|
|
| Запишани сведоштва за солзите на прогонетите од Беломорје |
![]() Клеопатра Помина времето на стравот и ужасот, но траумите и лузните кои немаат цена ни лек остануваат длабоко врежани во душите на живите сведоци. - Кога ќе ја објавам книгата и кога со целата Македонска јавност ќе ја поделам тагата од ужасот кој ни беше нанесен и целата неправда, чинам ќе ми олесни.- Беа зборовите на писателката Марија В. Бундалевска, непосредно пред промоцијата на нејзиниот трет роман- сведоштво за беломорскиот геноцид.- Неверојатно ми е тешко што сите овие години го носев во душата периодот кој не ми дава мир, несакам да премолчам, мислам дека секој Македонец ја заслужува вистината. ![]() Во Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски во Битола, беше промовирана книгата Беломорски потоци, пред широкиот Битолски аудиториум, пред друштвото на писателите, медиумите и сите оние кои сакаа да го поделат овој свечен чин, кој не е само промоција на една книга туку запишани живи сведоштва за тортурата над Македонците од Беломорје. Во чест на оваа едиција и писателката Марија В.Бундалевска, Борис Ангелов претседател на Македонско научно друштво- Битола, зборуваше за Беломорски потоци дека ова е сведоштво каде е опишана маката на Македонците од Беломорскиот крај- дел на Македонија, и Марија В. Бундалевска понуди тема за која некогаш тивко се зборуваше. А сега потекоа потоците од солзи и зборови. Добре Тодоровски, Македонски писател, потенцираше дека романот е уште еден бесценет историографски приказ кој сведочи за многубројните семејства кои под притисок, закани, убиства со сила и крајно нечовечно и насила беа откорнати од огништата и од корените. Марија В. Бундалевска е афторка и на книгите Божилак и Силна река. - Во годините како што минуваа мојата болка не поминуваше и ме измачуваше мисла да ви ги подарам овие сведоштва. Времето кое беше одамна поминато, не застануваше да ме измачува и знаев дека ќе дојде и овој ден кога ќе можам да ви ја пренесам болката, ова се наши историски податоци, зборувам за семејствата, зборувам за вистините од тоа време, испреплетено со вистински имиња, вистински настани и вистинска болка која е многу тешко да се опише, исто како што беше тешко да се мине низ тој период. Остана длабока тага за цела неправда од тоа време во мојата душа, но не смее да не излезе на виделина вистината која долго ја потиснувавме длабоко во душата несакајќи да се навраќаме на тоа време и на болката низ која минавме.- вели Марија В. Бундалевска. ![]() Со голема чест и задоволство, Македонска нација на писателката и врачи пофалница за особено залагање во зачувување на Македонскиот идентитет и националност, како и придонес во Македонската книжевност и зачувување на Македонската историја. |

















