Да биден искрен, појма немам што правел Латас, ниту дали е виновен или не. Не ме интересира. Ете има Апелационен суд, нека си бркаат работа. Ама обвинител, во случај кој не е ни на неговоот обвинителство, туку на СЈО, да и праќа на овој начин индиректни закани на судијка (тој е моќникот сега, нели, тој е изборот на Заев) не значи ништо друго освен дека новиот Закон за ЈО, за кој се преговара, може да помине само ако добие уште два услова: таа тројка што завчера се сликаше на прес – Јовевски, Рускоска, Спасоска – добијат црвен картон и да се види одново што од работата на СЈО во сите предмети има правна логика, а што рекетарско-политичка. И патем, Уставнот суд, конечно да си ја изврши задачата кога е во прашање СЈО. Не туку дрдорете сите за правна држава, додека истовремено еве веќе четири години не малтретира некоја рекетарско обвинителска-судска и политичка банда под превезот на, пазете ви се молам, Чарлиеви ангели и европска држава.

Ах, да, и за снимките кои биле депонирани во странство (ова се однесува на глупаците кои го поддржуваа овој систем, почнувајќи од фората со 500 000 фантоми). Што мислите абдали, што кога копиите растурени низ цела држава и низ светот ќе дојдат и до раце на оние на кои вие не сте им по ќејф (всушност, веќе се тау, не?) Пак ќе плачете дека сте биле изманипулрани? Боже, она седмото џуџе од Снежана да го имавме за претседател и директор на се и сешто во оваа држава, подобро ќе поминевме.

https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-kako-e-spasena-glavata-na-reketarskata-banda-vo-reket/

 

На прво место

News image

Промовирана стихозбирката „Отвори ги очите“ на Љупка Антеска

Новата стихозбирка на Љупка Антеска насловена „Отвори ги очите“ беше промовирана вечерва пре...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.