|
|
| Реакција за текстот... |
„Млади Македонци во Грција ќе бидат дистрибутери на Македонскиот весник Нова Зора во Егејска Македонија“![]() Клаудија Лутовска Македонската Нација се гордее што има млади луѓе кои го доживуваат и чувствуваат националното освестување. За Македонија е гордост што има свои синови насекаде по светот, кои храбро изјавуваат дека се Македонци и го штитат сопствениот идентитет и идентитетот на оние кои се вложуваа со векови и оние кои се раѓаат и ќе се раѓаат како Македонци. Реакциите, кои ги добивме по маил од страна на еден член на Виножито (барем така се претстави) во нашата редакција се однесуваат на следното: - Немаат структура со назначен Претседател на Виножито - Немаат структура со назначен Претседател на Младина - Не сакаат да се поистоветува исказот- потеклото на Груевски од Леринско Крушодери по татко, било предизвик за патриотизам кај младите кои потекнуваат од истото место Во писмото кое пристигна по е-маил од неофицијален е-маил и сајт се наведува и следното: - Виножито поддржува демократија - Виножито обожава или не-обожава ниту еден Премиер - Виножито му го сака доброто на народот во Република Македонија Доколку овој маил се прифати за официјален и содржината ја прифатиме како основана, реакцијата е заради текстот кој го објави Македонска Нација за Стилјан Самарџиев. Јас Клаудија Лутовска – како Македонка која ја чувствува својата должност кон Македонија и сите нејзини синови, без оглед во кој дел од Македонија живеат, искрено им се извинувам на оние што реагираа на дописот, затоа што дел од тој допис не е по нивна желба. Македонска нација останува расположена за соработка со сите партии и движења на Македонци во соседните држави и во целиот свет. Се за Македонија! |















