|
|
| За македонското претседателство во Советот на Европа |
![]() Тодор Петров Светскиот Македонски Конгрес како неосновани ги отфрла грчките забелешки на одлуката Македонија да претседава со Советот на Европа под името „Македонско претседателство 2010“. Државното име Македонија не е избор на Атина туку неотуѓиво право на македонскиот народ. Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога македонскиот народ и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна! И покрај историските хипотеки, Македонија ја повикува Атина на историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство, Македонците на Грците им нудат Договор за стратешко партнерство. Македонците во целиот свет од Владата бараат итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации и сојузи на држави под единственото име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик „The Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција, која Атина за првпат во својата историја ја окупира во Балканските војни 1912-1913 година, откога континуирано врши геноцид врз македонскиот народ! |















