Среда, 07 Април 2010   
Силата на македонскиот збор
Гордана Димовска
Гордана Димовска
Австралија

Борбата за опстојување на јазиците во светот е процес сличен на еволуцијата. А зборот како и генот, ќе опстојат зависно од тоа колку се користат и промовираат.

Научниците велат дека потеклото на јазиците во светот е многу комплексно и е предмет на прецизно проучување во последните два века.
Во светот денес постојат околу 5000 јазици кои се зборуваат (а третина од нив се во Африка) но научниците ги класираат во околу дваесетина групи. Јазиците се поврзани едни со други преку синџир на зборови, гласови и граматичките конструкции.

Многу пати сме кажале дека македонскиот јазик е симбол на македонското постоење, на македонската нација. И како што вели народната поговорка , ‘Убавиот збор и железни врати отвора‘ па оттука и прашањето дали доволно го осознаваме значењето на убавиот македонски збор. Ние можеби сме единствена земја во светот која низ најтешки периоди и во тешки животни услови се бореше да го создава и зачува народниот македонскиот јазик. Од тоа народно творештво кое со рака го запишувале Цепенков, Шапкарев оставени се најубавите народни поговорки, гатанки, мудри мисли, народни песни. Во услови на забрана на својот мајчин јазик, загатките биле единствена форма на забава и користење на јазикот. Во текот на времето, гатанките претрпеле многу промени поради туѓите влијанија во земјата. Сепак нивната смисла и архаични елементи и ден денес се зачувани.

Сето ова е огромно богатство во македонската народна ризница. Нашите први писатели Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски се заложија за воведување на народниот јазик во книгите за да може да биде разбирлив за народот. Во 19 век, браќата Миладиновци поведоа борба против доминацијата на грчкиот јазик во црквите и училиштата и против елинизација во Македонија. Во 1903 година се развива прашањето за создавање посебен литературен јазик за Македонците. Тоа се отвори во книгата ‘За македонските работи ‘ од Крсте Петков Мисирков. Мисирков со својата книга ја посочи основата за иден литературен јазик и покажа како се пишува. Со тоа јасно беше потцртана и големата улога што ја одигра македонскиот литературен јазик во создавањето на сопствена култура и ослободување од хегемонијата и пропагандите на соседите. Кодификацијата на македонскиот литературен јазик се изврши дури на 2 август 1944 на првото заседнаие на АСНОМ. На тој ден македонскиот литературен јазик беше прогласен за официјален службен јазик на македонската држава.

Факт е дека низ пишаниот збор се дознава за историјата на Македонија која сведочи за многу борби, пролеана крв за национално ослободување, за животот и страдањата на македонскиот човек. Тоа беше основна инспирација за создавање, творење на дела од нашите преродбеници . Преку пишаните дела за историски настани, се откриваат човечки судбини, чувства, етички начела во животот на нашиот народ. И како некои наши писатели знаат да речат ‘Се што доаѓа од историјата, заминува со историјата‘.

Што се случува со македонскиот јазик денес?

Македонскиот јазик се користи не само во Македонија туку и во одземените делови на Македонија како и меѓу македонското иселеништво распрснато во светот.

Какво е сваќањето за вредноста на македонскиот јазик од самите нас? За многумина, доволно е да се зборува, комуницира на јазикот кој сме го наследиле. Вистинска заинтересираност за натамошно унапредување, согледување на недостатоци, грешки, читање на литературни дела, се губи затоа што сите сметаат дека знаат ‘доволно‘. А ние како што знаеме да речеме, сме библиски народ со богата културна традиција, вера, јазик, историја. Нашата рамнодушност, незаинтересираност и задоволување само со она што сме го наследиле, му даваат слобода на нашиот јужен сосед да продолжува со своите пропаганди. Без натамошно континуирано вложување во тоа богато наследство , настанува ситуација на губење на јазичната вредност. Во Македонија често може да се запримети како новинарството, политиката,медицината, технологијата,се користат голем број интернационализми, англиски зборови (конфузија наместо – збунтост, процесуира – обработи, есенцијално – важно, билборди – рекламни табли и ред други. Зошто се истиснуваат македонските зборови и се користи туѓо!

Пред повеќе од 40 години, македонскиот јазик го донесовме и на австралискиот континент. Денес тој јазик под влијание на англискиот и недоволно познавање на сопствениот настана нов македонско-англиски јазик. Меѓу Македонците во Австралија често ќе слушнете, фенц наместо ограда , синк – мијалник, стрит – улица, кар – автомобил, рингај – телефонирај и ред други.Полесно да се прифати туѓото отколку да се зачува своето. Големи напори се прават да се пренесе македонскиот литературен јазик меѓу младите генерации Македонци во Австралија. Некои избираат да учат од родителите, бабите и дедовците и не ги користат привилегиите да се запишат во државните училишта. Во изминатите години македонскиот јазик беше еден од најкористените јазици во заедницата а денес доаѓа до негово укинување во голем број редовни училишта – поради незаинтересираност на новите генерации или ‘знаат доволно‘. Во училишните библиотеки се уште живее Тито и книги стари 40 години. Тоа повеќе ја отежнува работата на учителите кои прават големи напори да го задржат јазикот во државните училишта. За жал иако велиме дека јазикот е наше огромно културно наследство, ние само го трошиме тоа наследство без да се инвестира во негова надградба и уште поголемо збогатување. Секое богатство ако не се негува и надополнува понатаму – кога и да е ќе се истроши или ја изгуби својата моќ. Па така и јазикот.

Климент Охридски честопати им велел на своите ученици – ‘Чувајте го ова што ви го дадов! – И помнете- ви го давам за да го дадете на луѓето. Мојата желба е да им дадете и повеќе. Брани го од туѓинци. Најубаво ќе го одбраните кога нема да лакомите по туѓото, зашто тој што лакоми по туѓото , го губи и своето‘!

Зборувај, осознај го и промовирај го убавиот македонски збор! Дали е народен, дијалект, антички, црковен или литературен, Македонски е. Да го сочуваме ова наше непроценливо богатство. Читајте, пишувајте, зборувајте, творете и понатаму на Македонски.

Силата е во Македонскиот збор!
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.